Абе не се лути, али чудно е.
Упорен си и сакаш да ја запознаеш, многу ти се допаѓа ко личност и се тоа, верувам и физички секако, се секираш за тоа и и досаѓаш, дури и на темава си прашал.
Тоа некако ми е многу преокупација ако сакаш само другарка да ти биде.
А од друга страна, викаш дека имаш девојка што ја сакаш и не би ја изневерил.
Како тоа си и праќал песни, поеми и остало, тоа на другарка ли се праќа?
Значи, не си толку свесен колку што мислиш. Тебе ти се допаѓа девојкава и сакаш да ја запознаеш, а ако ја запознаеш, и се е ко на фб, ти давам рок од најмногу недела дека ќе ја оставиш сегашната девојка. Или ќе прашуваш прво во темава пак, што да правам.
Запознај ја, ете, излези на кафе и запознај ја во живо, другарски секако. Може ништо нема да биде, може ќе излезе баш тоа на кое што ти реков погоре. Но, јас сум да ја запознаеш.
Ти не си проблемов овде. Таа не сака да излезе. Како и што да правиш, за да ја натераш, не знам. Ако едноставно не сака, тогаш не сака и треба да окончаш контакт со неа.
Од страна на девојка ти, јас не знам колку ти мислиш дека е современо, али мој дечко да си пишува на фб со саати со некоја, да и праќа песнички и поеми, да и изразува чувства и да е толку упорен да ја запознае, јас лично ќе му го ослободам патот да ја запознае.