Здраво на сите, со девојката одиме околу 7 месеци јас имам 22 а таа 19. во последно време приметувам почна да се лути за све.. Малку да се пошегувам на нејзина сметка одма фуфнува и не ми прави муабет саа два и после тоа како ништо да не се десило па после некое време пак ќе и текни. Несмеам збор лош да спомнам
Се мршти како тоа не сум и посветувал доволно внимание, не сум се трудел.. Што со сигурност тврдам дека не е така... се трудам и сум посветен на неа 200%, Секојдневно излагање, одмори, шетања, излети, журки, внимавам на све ништо да не и фали, све е како што сака таа (ако не е ќе си имам голем проблем) и пак на неа и тоа не и е доволно.
Некој совет што и како ? Дали сака на некој начин да ми раскине (ама па ако сака тогаш зошто внимава се труди и зошто воопшто е со мене кога можи со лесно да ми раскине? ) Очигледно не е наситна па постојано бара повеќе и повеќе, само така незнам кај би бил крајот...
Таа така се чувствува, односно, чувствува нешто и на тоа нешто го става значењето дека не и посветуваш внимание. Од твоја субјективна преспектива тоа не е така, од нејзина е. Нема поента да се карате или да се докажувате дали е така или не е, бидејќи тоа е само инвалидирање на емоциите еден на друг. Ако се чувствува луто кога правиш шеги за неа, влези во чувствата со неа, види ја нејзината перспектива. И двајцата е во ред што се чувствувате на начинот на кој се чувствувате. Се е во ред со вас и вашиот емоционален компас точно ви ја покажува внатрешната состојба, случувањата во вас. Емоционалниот компас никогаш не лаже - секој има причина за оние чувства кои му се јавуваат. Тие се легитимни и релевантни. Битни се. Вреди да се истражат - и чувствата, и поводот, и причината (најчесто трауматични искуства, најчесто од рано детство).
Според ова што го кажуваш за тоа колку и како се трудиш, мене ми звучи на people pleasing. Направи проценка дали тоа што го правиш во врската е во склад со твоите вистински желби и потреби. Во здрава врска, никој не треба да жртвува ништо, никој не треба да „угодува“ никому, во смисла на тоа да прави нешта кои не сака да ги прави.
Понатаму се што читам се теории за тоа што би можело нејзе да и се случува во глава. Мислам дека тука излегуваат твои стравови и/или желби. Ти се јавува некоја емоција на која и го даваш значењето дека таа бара повеќе и повеќе, оваа припишување на значење не го гледам како одраз на неа, туку како одраз на чувствата кои ги имаш во врска со сопствената вредност, автентичност итн...
Никој не може да каже зошто таа така се однесува освен таа самата. Едно е сигурно - има некаква незадоволена потреба. Незадоволени потреби можат да бидат многу: љубов (да се земе другиот како дел од себе), припаѓање, безбедност, згриженост, прифатеност итн... Од ова што го напиша, јас гледам дека веројатно и кај тебе има незадоволени потреби во врската. И кај двајцата недостасува автентичност и искрена комуникација, бидејќи ниту таа ти комуницира како точно се чувствува, ниту ти и ги имаш искомуницирано своите емоции и значењата кои им ги придаваш.
Битно е да напоменам дека залудно е да се разговара, ако не се знае како да се разговара. Ако се разговара од позиција на: не е вака, така е, не треба така да се осеќаш, не си во право, грешка си итн... тоа ќе ја влоши врската и евентуално ќе доведе до раскинување. Така да, ќе споделам еден ресурс, формула за искажување емоции и искрено разговарање без притоа да се повредат чувствата на оној со кој се разговара:
CHEAT-SHEET: Емоционално писмена комуникација - ЈАС Пораки
Кога се случува _______, јас чувствувам _________. Со комбинацијата од таа ситуација и моите емоции, во мене се појавуваат следниве мисли/верувања: ____________. Понатаму очекувам ________.
Примери:
- Кога престануваш да разговараш со мене без објаснување, јас чувствувам лутина, страв и тага, и понатаму очекувам дека ќе ми кажеш што чувствуваш доколку имаш потреба да го прекинеш разговорот. Комбинацијата од ситуацијата и емоциите кои ги имам предизвикува кај мене да се појават мисли дека сум ужасен, недоволно добар и недоволно вреден за љубов.
- Кога ми велиш дека не ти посветувам доволно внимание, јас се чувствувам огорчено, засрамено и гневно. Кога ми го велиш тоа, кај мене се појавуваат мисли дека не сакаш да бидеш со мене, дека не сум вреден за љубов, дека си бараш изговор да ми раскинеш. Понатаму очекувам дека ќе ги комуницираш твоите чувства како чувства, наместо аргументи за фактичката состојба.
Врските со луѓето се одраз на врската која ја имаме со себе. Врските се многу прекрасна, да не речам и света работа - преку нив се откриваме самите себе. Врските се едно совршено огледало на нашиот внатрешен свет.
Се надевам искрено и зрело ќе разговарате еден со друг и ќе најдете заеднички јазик. Со среќа, да сте ми двајцата живи и здрави.
ГРАТИС CHEAT-SHEET ЗА ТЕМАВА: Што е љубов?
Љубов е: да се земе другиот, како дел од себе.
Љубов не е: вљубеност, или страст, или допаѓање.
Љубов е: целосно влегување во перцепцијата на другиот и разбирање на истата - од емоции, до мисли, до се останато.
Љубов не е: минење време заедно со меѓусебно инвалидирање на емоции и перспективи.
Љубов е: да се земе највишиот интерес на другиот, како свој сопствен највиш интерес - најголемото добро на другиот, да се земе како свое добро.
Љубов не е: динамики на моќ, играње манипулациски игри, задоволување на потреби „од задна врата“, неискрена комуникација.