Апсолутно не се сложувам

Секогаш е добро да имаш во прв тим, играчи кои израснале во клубот, особено кога играме втора лига годинава.
Апсолутно не можеме да ги обвиниме нив за отпаѓањето. Па за време на Тетовче, Величковиќ играше сосема солидно. Не знам што очекувавте од нив, во ситуација кога бевме прилично послаби од другите, со негативна атмосфера, плус ја занемарувате нивната возраст и фактот што Џиџи им ги испомеша позициите.
Дефанзивците можат и на постари години да созреат, не викам дека ќе станат како Грне, ама ќе беа просечни играчи кои ќе ни врпеа работа.
Тоа што го зборував и за Али Адем. Јасно ми е дека немаат квалитет за нешто повеќе, ама он беше посебно мотивиран во Вардар и газеше. А децава играат во клубот од основно, сигурно ќе играа помотивирано од некои што се земени само за да не внесат во прва лига. Овие што ќе играат сега, сигурно ќе јадат метла ако влеземе во прва лига. Младиве бар може ќе се развиваа дополнително и ќе беа од корист во иднина.