Попзлатанов, Мики Петровиќ или Брдаровски би биле премија, ама мислам дека се нереална желба, можат во било кој тим од ПМФЛ да бидат стандардни, а веројатно и да се докопаат до трансфер во околниве послаби лиги (Албанија, Косово, Босна) во најмала рака.
Дефинитивно не се сложувам ни јас со Коњаникот, да зборевме за Серафимов, Младеновски, Адем, или нешто поодамна Тодоровски, Антовски, ги има сигурно уште неколку да не се присеќам и редам сите, ама овие дечки стварно играа и покажуваа потенцијал, кај сите имаше материјал за првотимец и имаа некакви предиспозиции и квалитети, ама децава лани што играа, иако дел од нив на погрешни позиции, беа апла просеци и не покажуваа ништо по што може сега да жалиме, не отскокнуваа ама со баш ништо од просечноста.
Солидни се имињата ко за втора лига инаку, Лазаревиќ и Најденов да останат и би имале тим доволен за влез во прва лига назад би рекол. Мене сеуште ми е нејасна ситуацијава, затоа што ретко кој го знае типов, за туку-така да се нафати да го исчисти заостанатиот долг.. Во секој случај далеку подобро сценарио од нивото на кое што бевме, ако се исчисти долгот огромна работа се завршила, ама ми е страв да не ни се врати дупло