Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.741
Е ама повредување. Подобро да каже НЕ барем маките ќе ми ги скрате ем нема да се замарам со неа а вака ЌЕ ВИДЕМЕ ТА ЌЕ ВИДЕМЕ повеќе ме копка што сака да каже...
Хахахах се читам себе си пред неколку години :D
Па тоа и е интересно бе, си покажал интерес за неа и сеа глуми недостижна нешо а у... колку години имате?
Пробај да не ја контактираш неколку дена, ако има некаква трошка заинтересираност од нејзина страна, ќе ти пристапи она.
Е сеа ти стапуваш на сцена каде што ќе глумиш помалку заинтересиран, ако почне муабет ќе праиш кратко и ќе викаш дека треба да излагаш и слично... лажи, прај филмови, снаоѓај се!
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045

Сите си се читаме од пред неколку години :)

Проблемот е што такви дрски девојчиња има у денешно време што може да му пише да не и е лут и уште он да се осеќа лошо ради тоа ...
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Значи пред една недела се запознав со една женска, се запознав на начин на тоа што таа дојде кај мене на гости(значи нејзината мајка била пријателка со мајка ми)
Се беше нормално тогаш малку презборевме и на крајот ја прашам за број од мобилен да ми даде и да ја аднам на фб. Значи после тоа ја аднав на фајбук и единствена шанса ни беше така да зборвме, од првин се течеше нормално но подоцна јас ја прашав дали сака да излеземе заедно на кафе или било дека и ми рече ќе видеме. Добро ајде ќе видеме и поминаа неколку дена па ја прашав дали има дечко но несакаше да ми каже и ми кажа зошто сакаш да знаеш. Подоцна поминаа неколку денови со муабет одностно јас ја прашував а таа постојано ми одговараше и таа ништо не ме праша. Подоцна ја прашав уште 2-3 пати дали сакаме да излеземе заедно и ми рече ќе видеме подоцна јас ја прашав што ти значи тоа ќе видеме и таа ми одговори има време. Инаку досега позитивни сигнали имам приметено дека ме свиѓа по тоа кога и го запишував бројот на мобилен ми се залепи до главата и тоа кога на фб си стави нова слика и јас и кажав дека ми се свиѓа и да ја стави на профилна и таа одма ја стави. Е сега некој искусен да ми каже зошто несака да излезе со мене зошто ми вика дека ќе видеме и дека има време. За време има да но јас не очекувам се со неа да се допишувам пошто секако разговорот ни оде како интервју. Знам последен пат почнав да се преправам во стил "Ејј знаеш што ми се гледа филм веќе 1 недела не сум гледал па ако сакаш нешто да ми препорачаш" и ми одговори кој сакаш филм тај гледај го. Подоцна пак пробав да ја прашам што музика слуша и ништо не ми одговори па еве веќе еден ден ја оставив да помине некое време и можеби тука ќе добијам добри совети.

Поздрав,
Фала.

Ѝ одговара вниманието што го добива од тебе. И веројатно не само од тебе.

Не си единствен што ѝ се пушта и бара да излезе со неа. И затоа може да бира. И бира некој друг, не тебе.

Прашувај други девојки, оваа не сака ништо да има со тебе.

Поздрав и со лесно.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Значи пред една недела се запознав со една женска, се запознав на начин на тоа што таа дојде кај мене на гости(значи нејзината мајка била пријателка со мајка ми)
....

Поздрав,
Фала.
Девојчето билда его. Ништо повеќе.
„Ќе видиме, ќе размислам“ се педерски одговори и значат НЕ. Сори.
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Е ама повредување. Подобро да каже НЕ барем маките ќе ми ги скрате ем нема да се замарам со неа а вака ЌЕ ВИДЕМЕ ТА ЌЕ ВИДЕМЕ повеќе ме копка што сака да каже...

Глупи Жени ебаго... Него дајте сакам да слушнам и мислење од женско...
Пропаличко, не и пишувај. Остави ја некој ден без никаква порака од тебе, па ќе видиш како ќе се сврте топката и она ќе почне да ти пише. И глуми малку мачо, недостижен. Не ти по газот излева дека и одиш.

И у ситуацијава не сме глупи. Паметни сме, оти ве играме како што сакаме. ;)
 
П

Пепси_

Гостин

не го лажи нема никакви шанси девојчето е само културно и не го одјебава директно :D
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
не го лажи нема никакви шанси девојчето е само културно и не го одјебава директно :D
Не мора да значи. Може сака да си го чува како резерва. Го симпатиша, а може има дечко, па не може да направе ништо. Нека не и пишува, па ако почне она да му пишува на него, тогаш го свиѓа. Ако не, не.
 
незнам кај има знаци дека има надеж,случајно се сретнале поради средбата на нивните мајки,овој ја напнува а она е културна.

освен ако не му стиска лајкови на песничките :pos:
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.741
незнам кај има знаци дека има надеж,случајно се сретнале поради средбата на нивните мајки,овој ја напнува а она е културна.
освен ако не му стиска лајкови на песничките :pos:
Хмм, а можно е девојчето да поминува низ некој недефиниран период... она ја маваат кризи нешо... ај.
?
 
Член од
8 февруари 2013
Мислења
76
Поени од реакции
14
Zdravo. Mi treba pomos od onie koi imale vakva situacija kako mojata. Imeno imav dolga vrska 6 i pol godini, ednostavno poslednite meseci ne odese i moravme da raskinime. Problemot e toa sto jas sum vljuben seuste, imav i imam ogromna pocit...ona so go custvuvav vo dusata mi e picina seuste da imam ogromna tezina. Za smiruvajne ne idi vo obzir zaradi sto taa "ne znae so custvuva kon mene". Dokolku bi bila pricinata izneveruvajne che si recis kucka vakva takva ne e covek i site tie raboti. No ova e tesko zardi toa sto devojceto si bese ok, jas sum mnogu custvitelen i znaev da sakam i cenam, ednostavno sakam tie so se pokraj mene da bidat srekni i zadovolni...no zivotot e surov i ne znam ednostavno kako da se pomiram so toa. Vi blagodaram na razbirajneto
 
Член од
25 јули 2013
Мислења
118
Поени од реакции
97
имам и јас ваква ситуација, само обратното таа сака а јас на кумплуг ја мавам
кога незнае да си побара нека ја драпа п......а на мене после секое видување:)
само кај нејзе е тоа што не ме замара :)
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Zdravo. Mi treba pomos od onie koi imale vakva situacija kako mojata. Imeno imav dolga vrska 6 i pol godini, ednostavno poslednite meseci ne odese i moravme da raskinime. Problemot e toa sto jas sum vljuben seuste, imav i imam ogromna pocit...ona so go custvuvav vo dusata mi e picina seuste da imam ogromna tezina. Za smiruvajne ne idi vo obzir zaradi sto taa "ne znae so custvuva kon mene". Dokolku bi bila pricinata izneveruvajne che si recis kucka vakva takva ne e covek i site tie raboti. No ova e tesko zardi toa sto devojceto si bese ok, jas sum mnogu custvitelen i znaev da sakam i cenam, ednostavno sakam tie so se pokraj mene da bidat srekni i zadovolni...no zivotot e surov i ne znam ednostavno kako da se pomiram so toa. Vi blagodaram na razbirajneto

Јасно ти е дека нема назад, т.е. нема смирување со неа.

Празнината е едноставно поради тоа што 6 години таа била дел од тебе и сега веќе не е. Нормално е дека ќе чувствуваш празнина (би било ненормално да не чувствуваш).

Чаре? Спортување, посетување на курсеви, поминување на квалитетно време со пријателите, читање... Едноставно, самоусовршување. На тој начин ќе се изградиш во покомплетна личност и ќе станеш некој друг, некој подобар. И како таков, ќе привлекуваш некои подобри.

Откако секоја секунда ќе си ја испланираш, нема да има потреба да се „помируваш“ со тоа дека веќе не сте заедно - нема да имаш време за тоа. И тоа е најдобриот начин.

Со лесно.
 
Член од
25 јули 2013
Мислења
118
Поени од реакции
97
Zdravo. Mi treba pomos od onie koi imale vakva situacija kako mojata. Imeno imav dolga vrska 6 i pol godini, ednostavno poslednite meseci ne odese i moravme da raskinime. Problemot e toa sto jas sum vljuben seuste, imav i imam ogromna pocit...ona so go custvuvav vo dusata mi e picina seuste da imam ogromna tezina. Za smiruvajne ne idi vo obzir zaradi sto taa "ne znae so custvuva kon mene". Dokolku bi bila pricinata izneveruvajne che si recis kucka vakva takva ne e covek i site tie raboti. No ova e tesko zardi toa sto devojceto si bese ok, jas sum mnogu custvitelen i znaev da sakam i cenam, ednostavno sakam tie so se pokraj mene da bidat srekni i zadovolni...no zivotot e surov i ne znam ednostavno kako da se pomiram so toa. Vi blagodaram na razbirajneto
најбрзо и најефикасно помирнување е да си најдеш добра ебачица
е сега ќе ми речеш, тешко ми е тоа да го правам пошто другава ја сакам премногу ова она...

епа ќе се потрудиш
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Zdravo. Mi treba pomos od onie koi imale vakva situacija kako mojata. Imeno imav dolga vrska 6 i pol godini, ednostavno poslednite meseci ne odese i moravme da raskinime. Problemot e toa sto jas sum vljuben seuste, imav i imam ogromna pocit...ona so go custvuvav vo dusata mi e picina seuste da imam ogromna tezina. Za smiruvajne ne idi vo obzir zaradi sto taa "ne znae so custvuva kon mene". Dokolku bi bila pricinata izneveruvajne che si recis kucka vakva takva ne e covek i site tie raboti. No ova e tesko zardi toa sto devojceto si bese ok, jas sum mnogu custvitelen i znaev da sakam i cenam, ednostavno sakam tie so se pokraj mene da bidat srekni i zadovolni...no zivotot e surov i ne znam ednostavno kako da se pomiram so toa. Vi blagodaram na razbirajneto
Секоја подолга врска си има кризи после одредено време. Првата најчесто е околу третата година, втората околу шестата-седмата година. Вие моментално сте во криза, не знаете како понатаму. Презаситени сте еден од друг, емоциите не се како што биле порано. Ова се должи на фактот дека постојано ги правите тие едни исти работи. Се што правите преминато ви е во навика, немате свежа крв на која можете да и се радувате и да ги поттикне и загрее вашите чувства. И чувствата отапуваат и доаѓате до вакви периоди на криза.
Јас не знам дали она уште те сака, ама не и е и на неа сеедно што не сте заедно. Би ти предложила да направиш нешто за неа, што до сега никогаш не си го направил. Дали ќе биде вечера, или ќе и купиш букет цвеќе, било што и да е, ти најдобро си знаеш што немаш направено. Од нејзината реакција на твојата акција ќе знаеш дали уште те сака и дали има шанси да продолжите понатаму заедно. Дај и нешто ново или потсети ја зошто те сакала и била толку долго време со тебе. Со постапки направи го ова, не со зборови. И нормално, дај и простор, не ја притискај, не ја гуши, нека си донесе сама одлука што сака.
Доколку мислиш дека нема повеќе шанси да продолжите заедно и ова што јас ти го предлагам нема да го направиш, послушај го советот на Крусер. Исполнетост на времето до секунда, за да немаш време да мислиш на неа. И почни да загледуваш други момиња, сепак клинот со клин се избива. Не мора одма да фатиш некоја, за почеток набљудувај ги, сигурно ќе ти влезe во око некоја друга. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom