Да спомнам и јас нешто за ѕидов.
Прво, како до него?
Од Скопје одите по патот за Штип, кога ќе го поминете Велес, на половина пат до Штип, доаѓате на раскрсница (лево Св.Николе, право Штип, десно Богословец), одите за селото Богословец, патот е земјен (селаните одат со Фиќо, не препорачувам понова кола). Кога ќе стигнете во селото Богословец, патот продолжува - до каде незнам (можеби го кружи врвот Св.Јован/Богословец). После селото по истиот пат се доаѓа до Гелева Чешма, од чешмата се протега длабок дол во правец југоисток (ја дели планината). По тој дол ќе стигнете на превој помегу двата врва и од тука надолу кон реката Брегалница, по патот надолу неможе да го утнете ѕидот. Потребно е час и половина во еден правец лесно темпо (ние го поминавме за 45мин.). Ние одевме така бидејки незнаев дали патот оди поблиску до ѕидот, локални луѓе не сретнавме да прашаме. Може и да постои пократок пат, но сепак ја штедевме колата, а и незнаев дали е поблиску до врвот или реката. Ѕидот е на 500м од реката Брегалница.
Дали е градба?
Ова на сликите е најголемото парче од ѕидот, има уште едно вакво и тоа ни открива дека е природна креација. Во долниот дел на другото парче камењата преоѓаат во една монолитна карпа која пак пропаѓа во земјата.
Камењата се на квалитет како оние од Куклици, мек е каменот, не ми се верува некој да градел со таков камен.
Човечка рака?
Интересно е што таков состав на карпа во околината нема, земјата е црвена, и можеби некој на веке постоечка карпа доградувал. Но со која намена?
Како и да е, интересно изгледа, и како природна креација треба да го цениме како уште повредно, бидејки е светски раритет.
Приказните околу него се уште поинтересни, а паганските верувања околу истиот уште поважни.
Со еден збор треба да го чуваме!
Благодарам до Кајгана што направи мала промоција на Ѓаволскиот Ѕид или како што јас си го нареков ЅЛОЅИД.