Не верувам дека некој ќе ме сфати, ни јас не се сфаќам, ама ок. За информација имам 20 години и да, сеуште не знам што сакам. Ако ме видите на улица, ќе си помислите “што знае оваа, сигурно дома се дружи само со книги и серии”. Испод мира триста вира. Некој мене да ми ја раскаже приказнава, ќе помислам дека е некоја неизживеана, што им става на машките се на тацна и сл. Ама далеку од тоа е.
Епа вака:
Имам дечко 3 години. Кога се запознавме ни на крај памет не ми беше дека можам со него да бидам, не беше мој тип. После 6 месеци упорност од негова страна, некако ми се засвиѓа. Почнавме да се муваме. После пола година почнавме посериозно, ја официјализиравме врската. Се заљубував со тек на време, првиот секс ми беше со него, се каравме, убави моменти, заеднички одмор и се тоа. Се осеќав сигурно и сакано.
И една вечер запознав еден неодолив дечко, значи буквално ме зашемети, на ништо друго не мислев, само на него. А одсекогаш бев против неверство, онака убедена бев дека никогаш, никого не би изварала. Ама ми требаше нешто ново во животот и се деси. Најтрагичното беше што и со двајцата ми беше преубаво и истовремено се гледав некои 4-5 месеци. Овој вториов знаеше за мојата врска и помина преку тоа. Му е гајле
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)
После тоа некако се свестив и прекинав со вториот. Никој ништо не дозна, а и не верувам дека ќе се дознае некогаш, освен ако јас не кажам на некој. Од тогаш помина година дена и уште сум во истата врска, а овој вториов ме бара упорно, ама не ја правам пак истата грешка.
Друг проблем, има еден колега. Очигледно е дека се свиѓаме, сите приметуваат од околината. Од друга страна има уште еден дечко, ме свиѓа веќе подолго време. Прееефин, мој тип, имаме заедничко друштво и во последно време ми се плетка низ памет.
И на крајот, дечко ми кој заслужува многу подобра, е секогаш тука за мене, ме сака неизмерно, ми пружа сигурност и без него ќе се осеќам осамено. Физички не е нешто привлечен, карактерот ме задржа овие три години. Има периоди кога го сакам и периоди кога се ладам и правам вакви глупости.
Нормално, најлогично решение би било да му раскинам, ама не можам некако...се плашам дека нема да најдам некој како него.
Што би направиле вие на мое место? И без навреди, знам дека сум себична. Не би изневерила повторно.