Абе сега кога се враќав од школо еден хендикепиран дечко седна во козле кај кам маркет јас бев фатен за шипката до него... го погледнав и ми падна жал , имаше некоја болест беше цел искривен и неможеше ни да оди убаво а камоли да стои во луда 57ица. Не е битно , кај бирото за вработување (ваљда е тоа) влезе една жена која имаше некои 40-50 години и му рече на дечково "Стани да седне постар човек што е ова некултура" Заборавив да напоменам дека 57мицата беше ФУЛ. Дечкото ја погледна и веднаш стана исплашено. Изреагирав веднаш, да бев само јас... беа сигурно некојси 20 души (македонци албанци ... све) кои ја напраија од гомно подолу и жената се симна а на дечкото му беше срам да седи , додека еден старец не го седна до него замолувајќи ја жената да седне на местото каде што предходно седеше хендикепираниот ... му направи муабет и го смири. Жалосно... порано имало многу повеќе респект а сега баби те тепаат со пиперки , жени ти се дерат и ако стоиш и ако седиш. Да појаснам.
Пак ја у школо идам , петок беше и гага им е на старците... една жена постара така , влезе на рекорд таман ја тргнав ташната за да седнам ја видов и и го отстапив местото, се свртев на другата страна зашо неможев да го мирисам нејзиниот опоен лук кој не можеше да биде победен од 2 отворени прозори ... негде кај хотел карпош осетив дека некој ме бутка и истата жена на која и го отстапив местото ми вика , ти бушаво дете не гледаш ли дека некој треба да се симнува (значи ја стоев) а госпожата неможела да помине од мене. Ми пукна филмот , кај уште и отстапувам место да иде дома да си ја прчи а ја у школо 7 саата ... уште ми се дере што стојам , ми РИКНА филмот и почнав да и гровлам (дерам) у фаца. Па све све ама тоа не... не се гордеам со мојата постапка ама дајте бре... па мајку му стара никој не можеш да задоволиш. Од тој ден не станувам на баби , само на дедовци и дечиња шо неможат да стојат или трудни мајки , мајки со деца , убави девојчиња
:kesa:Тоа е тоа пријатели ЈСП , шо ке праиш! :salut: