Вака сега. Со едно дете што имаше женска премногу се задруживме, онака по цел ден заедно и на фб али бевме другари...и сега почна да се осеќа дека тоа прераснува во нешто повеќе ама уште не сме сигурни и почнаа сите да зборат и дознала женската негова и му раскинала. И јас и пишав на фб дека нема врска тоа, не сме дечко и девојка и не ја варал, а она ми рече не е до тоа, он си знае зошто. Ама се чувствувам виновна затоа што раскинаа :/ се чувствувам дека заради мене :/ и сега една другарка на шала рече ајде бре стајте се во врска на фб и ние на шала се стаивме и сега? Многу сум збунета...
На „шала“ се ставивте во врска, а? Ај на „шала“ секснете се, во тој случај. Не за друго - врска без секс не успева (прочешлај ги сите теми и на форумов и каде сакаш, истиот одговор ќе го добиеш)
Спремна си на секс со дечкото?
Ако да, само напред - бившата му раскинала уште пред на „шала“ да се ставите во врска на фб, па ти тука немаш никаква вина (плус тоа и си се обидела да се објасниш). И користете кондоми, за секој случај.
Ако не - ставањето на „шала“ во врска на фб било, најблаго кажано, неосновано чаталење („јас сум во врска, нанана“ „и каков ви е сексот?“ „што е тоа?“ „*избегнување понатамошен разговор*“), што потенцијално може да те дистанцира од луѓето околу тебе (само најдобрите пријатели би останале околу тебе и би те советувале да не ги лажеш сите наоколу со невистинити информации).
Во секој случај, пред свршен чин сте, и ти и дечкото. Со самото тоа што сте се ставиле на фб во врска, сега луѓето ќе очекуваат од вас и така да се однесувате. Па ако сте имале дури и малку двоумења дали сте еден за друг, веќе немате право на тоа - однесувајте се како да сте во врска, бидејќи сите од вас ќе го очекуваат тоа.
Да, ФБ е алатка според која обичните луѓе стануваат шоу-ѕвезди и сите ги третираат како такви. Затоа треба да се внимава како се користи - нешто што вие очигледно не сте го направиле, па сега ќе имате последици.
Добрата страна е: конечно ќе дознаеш како е да си со типот. Дали било време за тоа, дали ќе дошло до тоа сеедно - нема никогаш да дознаеме.
Значи, викај го типот на кафе и со лесно во врската.
Поздрав.
--- надополнето: 3 декември 2012 во 01:07 ---
Дали некогаш сте се чуствувале многу осамени.Многу ретко можам да најдам личност со која би можел да имам нешто повеќе .Но кога и да сум имал шанса ја губам.Знам дека е до мене проблемот,можеби дека не сум искусен,дека ми е срав,срам незнам како да ви опишам.Иако сега имам можност со едно девојче,но пак мислам дека пак ќе испадне по старо.
Што би било од помош?
Поздрав!
По старо нема да испадне, бидејќи *ова* девојче не си имал шанса да го изгубиш - си ги изгубил сите други, но не и неа.
Кој ти вели дека ќе ја изгубиш? Можеби чека баш таков како тебе... Не знаеш додека не се обидеш.
Често пати помага „играта на одбивање“: оди со неа и води евиденција колку време ќе ѝ треба додека да те одбие. Ако те праша зошто ти е, може да ѝ кажеш нешто како „ако сум ти сè уште интересен после толку-и-толку време поминато заедно, ние имаме шанса“. Ако и после овој муабет сака да излегува со тебе, сериозно имаш шанса со неа.
Поентата е да ги почувствуваш сите можни форми на одбивање од страна на девојките, така што, кога ќе го доживееш и следното, тоа ќе ти стане здодевно и секојдневно, наместо болно и трауматично. А тип којшто реагира како ништо да не му значи одбивањето зрачи со самодоверба и девојките и тоа како го забележуваат.
Значи, ако сè уште имаш страв од тоа да бидеш одбиен, не си бил одбиен доволно пати. И нема да бидеш сè додека го избегнуваш тоа. Само кога ќе одлучиш да се соочиш со искуството на одбивањето доволно пати, ќе научиш како е да се биде одбиен и тоа ќе го совладаш. Дури после ќе дојде моментот кога ќе почнеш да учиш како е да бидеш прифатен.
Поздрав и со лесно.