Постови на неделата

Недела до 13 јуни 2026

Недела до 6 јуни 2026

ТИФОМАНИЈА!

ТИФОМАНИЈА!

ЕХФ КУП ФИНАЛЕ (31.05.2026)

Емоциите не стивнуваат. И веќе трет ден, истата енергија сè уште се чувствува. Големо славење што траеше од мрак до зори. Охрид е европски шампион!

Одличната игра на нашите момци преку цела сезона, вроди со плод. Охрид го оствари својот европски сон, а покрај големиот ангажман од страна на играчите што оставија срце на теренот, ние исто така бевме достоинствен осми играч.

Фантастично издание на групата проследено со големо кортео, пиротехничко шоу и кореографија во сала.

Да ни се множат титулите и да славиме за уште поголеми успеси!

ТИФОМАНИЈА!

39 ГОДИНИ КОМИТИ ЗАПАД |
РЕЗИМЕ СЕЗОНА 2025/2026

НАТПРЕВАРИ / ДОМА-ГОСТИ

Групата беше присутна на 45 натпревари!
*29 фудбалски и 16 ракометни натпревари.

Вкупно број на гостувања: 13
*9 фудбалски и 4 ракометни гостувања

Натпреварите против екипите од Скопје на кои гостуваше нашиот клуб не се вбројани, додека оваа сезона имавме добра бројка на европските гостувања како на фудбалските, така и на еден од ракометните натпревари против екипата на Мелсунген.

Обработени беа двата европски натпревари против Ла Фиорита и Лозана. На првата иако беше се решено во Скопје, во Сан Марино се упатија стотина членови на групата. Екипите се сместија некој ден порано, а главна точка беше Римини. Цел ден навивање, песна како и кортео до стадионот, каде заедно со УГЕ го бодревме клубот до победа. Покрај одлично навивање, имаше и солидно пиро шоу.

Против Лозана, во бројка слична на таа која беше во Сан Марино пристигнавме дента на натпреварот. Кортео, песна и пиро низ град, а вечерта заедно со УГЕ на стадион. Имаше обид од наша страна да организираме една средба со локалната тифо група но по нивна желба, не дојде до тоа.

Групата исто така гостуваше и три пати на натпреварите на Тетекс и Шалке 04 во знак на поддршка за братските клубови и групи.

ФК Тетекс - ФК Слога Виница (14.09.2026)
ФК Хановер - ФК Шалке 04 (17.10.2026)
ФК Шалке 04-ФК Динамо Дрезден (7.2.2026)

КОРЕОГРАФИИ И ПИРО СПЕКТАКЛИ

Групата реализираше 18 кореографии како и 17 пиро спектакли на домашните натпревари но и на гостински терен. Фокусот сезонава
беше ставен на тоа да се зголеми бројот на корео и пиро во рамки на еден натпревар и што е можно повеќе да се допринесе кон тоа тие 90 минути да бидат исполнети со голем број на навивачки моменти. Целта беше да се издигне групата на едно повисоко ниво, нешто што во голема мера успеавме да го достигнеме, а зацртаното да го оствариме.

Со големата кореографија против Лозана на цел коп, најавивме уште една доминантна и пеколна комитска сезона, која започна веќе со првиот натпревар против Пелистер на кој беше кренато најголемото цртано покривно знаме на групата, а покрај тоа имаше и два пиро спектакли. Потоа следуваше солидна низа на корео/пиро изданија на речиси секој натпревар. Вреди да се истакне кореото и пиро издание против Работнички кога беше реализирана доста комплицирано корео кое бараше од секој член големо внимамие, а самиот коп беше поделен на четири посебни дела. На крајот се испадна како што треба, западот гореше а кореото уште еднаш ја докажа доминацијата и нивото на групата. Строј а не број!

Покрај најголемото цртано покривно знаме, сезонава на натпреварот против Слога ЈМ, кренато беше и најголемото покривно знаме на најлон, буквално на цел стадион на ФФМ, по што следуваше и димнијада околу целиот стадион. Уште еден голем момент за групата која во текот на целата сезона како на дерби дуелите така на натпреварите со останатите противници, забележа солидни и креативни изданија - ,, За Вардар пееме од нозе мали” против Башкими и ,,Вардарови востаници” против екипата на Работнички.

Покрај тоа, сезонава реализиравме и корео на гостувањето во Битола, одиграно во прва полусезона (05.11.2026 година) каде и покрај тоа што се играше во среда, три автобуси со Комити беа на трибините, како поддршка за клубот во борбата за победа!

Кулминацијата на изданијата сезонава беа завршните натпревари против ГФК Тиквеш, РК Еурофарм Пелистер и финалето против Шкендија. Против ГФК Тиквеш беа кренати пет кореографии, што е историја не само за групата туку и за целата тифо сцена, нешто досега невидено кај нас, а секоја од нив со посебен печат и посебна симболика. Вреди да се спомене покривното знаме кое беше составено со делчиња од сите досегашни кореографии со паролата на ограда ,,Немам око склопено”, а понатаму и сите останати (,,ТИФО Генератори”, ,,Молерите” и кореото со двомотките), додека посебен елемент на изданието беше и ретро димнијадата.

Против РК Еурофарм Пелистер беше кренато големо цртано покривно знаме на целата трибина, а во финалето на сезоната против Шкендија беше реализирано кореото со ликот на Исус и парола на ограда ,,Боже чувај го Вардар и Македонија”. Солиден број на запад по што следуваше големо пиро шоу и прослава во парк.

МОБИЛИЗАЦИЈА

Важен сегмент на кој подолг период исто му се придава важност па така и оваа сезона во пресрет на голем број на натпревари имаше и голем број на акции за мобилизација преку кои се поттикнуваа членовите и екипите да работат повеќе и да присуствуваат како на натпреварите, така и на акциите на групата.

Со тек на време овие потези допринесуваат многу, па така најавата пред натпреварот со Ла Фиорита, на само ден пред почетокот на натпреварот, кога имаше само 700 билети продадени, допринесе утредента на стадион да се појават неколку илјади навивачи.

Понатаму, пред натпреварот против Слога ЈМ на ФФМ стадионот беа запалени бакљи во формата на број 1 со што на секој начин се трудевме да мобилизираме и на нашите членови да им ја доближиме борбата која ја водеше групата.

Пред почетокот на втората полусезона беше реализирана акцијата ,,Почнува сезона ќе те видам пак” на која присуствуваа добар број на членови, како најава за полусезоната.

Во таа насока, пред натпреварот против Шкендија имавме отворен состанок, а потоа
како за крај на сезонава го имавме можеби и најголемиот караван на нашата група на кој присуствуваа повеќе од 200 навивачи на клубот и над 100 автомобили.

Важно е да се напомене дека покрај овие главни акции на групата, подгрупите беа на висина на задачата и во континуитет имавме најави од различни страни на градот, што е секогаш најголемиот успех за една група, а тоа е самоиницијативноста на членовите.

МАРКЕТИНГ НА ГРУПАТА

*Нови маички - 3.6.2025
*Нови шалови ,,костур” - 5.6.2025
*нови налепници - 27.06.2025
*нови пешкири 1987 - 1.7.2025
*нови налепници - 28.08.2025
*нови маички ,,Со тебе ќе бидам” - 7.9.2025
*нови шалови ,,за името свето” - 28.10.2025
*нови тренерки ,,1987” - 11.11.2025
*нови бандани ,,ноќна мора/VC” -
*нови ткаени прешивачи - 13.12.2025
*нови маички ,,Богојавление” - 11.01.2026
*нови налепници ,,Вез” - 13.02.2025
*нови селотејпи - 22.04.2025
*нови шалови ,,Вез” - 23.04.2025
*нови маички ,,Вардарови Востаници” 8.5.26
*нови налепници - 17.05.2026

ГРАФИТИ

Сезонава се нацртани вкупно 33 графити, а покрај тоа е реализирана уште една акција, историска за групата, под името ,,Ултра 500 трансформатори” со која беа системски обоени повеќе од 500 трансформатори во Скопје за само два месеци и со тоа градот доби уште еден препознатлив црвено-црн печат.

АКТИВНОСТИ НА ГРУПАТА

,,Биди член - секој ден” - 24.08.2025
Една од најуспешните акции кога станува збор за продажба на членски карти.

,,Во чест на отсутните” - 22.12.2025
Традиционално во чест на сите членови кои не се повеќе дел од нас, беше организиран ревијален хуманитарен натпревар.

Подгрупата Комити Лисиче донираше 300 новогодишни пакети за деца во црквата Св. ,,Петар и Павле” во Скопје. (24.12.2025)

Покрај натпреварите за бодови и титула, бевме присутни во Кочани на хуманитарен натпревар против ГФК Осогово, на кој како група купениот дрес на лицитација решивме да го подариме на млад локален навивач. (07.02.2026)

ЗА ТАТКОВИНАТА

Делегација на групата во неколку наврати присуствуваше на одбележувањата во чест на македонските херои кои дале допринос во борбата за Македонија!

Делегација на групата положи свежо цвеќе пред споменикот на Македонските херои во Волково, Скопје во чест на сите херои кои за време на војната во 2001 година ги положија своите животи при одбраната на Македонија (10.08.2025).

Во чест на 119 години од смртта на Даме Груев, положивме свежо цвеќе во селото Русиново (26.12.2025).

Во чест на 154 години од раѓањето на Гоце Делчев, групата положи цвеќе во црквата Св. Спас во Скопје, на (02.04.2025)

Традиционално групата присуствуваше и во Мелник, Пиринска Македонија, каде нашата поддршка е и повеќе од неопходна, на сите нас. Во чест на Јане Сандански и во знак на поддршка на Македонците со кои веќе долг период соработуваме во насока на ширење на македонската кауза! (26.04.2026)

Во чест на одбележувањето на смртта на Гоце Делчев, групата положи свежо цвеќе пред неговиот гроб во црквата Св. Спас во Скопје (04.05.2026)

БОРБАТА НА СТРОЈОТ ПРОДОЛЖУВА!
Следува летото и нови активности!
rezime.jpg

ТИФОМАНИЈА!

Откако се смири малце форумов да објавиме дека не беа само зелено-белите дијаспорци активни викендов.
И ние присуствуваме на традиционалниот турнир во фудбал на УГЕ во Гелзенкирхен.
Припрема за она што следува летово на европска сцена. Добра дружба, малку фудбал и многу пиво.
Одлична организација на домаќините(како и секогаш), штандови за храна, пијалоци и риквизити. Музика и забава за сите генерации.
Две работи кои ми оставија впечаток и сакам да ги споделам од кои сум едноставно фасциниран и не верувам дека кај нас некогаш ќе функционираат.

Првата - Хиерархија и почит во група
При еден натпревар на две за мене не пзонати, а за вас исто така не битни екипи дојде до малку по груб фаул од позади(малку повеќе). Играчот што фаулираше веднаш се извини, но фаулираниот не го прифаќаше извинувањето. Играта си продолжи без никаква тензија, никој од останатите играчи не беше лут и агресивен. Натпреварот си заврши и екипите се поздравија на крајот. Фаулираниот играч сеуште не беше задоволен од подадената рака од противникот и инсистираше они да се тргнат на страна за да разговараат иако неговите соиграчи го тргаа. Во целите 20-30 секунди од поздравувањето/мешаницата од трибина се симнаа двајца од Hools екипата и се упатија кон фаулираниот. Разговараа многу кратко, најверојатно на нивното прашање он даде погрешен одговор и доби набрзинка 2 воспитни, му беше покажан патот кон соблекувалните и тоа беше тоа. Баш ги броев екипите, едните беа 40тина, а другите околу 20 луѓе. Ниту еден единствен човек не се побуни, не пререче, ниту глава не кренаа, го напуштија теренот и си продлжија како ништо да не се случило.
Зошто го пишувам ова?
Видовме во Кавадарци меѓусебно недоразбирање(не би рекол тепачка) во која притрчуваат многу лица, за кои сум сигурен дека не им е местото таму. Видовме и во Скопје последниот натпревар тепачка, брканици, неодразбирања. Што е заедничко за двата случаи, противникот се сити, исмејува, медиумите одма осудуваат, народот исто.
Луѓе дај да научиме веќе еднаш, тие што се или биле во организација на трибините знаат колку е тешко да се стави ред на вакви натпреави со по 1000+ луѓе, пијани, дрогирани, воџи/стари гарди/ветерани/крокодили и што уште не.
Оставете ги одговорните лица да си ја работат својата работа. Иако Страјк би рекол скокаме за блискиот и ако не е во право, не го правете тоа. Тие тепачки само поради тоа што некој е од тие проклети подгрупи/екипи/маала и ако знаете дека воопшто не е во право не реагирајте. Оставете на луѓето што се задолжени за ред да ја смират ситуацијата без голема галама, без 1000 статии на квази новинарите, без апсења и пријави.

Втората - Семејна традиција

Пред едно повеќе од 15 години, кога прв пат присуствував на натпревар на Шалке во Гелзенкирхен запознавме еден човек кој беше таму се неговата ќерка(со екипата тогаш имавме дилема дали е малолетна или не :D). И како си минуваа годините, секој пат они беа таму заедно, девојчето порасна, љубовта пренесена од таткото остана. За сега викендов седејќи на трибина да го видам истиот човек како доле шета за рака едно друго многу помало девојче. Неговата внука.
Ме облеа едно такво чувство што не можам со зборови да го опишам. Ултрас менталитет. Од колено на колено. Од татко на син/ќерка. Сигурен сум дека девојчето ќе остане таму до крајот на животот.

Исто како и во првиот случај погоре нешто од кое сме премногу далеку. Таа семејна традиција, пренесување на љубовта на новите генерации, нешто неверојатно. Кај нас за жал, по формирање на семејството, добивање на деца и самата кариера на ултрас родителот како да завршува(нормално има исклучоци и кај нас, секоја чест за нив), а не па да збориме за пренесување на некаква љубов на децата.
Нормално сега си има и тука милион причини зошто е тоа така, сме ги разговарале тука сто пати. Квалитет/термини/забрани/репресии и што уште не, но се прашувам ќе има ли кај нас некогаш вистинско пренесување на традицијата, а да не биде тоа само на графит/маичка/шал/слика и толку.
Да не должам многу, во прилог неколку слики од настанот, па се гледаме здравје на европските гостувања:pijani:
IMG-20260601-WA0011.jpgIMG-20260530-WA0004.jpgIMG-20260601-WA0007.jpg

ТИФОМАНИЈА!

ТИФОМАНИЈА!

Денес се одбележуваат 25 години од масакрот кај Гајре во 2001 година, еден од најтрагичните настани за време на конфликтот во Македонија. Во чест на загинатите бранители, Чкембари положија цвеќе и оддадоа почит на нивната жртва.

“Се борам за жената и детето, да знаат дека имаат ТАТКОВИНА” - Благојче Силјанов.
IMG_8101.jpegIMG_8102.jpeg

ТИФОМАНИЈА!

Никогаш нема да разберам македонец што игра за екипи како Слога, Шкендија Тетово, Башкими или Арачиново. Да игра во некој куртон клуб ко Арсими или Струга, може ќе разберам, ама кај овие што те пцујат секоја утакмица, ти скандираат УЧК, нема да разберам. А од сите тие, овие од Арачиново се најгнасното племе, заедно со тие од Синѓелиќ. Којзнае колку деца имаат избрцано по автобуси, тотално неповрзано со навивачки групи. До вц не оди без оружје. Не плаќа струја, не плаќа вода, цел пазар на дрога го држи итн.
Кој растел со трета лига север по војната знае за какви неандерталци станува збор. Племе е дури и пофалба за нив. Ги исчистија сите македонци од Арачиново, последниот дедо Крсте како куче го утепаа пред вратата, никој не одговараше. Каков соживот, какви бакрачи.

ТИФОМАНИЈА!

Кратко резиме и од наша страна.

Вкупно се појавивме на 48 натпревари, од кој 21 на фудбал, 7 на кошарка и 20 на ракомет.
Направивме 15 гостувања, од кој 8 во фудбал, 2 на кошарка и 5 на ракомет каде што едно беше и меѓународно во Сегед. Направивме и посета во Полска и присуствувавме на натпреварот Олимпиа-ГКС.
Направивме вкупно 12 кореографии од кој 5 на фудбал, 1 на кошарка и 6 на ракомет.
Пиро употребивме на 8 натпревари, 6 на фудбал и 2 на ракомет. Пиро се употребуваше и на кортеата кои ги имавме пред неколку ракометни натпревари.

За повеќе детали, останати активности и многу други теми, во Чкембари фанзин бр.10.

Некоја слика плус од баражот
IMG_0034.jpeg
IMG_0032.jpeg
IMG_0030.jpegIMG_0031.jpeg

ТИФОМАНИЈА!

Да не испадне дека се ситам или провоцирам, искрено ми е жал што испадна Пелистер и штета што во прва лига ќе има уште еден шиптаррски клуб. Ама Чкембари и Лозари, да гледавте малку повеќе во својот двор, а не да живеете само за Вардар и Комити, можеби работите ќе беа поинакви.
Прво, од Чкембари очекував многу поголема бројка. Ова беше преслабо за утакмица вп братски град, со платен превоз,со огромна мобилизација и историски натпревар. Донесени беа секакви луѓе од Битола, а дополнително и луѓе од Кавадарци. Има и слика што не сакам да ја објавам, на која се гледаат десетина цигани во копот.
Второ, на прославата на титулата, во истиот момент напишавте триесетина коментари тука и се ситевте за инцидентот на Запад. Само една недела подоцна се испотепавте меѓусебе.
Трето, не видов да ги бркате Арачиновци со коли, да ги барате до влезот на Скопје или да пеете нешто против нив. Тоа го правите само против Комити.
А за вашите браќа нема што многу да се зборува. Пред 3 години цела група се организираше да напаѓа обични навивачи на Вардар, да симнува обележја и со месеци потоа да прогласува некакви победи,а сега-МОЛК. Ви славеа цела ноќ, се истурија илјада луѓе, а никому влакно од глава не му фалеше.

Недела до 30 мај 2026

Недела до 23 мај 2026

Недела до 16 мај 2026

Back
На врв Bottom