Kaжи зошто секојпат кога ќе се уклучам на форумот, доаѓам на твојот профил? Ме влече потреба да го истражам одново и одново по милионити пат, да проверам да не има нешто што сум го пропуштила, некој знак, некоја скриена порака, некој поздрав, нешто повеќе, нешто ново........те молам знај колку многу ми недостигаш! Се плашам дека полека ќе заборавам се што сме поминале заедно, и после веќе ќе нема кој да ги оживее моментите.......не дозволувај да ми се случи тоа, да не можам да се сетам на се што ми подари!