Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

F

FARANG

Гостин
Стеф мене ова некој да ми го каже одма би му залепила шамар, баш да ја види ѕвездата. Толку провидно е и глупаво, се надевам никогаш не си го искористил и нема ни да го искористиш. Вакви романтики може во ептен долга врска, не како финта за мување. Патетично е.

Емкаа а што ако он одма ти залепи еден назад? Пресек на пресек?
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209

S

Stef Bachatero

Гостин
Секогаш има фини момци што се успешни со девојки и фини момци што се не успешни со девојки.Истото важи и за идиоти,лоши момци и итн.
Генерално типот што збори за фините момци е прав,но не секогаш мораш да бидеш идиот за да освоиш некоја девојка.Постарите девојки генерално сакаат фини момци зашто го преминале тој период на дружење само со идиоти и сега сакаат стабилна врска.Но наместо да генерализираме што како е добро за девојки и итн покани некоја девојка што ти се свиѓа и уживај во заведувањето.Јас вечева си знам што правам вие не знам и не ме интересира :)
 
Член од
31 јули 2012
Мислења
59
Поени од реакции
18
Не е баш љубовен проблем, но ми треба совет, а не знаев каде да се обратам. Се префрлив во ново училиште, четврта година сум. Таму не сум баш многу прифатен, дури таа што ја сакам не сака ни в очи да ме погледне. Ми викаат дека сум бил напорен, досаден, сум правел филмчиња во главата. Ми требат совети како да се вклопам подобро, како да бидам поприфатлив од страна на другите (вклучувајки ја таа што ја сакам). Фала ви однапред за советите. :)
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.021
Поени од реакции
12.691
Емкаа а што ако он одма ти залепи еден назад? Пресек на пресек?
Чим се одлучил да везе вакви романтики на фрст дејт нема да ми залепи шамар. Фин дечко е нели.... ;)
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Не е баш љубовен проблем, но ми треба совет, а не знаев каде да се обратам. Се префрлив во ново училиште, четврта година сум. Таму не сум баш многу прифатен, дури таа што ја сакам не сака ни в очи да ме погледне. Ми викаат дека сум бил напорен, досаден, сум правел филмчиња во главата. Ми требат совети како да се вклопам подобро, како да бидам поприфатлив од страна на другите (вклучувајки ја таа што ја сакам). Фала ви однапред за советите. :)
Четврта година си? Нема теорија да се вклопиш. Класот ти е веќе формиран, друштвата си се веќе формирани и тоа е тоа. Ти си вон сето тоа.

Добрата вест: сега можеш да бидеш тоа што си. Велат дека си напорен, досаден, си правиш филмчиња во главата? Никој не ги тера да се дружат со тебе. Поздрав до нив и барај си други луѓе што те перцепираат како попријателски расположен (не нужно од истиот клас).

Онаа што ја сакаш - повикај ја на кафе. Ако те одбие на база на тоа што „сите викаат дека си ваков или онаков“, кажи ѝ дека не си таков, а единствен начин да дознае каков навистина си е да излезе со тебе, бидејќи никој вистински не те познава (што е и точно). И потоа немој да се трудиш да ѝ објасниш; пушти ја сама да си одлучи дали сака вистински да те запознае или приказните за тебе ѝ се доволни.

А во меѓувреме, наоѓај и други девојки. Многу е можно да засакаш и некоја друга, додека оваа се премислува. Во принцип, сакај ја онаа што сака да излегува со тебе и што те познава и сака онаков каков што си, наместо онаков каков што другите велат дека си.

Поздрав и со лесно.
 
F

FARANG

Гостин
Чим се одлучил да везе вакви романтики на фрст дејт нема да ми залепи шамар. Фин дечко е нели.... ;)

100% си у право за тоа, фин и културен ама еве да речеме ти врати, ме интересираше како би реагирала ти? Дали би останала шокирана или би се подпалила малку на нешто такво? Мое искуство (со странкињи) е дека кога некоја ќе те пресечи ако ја пресечеш назад и ја збуниш тогаш пак се е можно...
 
П

Пепси_

кај нас ќе оде ќе те туже за силување.....какво палење какви бакрачи :facepalm:
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Покажи една ѕвезда на небото и речи:
Ја гледаш ѕвездава таа зрачи како твоите очи кој ги гледам јас.Во моментов ги гледам твоите и не можам да се воодушевам колку се сјајни и ти ја покажуваат твојата душа смирена и убава.Но знаеш за да биде таа комплетна (и се доближуваш ) треба да се стопи во моите раце,да се грижам да те мазам и да бидеш само моја.Контакт со очи е битен,немој да си тргнал поглед од нив.Не во гради не во гз туку во очи длабок поглед.Тогаш фати ја за рака и за коса и бакни ја.
Значи сум прочитала неколку мислења од тебе на темава и секогаш се газам од смеење. Па која нормална се пали на ова што си го пишал освен некоја 14 годишна лингурка... Тоа ѕвездите ти се тотално демоде, па уште ќе се топела во твоите раце. И дај молим ти се не им давај совети на луѓето што стварно имаат зорт, затоа што на овој начин можат само џебен билијард да си играат. А со тие твоите поетични испади цел живот friendzoned ќе си останеш. Многу голема филозофија како да фатиш женска, земи залапај ја таму и боље за тебе да ќутиш.
 
F

FARANG

Гостин
кај нас ќе оде ќе те туже за силување.....какво палење какви бакрачи :facepalm:
Не реков да ја нокаутираш или силуваш. Сигурно ни Емкаа нема да го осакати таман работа. Влагање у филм на фрст дејт не го бива ама вака може да биде сепак интересно.
 
Член од
27 мај 2012
Мислења
33
Поени од реакции
10
Ми се допаѓа еден дечко кој е многу помлад од мене. Всушност го имам видено само два пати... Е леле колку е сладок не можам да опишам. Не знаев како се викат денес го најдов на фејсбук преку заеднички пријатели. И како што претпоставував многу е помлад од мене. Јас имам 22 тој 18 :)
Од моето место е, чудно што го немав видено до сега сигурно живее во странство оти на сликите има коментирано италијански.
Тој е најубавиот дечко што го имам видено во животов.
Нормално ли е да ми се свиѓа со оглед на тоа што е многу помлад од мене ? И мислите можам ли да излезам со него ?
Јас мислам ќе биде многу глупаво, дека ќе се однесува ко дете а можеби ќе помисли чим излегол со постара можи ќе добие секс. Дали ќе ме покане да се видиме тоа 100% е сигурно, не се замарам со тоа друго ме мачи.
Фала на секој совет :LOL::love:
 
Да те прашам тие постарите од тебе не ти бараат секс? Излези со него види како ќе биде и тоа е тоа. 4 години си постара не е тоа некоја разлика.
 
Член од
27 мај 2012
Мислења
33
Поени од реакции
10
Да те прашам тие постарите од тебе не ти бараат секс? Излези со него види како ќе биде и тоа е тоа. 4 години си постара не е тоа некоја разлика.
Сакав да кажам кој знае што ќе помисли за мене оти сум многу постара од него. Може ќе ме смета за прелесна и ќе сака само секс. Јас само си реков а не мора да значи.
И зарем 4 години не се многу ? Тој е уште многу млад да не речам дете :)
 
Не мислам дека е толку голема разлика. Не е дете не го рамни со некој 15-16 год.

Да ќе си направи филм, ама ист филм ќе си направи секое машко независно од годините ако осети дека ти му се пушташ, такви сме ;)

Ќе си помисли тоа што мислиш ама до тебе е да му ставиш на знаење што ти мислиш. Ете постара си.

Јас само ќе ти кажам ако не преземеш нешто еден ден сигурно ќе се каеш. Пробај па ако биде биде ако не бар знаеш си дала се од себе
 
Kajgana Shop

На врв Bottom