Жена сум, и признавам дека претеруваме во одредени ситуации, не можам да застанам на женска страна, затоа што сум жена туку да бидам праведна.
Многу мажи имаат проблеми со контрол фрик жени, или жени кои ако едноставно не е по нивно ќе се служат со секакви начини само за да те понижат или повредат или глумат жртви за да вината ја префрлат на мажот за да подоцна се однесуваат како ништо да не се случило.
@macko i не сте еден за друг со таа.
Заминала затоа што воопшто не те сакала, проблемите што сте ги имале воопшто не се голема причина што се однесувала така.
Едноставно, љубовта исчезнала ако воопшто ја имало од нејзина страна.
Ако некој те сака едноставно ќе ти биде подршка, нема да се однесува на тој начин како нејзе и на крајот, ќе те прифати таков каков што си всушност, ќе правете компромиси зошто нели суштината на еден брак за да успее е сето она што го набројав.
Ти си жртва на личност која воопшто не е стабилна и треба да бидеш среќен што воопшто си заминала од твојот живот.
Манипулатор, драма квин и личност која воопшто не те почитува не треба ниту да ја помислиш ниту да бараш совети туку да ги блокираш сите контакти, да промениш броеви а не пак воопшто да споделиш ниту еден збор со таква жена.
Не се плаши дали ќе останеш сам, верувам дека ќе ја пронајдеш вистинската личност порано или подоцна.
Немој поради секоја цена да останеш со личност која не ти годи само за да не бидеш сам.
Не е лошо да бидеш некое време сам, да поработиш на својата самодоверба и да размислиш што во иднина.
Среди си го животот, поработи на она што го сакаш, останатото во свое време.
Жени има еден тон.
Неа, остави ја.