Воглавно си у право. Дефинитивно состојбата моментално не е како што беше пред неколку години. Само далеку од вистината е дека Комити се полураспаднати. Распаднати групи не функционираат и не идат на утакмици на подолги периоди. Пример Мајмуни, Вампири/Гемиџии, Лавови па и Кумани што ги немаше 10 години пред да се вратат. Тоа ти е распад на група. Комити моментално имаат слаби изданија во споредба со порано но како така групата функционира и е активна. Исто и со ФА и ЦПБ, не се распаднати но се далеку од тоа што некад беа, али колку толку си функционираат.
А за пикот на генерацијата можда си у право. Тие што се по 20-30 год и што треба да се пример на новите генерации се повеќе и повеќе ги нема. Или се отселија или пак ради фамилија и некои други обврски неќат да се замараат. Второто и не е некое оправдување затоа што гледаме како други групи надвор од Мк функционираат, а сигурно и тие ги имаат истите проблеми. Едноставно младите се помалку ги интересира навивачкиот живот, а тие генерации кои уште го живеат пополека се гасат.
Порано коа бевме деца таму негде до 17-18 год ги гледавме ко богови маалците навивачи што беа постари. Коа ние стигнавме таму негде 25 год ги почитувавме постарите додека децата нас не слушаа и на нас се угледуваа. Сеа коа догуравме накај 35 плус минус ко да ги нема тие средно-млади кои треба да ја носат групата. Деца има но на жалост не се задржуваат, сезона две и ги снемува што е и нормално во оваа ситуација коа нема на кој да ти биде пример, а времето денес е брзо, со интернет и и технологијава. Денес на интернет на 15 години можеш да направиш пари ако си вирален. Во наше врме тоа го немаше и имавме слободно време да се замараме со навивање. Денес децата па и генерациите 20-30 што треба да ги водат групите тоа го гледаат ко губење време и клошаризам. У наше време ко деца идоли ни беа постарите навивачи, денес идоли на децата им се јутубери и тиктокери и нормално дека таму ке им иде интересот. Којзнае, можда сум и грешка, времето ќе покаже.


