Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Не мора да значи. Ако не ја насмееш ти друг ќе ја насмее, ако не ја забавуваш ти друг ќе ја забавува и обратно. Под монотонија јас подразбирам живеење на секој ден ист како предходниот.
Верувам дека си далеку повозрасен од мене па би те прашал за твое мислење за тоа кои се најчестите причини зошто една врска или брак се распаѓа?
Правиме муабет за сериозна врска која може да резултира со брак и за брак како таков.
Никој нема да смее некоја постојано, секој ден, година по година нит ќе ја "забавља". Тоа се тинејџерски потреби, а многу луѓе никогаш не ја надраснуваат адолесценцијата.
Не верувам дека постојат луѓе кои не можат да ја разбиваат монотонијата повремено, да ја држат таа искра на меѓусебниот однос во живот. Но под товар на секојдневието и еден куп фактори, често тоа изостанува. И покрај тоа разумни лица со муабет можат да решат све, вклучувајќи монотонија.

Клик на профил пишува дека сум прастар :Dа за причини поради кои долговремени врски или бракови се распаѓаат има мал милион. Не сум сигурен, но мислам дека најчесто се случува поради карактерна некомплементарност на партнерите. Иницијалната затресканост и сексуалниот хајп траат година-две, во тој период партнерите често прогледуваат низ прсти на ред флегс пошто јак филинг и секс. Откако тој хајп започне да спласнува, излегуваат на површина срања и врската започнува да шкрипи.Одеднаш карактерот на партнерот станува иритантен во најдобар случај, или насилен во најлош, или нешто измеѓу.
Созреани партнери се свесни за тоа па имаат некаква заедничка цел, дали да се започне семејство, дали да се стекне заеднички имот, дали да се ускладат карактерно колку што е можно или со еден збор она што се нарекува љубов.

Друга честа појава во последно време е несериозноста кај партнери, пример за мажите тоа е нерешителноста, стравот, инерцијата, комфорт зоната, па имаш 35-40+ особи кои се во долги врски, не им текнува да ја побараат партнерката за жена, скраја било деца, си гејмаат по 5-6 часа на ден или висат во кладиона или по соц.мрежи, тоа ти се 35-40 часа неделно, комотно е доволно тоа за гледање дете. Изостанува физичка и емоционална поддршка, све е на автопилот. Тоа ти е рецепт за губење на респект.
И после зошто го напуштила, е па затоа.
 
Член од
18 септември 2013
Мислења
16
Поени од реакции
33
Здраво на сите... би сакал да слушнам мислење/совет, поготово од женска страна... со една девојка сум во контакт некој си 4 месеци... 4 месеци, интензивно пишување, слушање, како да сме во врска, а се на се не сме излегле ни 5 пати овој период... муабетот кој најчесто она го иницира се одвива одлично се до моментот кога ќе ја поканам да излеземе... прв дејт не се деси ништо, потоа ни требаше можеби 1 месец да се договориме, најчесто ме откачуваше со некои глупави изговори, конечно се видовме, а потоа исто... изморен од тие нејзини “изговори“, таа нејзина игра топло-ладно, инсистирав да разговараме на кај ќе иде “врскава“ или што и да е ова меѓу нас... ми кажа дека и е убаво, ужива со мене, ама дека и е страв да се опушти од некои претходни разочарувања... краток период се беше во ред, поинтензивни излегувања, дружби, секс... и одново пак старата топло - ладно игра... се немаме видено 2 недели, одржуваме некаков си контакт... ќе ве молам за мислење како вие би изреагирале во ваква ситуација?
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.895
Поени од реакции
17.517
Се согласувам со Рон

Господине Христијан, нека не ја навредува вашата инетелегнција :D

Го победи Заев, ќе го победиш и ова :icon_mrgr:
 
Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.129
Поени од реакции
451
За тие што не сте Левица, да ви кажам дека е подобро да ги обесите Заев и Мицко отколку да се ОБЕДИНАТ.
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
За тие што не сте Левица, да ви кажам дека е подобро да ги обесите Заев и Мицко отколку да се ОБЕДИНАТ.
Од кога ова спаѓа во љубовни совети?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom