Јаглерод моноксид (CO) и CО2 во Скопје

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Дали некогаш сте се запрашале колку возила и асфалтирани улици има во нашево Скопје сите знаме дека речиси нема возила без катализатори но колку монооксидот е опасен за нашиот респираторен систем.

Факти за монооксидот

1)два пати е побрз од крвните клетки

2)тешко се абосбира

3)влијае на пад на хемоглобинот

4)возила на гориво се најголеми загадувачи на овој гас

Секогаш во Скопје кога температурата е повисока 32 степени има гушење на воздухот самиот асфалт емитува ЦО2 или е апсорбер штетен и тешко се дише инхалацијата на овие штетни гасови се таложи во нашиот систем нашите бели дробови ,

Дали има решение за овој проблем или воведување на некои ЕКО стандарди или можеби изградба на многу вештачки езера кои би произведувале чист кислород во летната сезона.

Ваши мислења ,добредојдени се мислења на еколози на форумот
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Дали има решение за овој проблем или воведување на некои ЕКО стандарди или можеби изградба на многу вештачки езера кои би произведувале чист кислород во летната сезона.
Сериозен си? не би рекол дека тоа ќе го направат само друг пример ќе ти наведам оди на водно застани на паркингот и кај 19 часот погледни кон железара и ќе видиш за што станува збор ... и тоа железера е во самиот град што повеќето од тоа сакаш? Пари за правење споменици има секогаш и за многу други работи но за еко стандарди тешко... дека Коце ќе даде пари не за друго тоа него не му одговара. А како и да е многу е потребно нешто да се превземе со ова бидејќи ајде лето некако нема толку многу луѓе во Скопје но за во зима е најголемиот проблем бидејќи тогаш дефинитивно се гушиме, кој живее Скопје знае како е во зима :sick:
 

Altair

Шмеќер
Член од
30 јуни 2008
Мислења
306
Поени од реакции
192
Не би рекол баш дека возилата се (нај)голем проблем бидејки само низ Европа има градови кои имаат 3-4-5 пати повеќе возила од Скопје, а имаат помало ниво на загаденост на воздухот.
Проблемот е најпрво релјефно-географски (Скопје се наоѓа во котлина - неповолно за струење на воздухот) , понатаму како што спомна членот Железера - испушта огромна количина штетни гасови , малиот број зелени површини (кои дополнително се уништуваат и понатаму) и бројни други помали загадувачи.
 

Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Аман, што е со насловот, Јаглерод моноксид се вика гасот, а не карбон моноксид.

Поправете, јаглерод моноксид и јаглерод диоксид.

Јаглерод моноксид е крвен отров, тој има поголем афинитет за врзување со хемоглобинот од кислородот, кога во воздухот има јаглерод моноксид и кислород, хемоглобинот полесно ќе се врзе со моноксидот и тоа се случува со причина, не од тепка, конформациски и енергетски секогаш полесно се образуваат карбонилни соединенија на хемоглобинот, отколку оксихемоглобин. Карбонилот што се добива е многу силен отров и најмали количества се фатални или со огромни последици по здравјето.

Јаглерод диосид од друга страна не е толку штетен, организмот добро го толерира.

Јаглерод моноксид е акутен отров, одма делува, повеќе загрижуваат ароматичните јаглеводороди што се испуштаат од согорување на горивото како и саѓите, саѓите се честички кои спаѓаат во антропогено загадување од секундарни извори, а ароматичните соединенија се оние слободни радикали што толку ги зборат...
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
КАРБОН МОНООКСИ И ДИОКСИД ако треба да го смениме во јаглерод мислам дека не треба збориме за емисија на штетни гасови преку автомобилите.


--- надополнето: 4 август 2013 во 14:45 ---
Не би рекол баш дека возилата се (нај)голем проблем бидејки само низ Европа има градови кои имаат 3-4-5 пати повеќе возила од Скопје, а имаат помало ниво на загаденост на воздухот.
Проблемот е најпрво релјефно-географски (Скопје се наоѓа во котлина - неповолно за струење на воздухот) , понатаму како што спомна членот Железера - испушта огромна количина штетни гасови , малиот број зелени површини (кои дополнително се уништуваат и понатаму) и бројни други помали загадувачи.


Добро се си влијае сендвичари ,ресторани скараџии, индустриски објекти кои не би требало да бидат во градот подалеку од 5 километри и ред други работи.

Но клучот е во возилата земете на пример во Охрид колку малку возила има и е почист воздухот а езерото дава кислород.

Зошто и СКопје да не превземе нешто околу тоа океј за споменици ама ова е важно апел до сите институции владини невладини
 

Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Ајде молим ти се, carbon е англискиот назив, зашто да користиш англиски збор кога во нашиот литературен јазик има соодветен збор: јаглерод.

Воошто хемиската номенклатура е многу строга по тоа прашање. Вака изгледа крајно неточно. Јаглерод моноксид и јаглерод диоксид се македонските називи, carbon monoxide and carbon dioxide се странски.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Ајде молим ти се, carbon е англискиот назив, зашто да користиш англиски збор кога во нашиот литературен јазик има соодветен збор: јаглерод.

Воошто хемиската номенклатура е многу строга по тоа прашање. Вака изгледа крајно неточно. Јаглерод моноксид и јаглерод диоксид се македонските називи, carbon monoxide and carbon dioxide се странски.


Прифатено
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Зошто и СКопје да не превземе нешто околу тоа океј за споменици ама ова е важно апел до сите институции владини невладини
Имаше и тема тука за мерач на загаденост на воздухот во Скопје, Коце наш не знаеше дека постои и од кога дозна мистериозно исченаа сите траги од сајтот.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Факти за монооксидот

1)два пати е побрз од крвните клетки

2)тешко се абосбира

3)влијае на пад на хемоглобинот

4)возила на гориво се најголеми загадувачи на овој гас
1) како може гас да биде побрз од крвни клетки? Мешаш баби и жаби

2) напротив, многу лесно се апсорбира од крвните клетки (како што објасни Грегор)

3) ова би требало да е точно

4) поправено: возила на гориво се најголеми создавачи на овој гас, возилата го создаваат гасот, не го загадуваат гасот
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Начини на кои влијае сообраќајот врз загадувањето на воздухот.

Видови на емисии
Како резултат на споредните продукти од процесот на согорување на горивото, кај возилата се јавуваат три вида на емисии:
„топли“ емисии
емисии при ладен старт
испарувачки емисии.

„Топлите“ емисии и емисиите при ладен старт претставуваат издувни емисии, кои се емитираат за време на движењето на возилата. Издувните емисии го сочинуваат најголемиот дел (95-99%) од вкупните емисии кај секое возило.
„Топлите“ издувни емисии настануваат кога моторот на возилото и системот за контрола на емисиите работат со полна оперативна температура, односно се наоѓаат во нормална оперативна состојба.
Емисиите при ладен старт настануваат доколку температурите на моторот и на системот за контрола на емисиите се наоѓаат помеѓу амбиенталната температура и нивната полна оперативна температура. Значи, овие емисии настануваат ако моторот работи под неговата оптимална температура.
Појавата на емисиите при ладен старт главно се припишува на урбаното возење, затоа што се претпоставува дека најголемиот дел од патувањата започнуваат во урбаните области. Со тоа се придонесува за повисоки новоа на загадување во овие области.
Испарувачките емисии настануваат при полнење на гориво, за време на мирување на возилото (дневни загуби), за време на работата (загуби при движење) и непосредно по употребата на возилото. Испарувањата настануваат од горивото, и тоа од резервоарот за гориво, како и од системот за запалување на горивната смеса. Генерално, испарувачките емисии најмногу зависат од температурата на воздухот: ако температурата е повисока, продуцирани се повисоки емисии.
Другите испарувачки емисии од возилата може да бидат дополнително создадени од пневматиците, бојата, пластичните компоненти и адитиви и сл., но тие имаат послаб интензитет, а со тоа и помало влијание во животната средина.

Секоја од овие компоненти на емисии е под влијание на повеќе фактори, кои го модифицираат и специфицираат квантитетот и квалитетот на емисиите во реалниуслови на движење


Влијателни фактори во процесот на создавање на издувни емисии
Издувните емисии од возилата имаат клучна улога во моделирањето на загаденоста на воздухот од сообраќајот. Издувните емисии претставуваат износ на одреден загадувач (пр., изразен во грама), кој е емитиран во единица време (пр., секунда) или на растојание (пр., километар).
Прецизноста во пресметките на емисиите од сообраќајот е важна за успехот на секој проект или студија за моделирање на квалитетот на воздухот. Но, проценката на видот и квантитетот на загадувачите емитирани од издувните емисии од возилата, како и проценката на нивната дисперзија и трансформација во урбан размер е комплексна. Ваквата комплексност се јавува затоа што концентрацијата и дистрибуцијата на издувните емисии варираат во зависност од повеќе фактори, како што се сообраќаен проток, сообраќајна густина, брзина на токот и структура на токот на сообраќајот.
Влијанието на секој од овие фактори, самостојно или во комбинација, предизвикува различен износ на емисии од исто возило.
Екстерните фактори, како што се амбиенталната температура, притисок, влажност и др., исто така влијаат на создавањето на издувните емисии. На пр., пониската амбиентална температура има влијание врз температурата на палење на моторот, како и на неговото ладење, со што има влијание врз нивото на емисии. Значи, при пониски амбиентални температури емисиите се повисоки.
Износот на загадувачките емисии е особено зависен од начинот на работење на возилото. Највисоки емисии на јаглероден моноксид и јаглеводороди настануваат при ниски просечни брзини, вообичаени за урбано возење, кое се карактеризира со фреквентни тргнувања и застанувања, забрзувања и забавувања. При повисоки просечни брзини, се подобрува ефикасноста на моторот и емисиите се редуцираат со изминатото растојание. Со зголемувањето на температурата на моторот при вакви поголеми просечни брзини (кога потрошувачката на гориво во единица време е висока), се зголемува концентрацијата на азотни оксиди.
Поголемиот дел од урбаните патувања покриваат растојанија помали од 6 километри. Ефективноста на каталитичките конвертори во почетните моменти на работа на моторот е мала, па затоа во урбаните области просечната емисија на изминато растојание е многу висока. Околу 90% од загадувачите се емитирани во првите 200 секунди по почетното палење, кога каталитичките конвертори сè уште не ја имаат постигнато својата полна оперативна температура.

Возилата кои се несоодветно одржувани и кои немаат систем за прочистување на издувните емисии се одговорни за голем дел од загадувачките емисии. Ова посебно е случај во неразвиените земји и земјите во развој, каде соодветно на лошото одржување и на отсуството или застареноста на системот за прочистување на издувните емисии, релативно мал број на возила во сообраќајните токови се одговорни за голем дел од емисиите.


Факторите кои влијаат врз дисперзијата на загадувачите во воздухот и генерално може да се сумираат на следните видови:
метеоролошки податоци;
податоци за локалната топографија (рамничарски или ритчест терен
геометриски карактеристики на „урбаниот кањон“ и на улиците и сл.)
сообраќајни податоци за деловите од патната мрежа каде се врши моделирање
податоци за емисионите фактори (според категоријата на возила, типот на патот, годината и годишната сезона)
податоци за амбиенталните (позадински) концентрации на загадувачите,

податоци за мрежата од локации на рецепторите.
--- надополнето: 4 август 2013 во 15:00 ---
ова ми беше дел од еден проект кој го правев за изградба на Гео Информационен Систем околу оваа тема.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Броилото што беше поставено од Град Скопје откако покажуваше највисоки вредности се решија да ја известат јавноста прво дека не работи, па после веројатно и го отстранија. Во зимо е многу поголем проблемот отколку лете. И зошто само возилата ги земате за репер, тука се лош јавен сообраќај, само аутобуси, нема шински сообраќај и фабриките пред се Усје, Железара кои се веднаш до градското јадро. Исто и греењето на мазут и на дрва во зимо загадува.
 

Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Еве интересен график што се случува со телото при зголемување на концентрацијата на CO, ppm значи parts per million, односно концентрација на СО од 1mg/L.

 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
1)
3) ова би требало да е точно

Не дека го намалува хемоглобинот, туку со него формира соединение кое е постабилно , т.е. го „блокира“ хемоглобинот, па повратното врзување на кислород и јаглерод диоксид со хемоглобинот станува невозможно и на тој начин, невозможно станува ослободувањето на ткивата од јаглероден диоксид и транспортот на кислород до нив.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Дали има решение за овој проблем или воведување на некои ЕКО стандарди или можеби изградба на многу вештачки езера кои би произведувале чист кислород во летната сезона.

Ваши мислења ,добредојдени се мислења на еколози на форумот
германците проблемов ќе го решат- со диво никнатите растенија по рабовите на улиците, парковите
нема повеќе да ги искоренуваат , туку напротив ќе ги оставаат самоникнатите растенија- ниските џбунови и треви - но ќе ги подотеруваат од време на време- откако сфатија дека токму тие растенија се главните очистители на воздухот
доколку ја најдам статијата ќе ја постирам овде
--- надополнето: 4 август 2013 во 17:24 ---
.
.
.еве
Првите резултати по четири години: троската се покажа како добар апсорбирач на прашина. Слично и пелинот, глуварчето и детелината. Резиме на д-р Ина Зојмел, екологист од Техничкиот универзитет во Берлин:
„Нашите испитувања покажаа дека колку повеќе сообраќај има во некоја улица, толку повеќе прашина се собира на површината на листовите“.
Посебно многу прашина собираат лисјата со густи влакненца. А, колку е поразновидна височината, колку се поразлични видовите, толку подобра е функцијата на филтрирање.
„Според нашите истражувања, англиската трева е непогодна, исто и насадите од цвеќе од еден вид. Подобра е дива и бујна вегетација по рабовите на улиците, која може да извршува повеќекратни функции на прочистување на воздухот“, вели д-р Зојмел.
„Дивите растенија изгледаат дури и убаво. Ме радува ова зеленило. Мислам дека би било поубаво ако биде малку поуредено“, велат граѓаните.
Берлин има околу 5.300 километри долга сообраќајна мрежа. Насекаде каде има возила, настануваат штетни гасови и отровни честички.
Невидливите, малечки честички долго лебдат во воздухот и можат да бидат вдишени.
http://www.dw.de/дивите-растенија-градски-бели-дробови/a-16986720
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
MajMyH
баш ова многу ме интересира што го пишуваш,
(ама не знам да пишам на ПП-но можам да одговорам)
Да напишеш нешто повеќе за работа на моторните возила во затворен простор-погон.
Тоа се најчесто-дизел мотори и нивното штетно влијание на квалитетот на воздухот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom