Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Ах, деца, деца, ич немате кондиција, а сакате одма на целта да стигнете...[DOUBLEPOST=1398863492][/DOUBLEPOST]Не ми се верува, еј!
Девојката имала само еден дечко, го изневерила со друг, флертува уште со двајца и ја направивте дрољетина? Се мувате, се ебете со кој стигнете, повеќето момци овде би го ставиле во секоја дупка, па ќе јадат трици за девојката?!!!
Па не сте нормални! :tapp:
Нејзините реакции се многу нормални и за годините и за времето во кое живееме.
Знаете ли вие каква умешност е потребна за да бидете со двајца истовремено?
Ај од мажите да сфатам, ама од жените (секоја чест на исклучоците) што гледам исти реакции?
Мочли едни!
Генерализација much? Сите сме си исти нели, ние машките сите сме бесчувствителни напалени мајмуни, а вие женските сите сте спонзоруши и курви. Црно-бел свет, тоа е вистината, не знам зашто дискутираме. Никаква врска нема полот ебате, до човекот е.

А сеа било нормално за годините :facepalm: И утре, "младината ваква-таква, види ги какви се", а тука е "браво децо, варајте дур сте млади и у тие години!". Нормално било за годините на девојчето да вара бе еј... нормално било ќе се утепам не ми се верува.

@Sussaro враќај се!
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.542
Мене ми е најинтересно како речиси сите овие моралисти (освен Scirea) фино лепо го изигнорираа постот во кој Стефус гордо обзнани дека има варано 10 до 20 пати.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Мене ми е најинтересно како речиси сите овие моралисти (освен Scirea) фино лепо го изигнорираа постот во кој Стефус гордо обзнани дека има варано 10 до 20 пати.
Темата е за љубовни совети и збориме за девојчето што си побара совет. Да бараше совет Стефус пошто бил "збунет, себичен" и не знаел што да прави понатака, ќе му го пишев истото.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.710
Генерализација much? Сите сме си исти нели, ние машките сите сме бесчувствителни напалени мајмуни, а вие женските сите сте спонзоруши и курви. Црно-бел свет, тоа е вистината, не знам зашто дискутираме. Никаква врска нема полот ебате, до човекот е.

А сеа било нормално за годините :facepalm: И утре, "младината ваква-таква, види ги какви се", а тука е "браво децо, варајте дур сте млади и у тие години!". Нормално било за годините на девојчето да вара бе еј... нормално било ќе се утепам не ми се верува.

@Sussaro враќај се!
Нормално е да сака да види нешто ново, да се бара себеси, тоа е нормално. И ако го прави тоа, подобро е да го прави на 20 отколку на 40 кога ќе има 2 деца.
Нејзината врска не е лоша. Многу далеку од тоа дека е добра.
Изневерувањето е работа што може секому да му се случи.
Но јас мислам дека најмногу ве боли тоа што девојката е многу ноншалантна во врска со тоа. Не сака да сече вени, нема грижа на совеста, туку и понатаму продолжува да флертува. Тоа вас ве боли. АКо изневерила треба да се кае и да ведне глава цел живот.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.359
Мене ми е најинтересно како речиси сите овие моралисти (освен Scirea) фино лепо го изигнорираа постот во кој Стефус гордо обзнани дека има варано 10 до 20 пати.
Само што сакав ова да го кажам. (y)
Сите се кренавте на нозе за проблемов, мислиш никој од тука нема изварано некогаш. o_O(како и да е, не ја оправдувам девојкава)
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.710
Темата е за љубовни совети и збориме за девојчето што си побара совет. Да бараше совет Стефус пошто бил "збунет, себичен" и не знаел што да прави понатака, ќе му го пишев истото.
Да, девојчето побара совет, не побара да кажете дали е курва или не.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Да, девојчето побара совет, не побара да кажете дали е курва или не.
Ја ја советував што да направи, и причината за тоа. Совет е.

Нормално е да сака да види нешто ново, да се бара себеси, тоа е нормално. И ако го прави тоа, подобро е да го прави на 20 отколку на 40 кога ќе има 2 деца.
Нејзината врска не е лоша. Многу далеку од тоа дека е добра.
Изневерувањето е работа што може секому да му се случи.
Но јас мислам дека најмногу ве боли тоа што девојката е многу ноншалантна во врска со тоа. Не сака да сече вени, нема грижа на совеста, туку и понатаму продолжува да флертува. Тоа вас ве боли. АКо изневерила треба да се кае и да ведне глава цел живот.
Не ме боли тоа, не ме боли ништо. Али ако мислиш на тоа што ме нервира, не ме нервира делот што немала грижа на совеста и не наведнала глава, туку делот што дур дечкото ја сакал и бил спремен све да и пружи на толку рана возраст (сети се дека и дечкото е млад колку неа, и он има хормони, чувства и ако ко што рече дека "повеќето" машки се бесчувствителни, ете се нашол некој кој толку рано одлучил целосно да и се посвети, што по таа логика е за аплауз), има таков дечко на кого она се му е во животот, а она за возврат се плеска со некои други што немаат такви чувства за неа само за да си ја задоволи потребата од тоа "да се најде себеси".

Браво девојко, плескај се со некои што ги заболе за тебе, битно кога ќе ти треба љубов тука е дечко ти да те гушне и да те сака. Али ти плескај се, само напред, плескај се со други дур не се пронајдеш.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.710
Ја ја советував што да направи, и причината за тоа. Совет е.

Не ме боли тоа, не ме боли ништо. Али ако мислиш на тоа што ме нервира, не ме нервира делот што немала грижа на совеста и не наведнала глава, туку делот што дур дечкото ја сакал и бил спремен све да и пружи на толку рана возраст (сети се дека и дечкото е млад колку неа, и он има хормони, чувства и ако ко што рече дека "повеќето" машки се бесчувствителни, ете се нашол некој кој толку рано одлучил целосно да и се посвети, што по таа логика е за аплауз), има таков дечко на кого она се му е во животот, а она за возврат се плеска со некои други што немаат такви чувства за неа само за да си ја задоволи потребата од тоа "да се најде себеси".

Браво девојко, плескај се со некои што ги заболе за тебе, битно кога ќе ти треба љубов тука е дечко ти да те гушне и да те сака. Али ти плескај се, само напред, плескај се со други дур не се пронајдеш.
Е де, да наведне глава. Таман си мислам јас.
Ти нели сфати дека таа не го сака дечкото како што тој ја сака неа? Тој и е мил, драг, може во секое време да се потпре на него, но очигледно е дека е зацепна у неа, многу повеќе отколку таа во него. Како што реков: има голема разлика со некого да ти ОК и да ти е супер.
Може он и цел свет да и го даде, таа нема да го засака. Љубовта не се заслужува.
Машките не се безчувствителни, туку се многу ограничени. Девојките на денешно време се пердашат од 15 години, а девојкава која до 20 години имала двајца, ја наравивте нимфоманка.

Мој совет би бил да му раскине на дечкото и да не му кажува ништо. Тоа е помината работа и дечкото непотребно ќе се осеќа безвеза, а нема зошто. Не е проблемот во другиот дечко, проблемот е меѓу нив двајцата.
 
Па и ја тоа викам, нека му раскине. Чим не го сака исто, нека му раскине. И треба да му каже све за да си има на ум дечкото за у иднина каква може да биде некоја у која најмалку сумњаш, ако сака барем малку добро да напраи и да му ја намали наивноста. Али нема да го напраи тоа, делумно од срам, делумно од страв. А ако му каже, дечкото нема да се осеќа така безвеза, безвеза ќе се осеќа ако по 3 години врска (колку што им трае) она му каже "не е до тебе, до мене е; веќе не те сакам ко што ти ме сакаш; осеќам дека нешто не е ко што треба" - трите свети глупи изговори за раскинување.

И само да се надоврзам на нешто што го кажа, а после ми текна. Викаш подобро сега да вара отколку на 40 години со две деца. Зашто мислиш дека не би можела на 20 години да го најде "правиот" и тој да биде тој со кого ќе има деца? Па така до крај на живот да си носи на совест дека кога била млада истиот го изварала пошто мислела дека со друг ќе заврши, а не знаела дека можеби вистинската иднина лежи во него, па да се заебала пошто верувала дека "на таа возраст тоа било нормално". И автоматски ќе треба да избере еден од два пата: Да живее цел живот во лага, или да раскине и со тоа да си ја уништи убавата иднина заради такво размислување.

Едит: Последново не беше конкретно за случајот, туку општо како тема за размислување зашто сметам дека тоа мислење е погрешно.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.981
Поени од реакции
84.518
Не е проблемот во другиот дечко, проблемот е меѓу нив двајцата.
Како тоа проблемот е во двајцата...? Дечко и појма нема дека се има мавано со 3-4, а што е најлошото оваа сеуште несака да му признае на "својот животен сопатник", дека го има варано. Девојкава која побара совет и моментално го избришала коментаров свати дека не е проблемот кај дечко и, туку дека е во нејзе. Не оправдувам никакво варање, било да е машко или женско, ама да речиш дека проблемот е меѓу неа и него... :eek:. Едноставно, таа се плаши дека нема да најде некој друг како него што толку ќе ја сака, и ја користи неговата љубов... таа за мене не е к.рва, туку преварантка. Ете "понежен" збор со кој можам да ја опишам нејзе. Ако има барем малце доблест, нека раскинува што побрзо со дечко и.

Толку... И сакам да кажам дека не се сложувам со тебе со тоа што ја штитиш заради тоа што имала 20 години, и можела се да прави. Тоа не е никаков изговор, замисли тебе маж ти ти доаѓа еден ден дома и ти вика "Лангелино, те варав со 3-4 жени", како би се чувствувала...?

Неверство си е неверство, нема оправдување, ако сака нека има 16 години, или пак 77.
 
Не, не, го варала со 1 само, 4-5 месеци паралелно се гледала, а (очигледно) сака да го вара со уште 2ца (инаку немаше да ги спомне тука). Што не е ни подобро, ни полошо.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.512
Поени од реакции
42.900
Оти бе да не му каже? Нека му каже, да не му е мака, да сфати дека таа не го заслужува него, колку и да звучи самоутешително...или крај краева да ја замрази, па да ја заборави побрзо. А не да се чуди што и текнало сеа после 3 години дека не се еден за друг и да се мисли каде згрешил, па да ја моли за нова шанса или шо ти ја знам..
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.674
Поени од реакции
13.270
Ете, варала праела ко што викаат некои нормално е на 20 години, јас ете малку друкчие би го формулирал истото - нормално е да експериментира, но да има и чиста совест - нека му раскине на тој првиот, па колку сака нека експериментира потоа.
Пошо ако си прави вакво мавање со криење позади сериозна врска, нека си биде спремна на етикетирањето кое следува од секој кој би си го протолкувал како што му прилега истото.
За мене не е курва, но што се тиче морала, - морала је. Мислам смешно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom