ете се случи и тоа во мојот посран живот - ми раскина девојка која навистина ја сакав и се грижев за неа. не истрајавме ни два месеца. свесен сум дека е прекраток период, но навистина се заљубив и болеше неверојатно многу кога пред скоро 2 часа дојде и ми го рече тоа.
причините - многу сум бил pushy за секс, не можела да се поврзе со мене и периодот и бил таков кога не можела да биде со никој.
не се расправавме, никој не повиши глас. се помина мирно. се гушкавме и бакнувавме, но не во уста, ништо интимно.
солзите не можев да ги сопрам пред неа... никако... самите течеа... не ми е страм да признаам. и не ми е гајле кој и што ќе помисли. само сакам да се испразнам некаде, а не ми се збори со никого.
ја прашав да ми даде втора шанса, рече дека ни самата не знае што сака. кога ја прашав дали е дефинитивно, рече дека и тоа не знае, само знае дека сега не сака да е со никој, и дека не сакала да престанеме да зборуваме. сега сака да зборува со мене, а кога и да пробав пред тоа да зборам со неа, таа ме одбиваше, не сакаше да зборува за длабоки нешта.
а вчера се видовме прв пат после 2 недели. јас заминав од тука за да ја видам фамилијата во Македонија. Ми рече и дека не сум сакал да зборам доволно со неа преку скајп. А зборувавме баш доволно, барем според мене, а овде нема ни кого ни зошто да лажам.
не знаев дека може волку да боли. сече. мислам дека сите операции заедно не болеле толку како сега. и сеуште ме тера на плачење. знам, лигав сум, но тоа е. ја сакам. не сакам да ми биде само уште една бројка.
има ли шанси да ја вратам? навистина боли...