Конечно нешто убаво да ми се деси, па малце оптимизам да внесам. 5 минути на автобуска ми беа доволни да сфатам дека овие 10 старци што најверојатно чекаат 19ка ќе замараат многу ако бидеме у ист автобус. И така си ја чекам 19ката за да стигнам до факултет, истовремено нервозен пошто малце каснам. У меѓувреме го слушав муабетот на една баба и еден дедо кои се гледа дека секој ден истиот муабет го тераат. Муабетот секако беше... младината и интернетот.
Еее... на бабата внучињата цело време седеле пред компјутер, одговарале само со да и не кога ќе биле прашани, ништо друго не правеле, ни телевизија да погледнат, ни книга да читнат. Цело време игри некои играле и не се социјализирале со никој. Па демек им кажале да седнат малце барем на телевизор некои вести да слушнат, они кажале дека читале за такви работи на интернетот. А интернетот? Пфф... па интернетот е место кај што се закачуваат само будали и пишуваат разни глупости (слично на мубетот со дрога клавет во пијачките), за наивни млади ко нив да читаат. У денешно време имало колку сакаш книги, па овие само лектири читале, друго ништо. Демек книги пишуваат само нормални, угледни луѓе, а у книга не можеш да прочиташ бетер глупости од на интернет ако не знаеш од кој автор читаш, туку ајде. А што правела младината кога не била на компјутер? Седела на интернет на телефоните. Многу бев блиску до тоа малце да ги чачнам да ги прашам од кај им се телефоните тогаш, кој им ги купил, пошто ја сум со истиот телефон на дугмиња и без интернет од седмо одделение, и не би ни сакал поинаков. И кој е крив за тоа што внуците не ти се социјализираат со никој? Кој ги научил така, м? Кој не ги упатил да читнат некое книгиче? Кој ги контролира да не читаат самоубиствени теми на интернет, или пак да се упознаваат со сомнителни ликови кои ќе те ограбат? Они сами треба да го знаат тоа, или некој што знае да ги упати? Дали се они криви, или некој што живее со нив у иста куќа, во иста фамилија? Али не, тоа е стандардниот факт меѓу епидемијата у ЈСП (за која патем е крива владата, не они). Младината е крива, младината е забегана. Точка. Некој да каже нешто за оправување? Јок! Младината е крива! Пред да се прашаш што прави твојот потомок што ти живее у иста куќа, првин прашај се како си го ВОСПИТАЛ. Пошто лесно е да кажеш вакви се, такви се, али кога ќе те прашаат зашто се такви, ти место да посочиш дека такви се ради децата со кои се дружат, треба малце да се потпрашаш себе. Не можеш да го спречиш седењето на интернет, ама можеш да ги научиш на други корисни работи, место да мрчиш цело време ко стар бабуљок. Али никој не се прашува тоа, нели? Битно ти се возиш низ град гага пошто немаш попаметна работа. Имаш туку... не си свесен дека ја имаш.
Кога гледам иде државна 19ка, се осетив ко со камен да ме акнале што ќе треба да го слушам ова едно 10 станици. Али на моја среќа, осеќајки се како да сум бил роб од Африка кој црнчел и робувал во Алабама, зад неа видов приватна 19ка која во моментот ми заличе на Абрахам Линколн (не дека беше грда, туку метафорички), спасителот на гревовите на кутриот црнец, заеби ти Исус. Приватни автобуси - Спас за младината.
(само некад се педери што не пуштаат луѓе со слободни, али ајде, да го занемариме тоа овојпат)
П.с Ова ми беше I needed to get it out of my chest, па не е баш тачно у рамките на темата али немав кај на друго место, затоа простете ако е оф-топик.