Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.451
Поени од реакции
1.791
Лазаревски се поправи во второ полувреме и одигра солидно.Едино он и Џонов од младиве покажаа нешто.Митев разочара иако се трудеше. Кузмановски тиња беше второ полувреме како Тале у прво со еден куп шитнати топки и избрзани и нерезонски шутеви.Тоа е да се натурализира еден добар среден и десен бек треба.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.138
Поени од реакции
5.259
Незнам што очекувавте!?
Да победиме!? Одлично прво полувреме а во второто кога беше се изгубено Кире ротираше. Дечките се млади и има потенцијал, мислам дека сме една од најмладите репки. И треба повеќе да си го пратиме ракометот како една ,,ракометна нација,, за по реално гледаме на репрезентацијата и да не бидиме изненадени од настапите.
Не само ради тоа, малку од нас тука и често идат да гледаат македонска лига и на каков таков начин да ги поддржат нашите клубови со купување карти, ама ова е др тема да не ја труеме.

Заклучокот е тој, можевме да отидеме со бројка од 6 на наше конто како минус ама тури пепел.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.138
Поени од реакции
5.259
Лазаревски се поправи во второ полувреме и одигра солидно.Едино он и Џонов од младиве покажаа нешто.Митев разочара иако се трудеше. Кузмановски тиња беше второ полувреме како Тале у прво со еден куп шитнати топки и избрзани и нерезонски шутеви.Тоа е да се натурализира еден добар среден и десен бек треба.
Не би се сложил за среден зашто ќе им изеде од минутажа на Џонов и Митев, не верувам дека има некоја супер класа подобар кој ќе двои, може ја имавме некад шансата за Скубе кога не го викаа во Словенија ама отиде тој воз одамна.

За десен бек, дефинитивно можда може да се најде нешто по Русија некој бомбардер што тешко би дошол до место у нивната репка
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
За десен бек, дефинитивно можда може да се најде нешто по Русија некој бомбардер што тешко би дошол до место у нивната репка
Павле Петровиќ од Пелистер, незнам шо чекаат..
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.698
Толкав е квалитетот. Тоа се најдобрите играчи, со плус минус некои измени кои немаше нешто драстично да сменат во квалитетот.

Едноставно јаката одбрана на Франција не натера да направиме еден куп технички грешки, што пак не' чинеше едно 80% од примените голови да бидат при контри или недоволно изградени одбрани.
Истата болка како и секогаш, немаше десен бек, односно еден играч минус во нападот. Велковски камен, Јагуриновски дно проби, убедливо најслаб поединец со неколку ноншалантни потези во одбрана. Барем него го красеше пожртвуваност, тотално ме разочара.
Савревски бележи напредок во игра во одбрана, некако таква улога доби во Алкалоид. Не доби некоја шанса денес, но верувам и тој немаше ништо да прикаже. Се изненадив што не го зема Серафимов, не дека е којзнае каков бек, ама во споредба со другиве тројца е најдобар шутер. И тој доби сто шанси и не ги искористи, ама можеше да го изостави Велковски, а да го земе него. Савре и Јагуриновски се земени за во одбрана.
Крилата непостоечки, топка не пипнаа. Исфорсиравме игра 7 на 6 со цел фокус на пикерите. Пола топки поминаа и пикерите одлично ги искористија. Пеше не утна, ама не игра одбрана, а му требаат 10 минути да замени што е непопустливо во модерниот ракомет. Мечка конечно се опушти од тремата и даде 4 гола од 4 шута и изнуди седмерец во второ полувреме. Дури и Никола Маркоски беше солиден.
Но, половина од топките завршија во противнички раце и лесни голови на празен гол или при непоставена одбрана. Доста технички грешки, со оглед на тоа што прво Тале беше во безизлезна ситуација да зема тешки шутеви, а потоа Кузмановски да добие целосна слобода во втор дел и да има скор 1/6, со многу асистенции и уште повеќе изгубени топки. Сигурно над 10 топки загуби. Крилата не добија ниту една топка. Не знам дали беше до нив или едноставно Кирца немаше смислено ниту една акција за нив. Десните крила нема кој да ги проигра, иако во неколку наврати се отвори шанса да даде дијагонала на крило Фитиљот. И самите немаа многу движење, заглавија позади. Одма се забележува што е класа како Манасков кој и да не добиваше топки, самиот антиципираше во играта, вкрстуваше и ќе дојдеше до шанса. Овие другиве се солидни егзекутори, ама тоа не е доволно кога не можеш топка да чепнеш. Не е ова меч со Радовиш каде што ќе имаш 10 контри во натпреварот. Атанасијевиќ губи премногу топки. Уште кога се појави ме воодушеви со тоа што се труди и доста трча, пргав е, ама некако не се изгради во добар играч. Заглави на позиција меѓу крило и бек и не бидна ништо на крајот. Игра без интелигенција, брза, без некаков ефект, ко мува без глава.
Џонов беше одличен, потврдувајќи ја добрата полусезона која ја има. Од Митев очекував повеќе, ама тој е стварно млад и допрва ќе напредува. Имаше два добри влеза и толку. Го упропасти Кире во вториот дел. Го стави лев бек, при целосна слобода на Фитиљот на среден бек и топка не пипна. Како би изиграле со двајца пробивни бекови во ситуација 7 на 6? Тука обавезно мораше со Тале да игра лево или Митев на среден, Фитиљ лево.

Со Франција немавме можност да ја видиме одбраната. По мене истата е тежок очобол. Омерагиќ не го ни видовме во игра, Тале беше слаб, другите исто не воодушевија.
Никучот одличен, да не беа некои негови одбрани на зицери, ќе одеше Фтанција барем до 45 гола.
 
Член од
13 август 2023
Мислења
525
Поени од реакции
1.226
Павле Петровиќ од Пелистер, незнам шо чекаат..
Ако се се оди со натурализирање, а десен бек мора да бараме странец доколку сакаме колку-толку да сме коректна репрезентација, мора да се бара нешто добро. Петровиќ не би бил ништо драстично подобар од тоа што го имаме.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Ако се се оди со натурализирање, а десен бек мора да бараме странец доколку сакаме колку-толку да сме коректна репрезентација, мора да се бара нешто добро. Петровиќ не би бил ништо драстично подобар од тоа што го имаме.
Многу поквалитетен дуел играч и поквалитетен во одбрана, физички исто така подобар, кој го прати знае најдобро, особено оваа сезона доста напредна.
Но мислам дека Киро има големо его и пре би пробал да направи играчи од сегашниве отколку да натурализира, тука е исто и Денис Василев кој може да помогне доста додека надоаѓаат играчи како Карасманакис и Самоил на тие позиции каде што сме плитки.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.705
Поени од реакции
5.674
Толку е силата, на хартија Франција е можеби и најјака репрезентација во светот, искрено сум и изненаден колку долго во натпреварот бевме резултатски во игра, одигравме одлично прво полувреме, штета што во второ направивме многу технички грешки и на крај загубивме со толку голема разлика.

Не е се така црно, се гледа дека се работело на припремите, на моменти делувавме сосема солидно и кординирано во напад, има поставено некои темели во репрезентацијата, доаѓаат и доста талентирани деца од младинските репрезентации, треба само да се надоградуваме наредните години, даваме знаци дека за некоја година може да имаме солидна репрезентација.
Пикерите денеска одиграа одличен натпревар, заедно 11 гола имаа Пешевски и Лазаревски, сите топки што ги добија ги искористија, исто и Џонов за негови стандарди изигра супер, единствено што треба да загрижува е позицијата десен бек, никаков придонес немаа Велковски и Јагуриновски, тотално безопасни во напад, не можат да се кренат на шут, не можат да нападнат зона, голема нула.

Вакви натпревари кога едната екипа е тотален аутсајдер знаат и да залажат, не знеме другите со колку сила играат и колку озбилно пристапиле кон натпреварот, вистинската слика за репрезентацијата може да ја видиме против Швајцарија во последно коло, тука ќе видиме до каде сме стварно стигнати и дали има некој напредок, после може да даваме оценки.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.724
Поени од реакции
1.482
Лошо одиграно колку изгубени топки еј:( Замисли без исклучување ? Крила не користиме воопшто и се преку пикер прочитани одамна.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.814
Поени од реакции
15.737
Лошо одиграно колку изгубени топки еј:( Замисли без исклучување ? Крила не користиме воопшто и се преку пикер прочитани одамна.
што е најлошо не ти го ни покрива крилото, имаш играч помалку, па мора со празен гол да играш...
добро што последна е со швајцарците, да не се вадат на неуиграност...
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
што е најлошо не ти го ни покрива крилото, имаш играч помалку, па мора со празен гол да играш...
добро што шпследна е со австријанците, да не се вадат на неуиграност...
Како бе никој, на една страна го имаш Нахи на друга страна Мем на 2 и 5, двајцата како анаконди во тие рачиштата, а ти го имаш Велковски и Јагуриновски да креира акција за крило
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.302
Поени од реакции
5.508
Ако се се оди со натурализирање, а десен бек мора да бараме странец доколку сакаме колку-толку да сме коректна репрезентација, мора да се бара нешто добро. Петровиќ не би бил ништо драстично подобар од тоа што го имаме.
Мислам има МК пасош и не треба натурализација за него .
А уште потажно е шо за нашите десни бекови е Дика Мем , а е ништо посебно ...
Така да долгорочно тој треба да биди втора варијанта и да се бара чаре во натурализација на уште еден кој е класа над него и да решиме проблемот за наредни 7-8 години.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.814
Поени од реакции
15.737
Како бе никој, на една страна го имаш Нахи на друга страна Мем на 2 и 5, двајцата како анаконди во тие рачиштата, а ти го имаш Велковски и Јагуриновски да креира акција за крило
ама не ни им даваа топка на крилата, туку се преку центар низ буљук...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom