Ај ВЕ МОЛАМ за совет!
Бев во 3 годишна врска со една девојка. Јас сум од село а таа е од град и одржувавме врска на далечина меѓутоа далечината и се останато не беше проблем се додека не ја фатеше кризен период и тогаш нити ми пишуваше нити ми се јавуваше нити пак сакаше јас да ја барам некои 3-4 дена па ќе ми пишеше да ми каже дека повеќе неможе со мене и толку (се случи 2-3 пати додека бевме во врска). Ја сакам многу а знам и таа дека ме сака. Секогаш кога правевме нешто заедно таа многу се радуваше и многу често ми викаше дека кога е со мене заборава на се останато дека ја правам многу среќна, дека и е многу убаво со мене, дека ја разбирам за се и дека сака така и да остане. Ме запозна со цело нејзино друштво и со колешките од работа и сите ме прифатија и ме почитуваа многу. Имавме планови да се преселам јас во нејзиниот град и да живееме заедно меѓутоа не се снајдовме како што треба и јас се вратив. Е сега, бидејќи претходно се плашеше како ќе биде пред некое време некако собра храброст им кажа на нејзините дека е со мене во врска и тие почнале да и се противат да зборуваат секако за мене, и вршеле притисок за да се тргне од мене итн... Пред една недела бев отиден во нејзиниот град и и пишав дека сакам да се видиме барем на 5 мин иако знаев дека е на работа и неможе да излегува кога ќе сака и на тоа ми врати дека неможе да се видиме. После тоа ми пиша на фб дека неможе повеќе да биде со мене дека не ме сакала исто како порано дека неможела да одржува врска на далечина и дека тоа не го осекја од сега туку подолго време, дека не сакала да живее во село.... Кога ми кажа така јас и реков дека последниот пат кога се видовме пред 3 недели не ми изгледаше воопшто така и дека не и верувам во тоа што кажува. Ми рече као демек тогаш се обидела да даде втора шанса на врската ама видела дека не оди, али јас не верувам дека е така зошто ја познавам многу добро и осекјам дека ме излажа. Причината зошто така наеднаш се промени спрема мене мислам дека е во нејзините родители зашто како што кажав погоре и вршат многу голем притисок, ја навредуваат и зборат се и сешто ја окривуваат за се. И сега еве веќе недела дена не контактираме воопшто.
P.S. Неколку пати ми напомена дека од поодамна имале некој проблем фамилијарен и дека неможело да се најде решение. И плус има сестра помалечка, многу е добра и приврзана е многу за неа и ми викаше дека што и да се деси од неа не се разделува.
Дали после ова мислите дека пак би ме побарала и како би можел да и помогнам, да ја охрабрам???