Еве што најдов на еден блог:Искрено по читањето незнаев дали да се смеам или пак да плачам.
Јован Јованов ги пишува говорите на Ѓорѓе Иванов
Гледав пред некој ден емисија на една национална телевизија, во која гостин беше the one and only Јован Јованов. Не знам кој ѓавол ме натера да го изглеам тоа, тие 45 минути од животот нема веќе никогаш да ми се вратат, ама нејсе. Моите ставови према човекот се утврдија. Имено, во дел од разговорот, темата се сврти на неговиот дел од работата во која меѓу другото е пишување текстови за песни, односно текстописец. Почна батево да се внесува у филмот небаре автор е на Poison од Alice Cooper, и вади еден пример на маса. Вика земете го само стихот
“Итно ми требаш ти…”, па тоа е толку длабок стих, толку емотивно напишан, неверојатна дубина има у него, а ја дремам на мојата фотеља и фацата збунета исто како кога гледам емисии на Стивен Хокинг. За тие што не знаат тоа е еден од најголемите умови на денешницата и е квантен физичар. Е... изразот на лицето ми беше баш таков. Почнува мала насмевка да ми излага од лицето, чекајќи на провокација од новинарката да го спушти малце на земја. Камерата се префрла од Јованов кон водителката и јас чекам со пуна душа на тоа како ќе му го спушти. А кутрата... кутрата се топи... се влажни и доживува нирвана. А мене не ми се верува, не ми е до смеа, ми се повраќа, од ушиве крв само што не ми потекло, дури и кучево мое ги спушти ушите, а Вучјак е, не спуштаат они уши тек така.
А истиот овој филинг го доживувам кога го гледам најновиот ни кандидат на ВМРО, Ѓорѓи или-како-и-да-му-е-името Иванов. Ете од каде е мојата теза дека Јован Јованов му ги пишува говорите. Од еден претседателски кандидат се очекува со големо внимание на неговите говори, на таа порака што ќе ја каже, на поентата која ќе ја направи, на надежта што ќе ја влее. А што слушаме од овој? Дека нашава демократија била шашава ко КосмоДиск, ама функционирала. Па добро бе ММЕ, зар не го тегнат за уши у партија да не се понаша така, зар нема човек у ВМРО што им мава заучки на тие што ќе се изрезилат на телевизија, зар нема некој што му вика како и што да збори?
Астронаутите на НАСА, како дел од нивната обука спаѓа и поезијата и прозата. За да утре кога ќе се качат на месечината да ни објаснат што виделе таму, да имаат речник да ни го доловат тоа. А не да кажат, па ОК беше, убаво си поминавме.
Утре човеков треба да не претставува во странство, треба да ја долови ситуацијата тука каква што е за да се избори за работи кои и се потребни на државава. Каде со тој мутав речник? Каде со тие бисери? До кај ќе стигне со Јован Јованов?
А за тие партиски војничиња што ќе ја поебат темава и ќе зборат за речникот на Фрчко, еве ви мала провокација. Неговиот речник е таков по избор, а не поради неинвентивност или некреативност или па дека е неук. А тоа све го добивам од Иванов.
Извор
http://mojatafotelja.blog.com.mk/node/213548#new