И јас имам поделено мислење. Музичката пиратерија ја оправдувам кога станува збор за странските (светските) изведувачи зашто факт е дека стандардод на живеење неможе да ни дозволи да купуваме оригинали секојдневно (и не е до намалување на цените, секаде у свет просечна цена на оригинал е 15$), ама кога станува збор за македонски изведувачи не ја оправдувам ни најмалку. И не зборувам само за Каролина или Тоше, има огромен број на бендови кои не и се познати на пошироката јавност, ама се помачиле и издале нешто... Можеби и на тие албуми цената не е 100 денари, ама е највеќе до 300. Тоа и не е толку скапо за да неможе да се дозволи.