Мистеријата на “Ѓаволскиот Ѕид”
http://taraba.com.mk/?p=1709
Малку познатитот македонски раритет “Ѓаволскиот ѕид” се наоѓа на петнаесетина километри јужно од Свети Николе, на јужната страна на ниската планина Богословец и покрај самиот десен брег на реката Брегалница.
Од магистралниот пат Велес – Штип е оддалечен околу седум километри на југ и до него водат, наЈпрвин макадамски, а потоа излокан земјен пат и од намерникот бараат и добро теренско возило и добра физичка кондиција зашто и најупорните ќе мораат да изодат пеш околу еден километар. Восхитувачката глетка што ќе се отвори пред намерникот ќе биде доволна награда за неговата упорност. Неговата отмена слабо потемнета бела боја, грдандиозниот изглед, неговото мистично молчење без никаква резерва го одземаат здивот на секој намерник, без исклучок. Сино-зелените води на овде немирната Брегалница во неговото подножје, гордото молчење на врвот “Свети Јован” на планианта Богословец, далечните сиви планини само ја дополнуват оваа прекрасна и мистична глетка.
- Ѓаволскитот Ѕид,- ќе запише во своите спомени, пред отприлика сто години, д-р Александадр Балабанов, познат класичен филолог и универзитетски професор во Лајпциг,- е чудо какво не постои во светот, но, ние, Македионците, како и секогаш, не знаеме да ја цениме таа убавина и оригиналност.
Кога во веќе далечната 1970 година, познатиот археолог од Белград Милутни Гарашанин, случајно наиде на овој Ѕид восихитено изјави:
- Ова е неверојатно! Ова е генијално дело, сеедно дали на природата или на човекот! Ова е светско чудо!
Овој импонзантен ѕид е изразито забележителен во должина од петстотини метри во правец на протегањето на “Богослвоец”, и вдолж дес-ниот брег на Брегалница а негови траги можат да се забележат дури и пет километри кон запад. Траги од ѕидот можат да се забележат и на левиот брег на Брегалница кои асоцираат на единсвеност на Ѕидот. Просечната височина се движи од 10 до 12 метри, а широк околу 2 метри. Градбата е изведена со камени блокови со просечна зафатни – на од 4 кубни метри, а помеѓу нанесе-ните камења се наоѓа тенка, црвеникава врзивна материја вешто нанесена од вештиот грдител.
П о т е к л о
Околу потеклото на овој во секој поглед монумент постојат разни гледишта. Дел од науката тврди дека станува за природна појава, односно дека ѕидот настанал со ерозија на околното земјиште. Според нив како “автор” на овој Ѕид е неуморниот неимар – природата, која овде, како ретко каде создала ремек дело. Наспроти ова тврдење има научници кои тврдат дека станува збор за градба, а не за природен феномен. Кон ова тврдење тие го наведуваат фактот дека такви камења како на градбата не постојат во неј-зината околина, потоа неверојатната вештина во градењето и постоењето на тенок врзивен материјал со црвена боја. Истовремено ваквата претпоставка наметнува дилеми околу тоа како се изведувало градењето бидејќи ѕидот се наоѓа на изразито тешко пристапен терен. До него, велат тие, тешко се стиг-нува пеш и донесувањето наогромните камења кои тежат и по четири тона барало и соодветна техника и соодветно умеење на градителите. Всушност, велат бранителите на овааа теза, тоа е еден од елементите што овој Ѕид го прават мистичен.