Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
ииииииииииииииииииииии... крај......
Ако сите мажи се како тебе тогаш јас пуста ќе си останам „неонадена“ цел живот... :place:
Па нели требаше ако не успее Хербалајфот да ти стане личен тренер, црно на бело напиша ќе му дадеш шанса :D.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Зависи кој како некого неможиш да го запознаеш ни со година дена да си заедно а камоли за толку кратко.
За то можда си во право, мада последнава година... Не само шо можам да проценам од 4-5 муабети, туку почнувам и да го контам шаблонот, а.к.а. луѓето шо се неискрени ми стануваат предвидливи... Како и да речиш искуство, така се вика то.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
ќути остај, од жал депресија ме удри почнав слатко од смокви да ждерам... Краставицата нема да ме засити.
Да ми го пробаш слаткото од јагоди а имам и торта од банани сега ќе се заљубиш на прво поглед.:)
 
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.008
Поени од реакции
917
Па кажи си така бе брат...
Ко сеа ја да отидам у подфорум фудбал и да им објаснувам као се шутира, а гол неам дадено...
брат Пес или фифа ако имаш играно ондак знаеш како се дава гол.... Така да комотно можеш им објаснуваш.... Истото и со ова... Све има на интернетов :D
--- надополнето: 28 октомври 2012 во 20:46 ---
На неа мислам постојано. На неа мислам и тогаш кога мислам дека не мислам. Значи мојата Ики и јас. Ние не сме створени еден за друг. Ние сме створени еден за друг. Само не` уништија. Вистината и лагата. Неа ја уништи вистината, мене лагата.
Пријателе мој, никогаш немој да ги лажеш оние кои те сакаат. Правиш погрешна работа. Викни некогаш, налути се понекогаш и ветувај засекогаш.
Што ми згреши мене мојата Ики? – Ништо.
Што сум и згрешил јас? – Се`.
Заслужува ли морално хендикепирана личност како мене да дели живот со неа? Таа имаше желби – јас ги уништив. Таа можеше многу – Не и` дадоа поради мене. „Пушти ме, лесно ќе ме заборавиш, гледаш дека несреќата оди по мене. Како верна сенка. Ти си уште млада, имаш време за се`. Побарај си ја среќата го заслужуваш тоа.“
Патетично до јајца, нели пријателе мој? Ама точно. Како два и два.

- Игор Џамбазов
 
N

NikolaMKD91

Гостин
ќути остај, од жал депресија ме удри почнав слатко од смокви да ждерам... Краставицата нема да ме засити.
:pos: остај слатко од смокви , јас имам домашна нутела со француски бисквит, лечи депресија ненормално брзо и ефикасно . Што би рекол Тони Михајловски сида личи колку е добро :D :D :D
 
П

Пепси_

Гостин
Ах бе девојче од такви како тебе....ај да не терам натаму.....

За тебе еден ќотек да не те препознаат дома.....
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Личните прашања што ми ги поставувате се лично мои.Имав шанса со една девојка во петокот што ме свиѓаше но јас не ја меркав нешто и одлучив да продолжам напред и да не и го трошам времето за џабе.Не закажав втор состанок затоа што не ми се свиѓа.
Имам критериуми и си ги следам.Барам физички да ме привлекува,најбитен дел ми е лицето,интелегетна,да се грижи за себе,да знае како да се облака,да има свој сопствен стил и да се негува,да е искрена и да има смисла за хумор и тогаш кога сите карти ќе бидат како што јас сакам тогаш може да ми биде девојка.Ако треба долго ќе останам без девојка,али сакам нешто што мене ќе ми биде драго да го имам и да го чувам,не само да фатам било која и утре да ме видат згоден дечко со некоја што воопшто не е на мојот ранг.Се си има зашто и како,јас барам тоа што нудам,а не да отидам на некоја дебела со стомак и да ја фатам колку да се рече.Иако имав таква девојка сепак беше мила во фацата,нешто што ми се свиѓаше :)
Редовно те следам, а овој пост ја сублимира мудроста во машко-женските релации. Не верувам дека на форумов (а и пошироко во регионот) има дечко со вака високи критериуми и учинок во освојувањето припаднички од понежниот пол.

Болдот ти е right on the money и го реплицира животното кредо на еден мој бивш комшија Столе Онанија (кого од пуста злоба некои го зад грб го викаа „Ситна Боранија“). Столе Онанија цел живот поседуваше драг, неоттуѓив дел од себе кој го чуваше и одржаваше во топ форма 24/7 со секојдневни ритмичко-стимулативни вежби. Како и секој згоден тип, Столе држеше до својот ранг и углед. Многу ретко го глеавме со девојки (а го глеавме барем 5-6 пати дневно бидејќи активно партиципираше во маалскиот живот.) Имаше некои непотврдени претпоставки дека теоретски се подготвувал да ѝ пристапи на некоја од Пржино (трета година у ТУЦ). Сепак, тоа беа шпекулации без материјална поткрепа.

Поентата е дека, до ден-денес, Столе нема никаква дамка во својата заводничка историја. Концизно кажано, Столе никад не се избрука да биде јавно виден со некоја ружњача. Принцип и резултат со кои многу малку мажи можат да се пофалат.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Луѓе, доста ви беше вентилирање. Од сега натаму сите неконструктивни муабети ќе бидат бришени.

Благодарам.
 
Член од
1 јануари 2012
Мислења
193
Поени од реакции
31
Дечки, има едно девојче кое многу ми значит, онака... мн. симпатично ми е и нзм како да и се додворам. Причината е тоа што ми е страв дане зафркнам работа уште од самиот почеток поради тоа што сум несмасен и многу брз на јазик (во случајов на тастатура). Moже некој да каже кој чекори да ги направам? Успат девојчето живее во истиов град :)

Благодарам однапред :)
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Дечки, има едно девојче кое многу ми значит, онака... мн. симпатично ми е и нзм како да и се додворам. Причината е тоа што ми е страв дане зафркнам работа уште од самиот почеток поради тоа што сум несмасен и многу брз на јазик (во случајов на тастатура). Moже некој да каже кој чекори да ги направам? Успат девојчето живее во истиов град :)

Благодарам однапред :)
Ќе почнеш да медитираш и да дишеш длабоко.Кога имаш нешто со неа визуализирај што треба да правиш.Да бидеш цврст,ведар,насмеан,да ја водиш ти каде што сакаш и да очекуваш се најдобро да испадне од тоа.Наместо да седиш на фб излагај и тргни го паметот од неа,не и давај комплименти многу,едноставно одалечи се едно време,не и давај големо внимание.Заеби тоа што они велат незнам сакам искрен и таков тип,тоа е само тест и јас секогаш заборавам и се летам кога ми се допаѓа некоја девојка толку многу да би жртвувал се и сешто да биде за тебе.Но исто и како парите и животот,зашто ти да работиш за тоа кога тие можат да работат за тебе.Поентата е кога она ти дава големо внимание да не те брига што вика едноставно биди со ладен став.После одредено време ти приближи и се и направи малку муабет со комплимент за нешто што има хоби,нејзиниот карактер нешто што се разликува од другите девојки кажи и го.Посегни полека и гледај ја во очи.Битно е контактот со очи,ако девојка те свиѓа ќе ти сигнализира ќе се насмее кога ја гледаш директно во очи и бакни ја.
Но за да стигнеш до тој стадиум треба да прочистиш многу работи во себе.Да немаш страв од твојата сексуалност и да бидеш маж,ако добиеш корпа не веднаш да се откажеш туку повлечи и се,нека помине време и пак,дур не ја постигнеш целта.Стравот најголем е дека ќе те одбие,а колку ќе те одбиваат во животот твој да не набројувам :).Таков е животот не можеш да бидеш сигурен дека таа е една и единствена кога има милион и една.Така да најголема грешка е што машките вртат само една девојка и лесно се заљубуваат.Верувај дека треба да запознаваш многу и од сите тие што ќе ги запознаеш,таа што највеќе ќе ти даде таа е вистинската за тебе.Запамти дека секоја промена почнува од лично од тебе,не можам јас да ти дојдам и да ти кажам магичен рецепт како да освоиш некоја.Се пробува,ако не бива не губиш ништо,си добил искуство повеќе.
 
Член од
1 јануари 2012
Мислења
193
Поени од реакции
31
Одличен совет другар. Фала ти многу :) Иначе за ова во врска со одбивањето баш од тоа се плашам. Девојката ми значит толку што несакам да ме одбие, одкако ќе ме одбие ќе почнет оговарања, едно-друго па ќе пропадни се и бадијала е после упорен да си :) Да не беа оговарањата, Охрид не ќе беше град на UNESCO... хаха... :-/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom