Штета е што А Boy and His Dog не го знаат повеќе луѓе. Не сум видел нигде да се збори за него. А мене на Мтв ми беше гледан првпат. Едно време само во 3 сабајле го даваа.
Чекај сериозно ова со продолѓениево на Twins?
И зошто бе шо му фали на филмот, баш лајт филмче, без многу мислење да седнеш да го гледаш и да го пустиш мозокот на пасење
Сакам да се зачленам на стрип зона форумов што е, ама не разбирам каков е тој меил од вашиот интернет провајдер, треба да се јавам на кабелскиов оператор за да ми креираат или...?
Пеколен портокал и фајт клуб ги немам читано,а сакам да ги земам само не знам дали ги има во библиотека, ја купив Жената на францускиот поручник (од истиот филм) па не ми се даваат уште денарос
Уште тоа ми фалеше, почнав и стрипови да читам, препорачај нешто!
Божиќна приказна е сигурно најдобриот филм за зимскиве празници, класика. Првпат сега си го гледал? Како издржуваш 3 месеци филм да не гледаш, ја ако не изгледам барем еден у неделата се осеќам празно , ко нешто да ми фали
Не ме замараш, уживај Очигледно ти си ја забележал сличноста зошто пред изгубени во преводот си го гледал кар ваи, ја обратно. Баш ќе го погледнам уште еднаш филмов на копола,сега кога сум запознаена со кар ваи.
П.С. Го гледаше опасен метод на кроненберг? Од тебе прочитав дека и син му тргнал по стапките на тато
Па добро сега, и помогнал заедно со годар за филмот, плус Кар Ваи и послужил како инспирација, не дека крадела. Сепак да се спореди филмов со in the mood for love или било што од него е жалосно.
Ја пак имам прочитано дека на Софија Копола како инспирација за Изгубени во преводот и послужил разводот со сопругот(режисер) кој ја варал со Камерон Дијаз, у приказнава на филмот Јохансон всушност е Копола
Фала за филмот, кога го спомнавме Кар Ваи и последниов филм што ќе го снима ми дојде желба да погледнам некој таков, а освен Crouching tiger hidden dragon немам изгледано ниеден. Освен овој ќе го симнам и Hero со Џет Ли. Мене не ми пречи што нема некоја приказна во филмот, поважно ми е како камерата ќе ги фати боречките вештини.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.
http://img827.imageshack.us/img827/9492/preacherissue13page20of.jpg