Не би помислил дека би отворил тема за ова,ама јебига се иди ви животов.
19 години,со голема амбиција за животот.Требаше оваа година да почнам на факултет како сите нормални деца од генерацијата,ама се случија пресврти во животов и не ми се верува колку многу можи една година да те смени како личност генерално.Главно ја отварам темава за да добијам совет од некој постар,да ме насочи/посочи кон нешто позитивно оти искрено не ми е баш најдобро моментално.
Пред неколку месеци,татко ми направи сообраќајка,беше кома еден месец.Се разбуди,се опорави за неколку месеци,но искрено има патено од друга болест (рак),и човекот е едноставно половина човек,во обзир колку операции на него се извшрени,колку има претрпено физички/психички поради домашни проблеми итн.По 3 месеци се случи развод помеѓу домашниве,се разведоја.Работев во меѓувреме како келнер,исто како и минатите години (прилично од 16 години до 19 години ги искористував летните распусти да работам,домашните немаа многу и мораше сам да заработам за да си купам нешто).Летово завршив со работа,требаше на факс да почнам.Што е најлошо,мајка ми вети дека ќе ми помогни на факс финансиски (во меѓувреме се премажи за 1 месец после разводот),и јас си реков океј,супер.Сам си платив на факс трошоците што беа и ме фати 10к првиот семестар.Сам си купував алишта,се што ми беше потребно бидеќи работев парно 4 месеци откако завршив средно.На крај испаѓа,дека уствари НЕ МОЖЕ да ми помогне финансиски бидеќи и таа самата немала пари (дур бев на работа летово,мајка ми не штедела ни денар од парите,сето вложено за нејзина корист за купување на алишта,шминки и тн).Long story short,ни баби,ни дедовци,ни мајка ни никој не сакаше да ми помогни за да заминам на факс,и до ден денес плукам по истите луѓе со кои сум род.Џабе фрлив пари за партиципација,џабе вложив пари и сега на крај останувам да ги гледам другите како водат студентски живот и искрено имам љубомора кон тоа.Зошто и јас да не просперирам ?..
Моментално сум broke as fuck,барам работа во угостителство и искрено на овие 19 години,не знам кај сум ни што да правам со животот.Мислам да барам посредници за Германија,исто се мислам да работам на брод,да одам воен рок.Англиски ми е прилично усовршен јазик со фактот дека го научив сам како помал.
Морав негде да го напишам ова,бидеќи до курцу ми е дојдено..
Пријателе многу ми е жал за твоите случувања, ти посакувам се најдобро и сум 1000% сигурен и верувам дека ќе успееш,верувај и ти!
Жал ми е бидејќи си ги почуствувал негативните промени кои можат да се случат во една година, но остани оптимист имаш уште една нова година да се вратиш повторно на патеката која што си ја замислил.
Знам дека си млад, полн со живот многу планови и желби но за жал животот е суров и знае многу често да си игра со нас, но биди силен се се случува со причина.
Морав и јас како тебе да се откажам од моите соништа, не по моја вина.
Не ги обвинувам ни моите родители и тие почувствуваа неправда, која за жал на сите нас ни го промени животот.
Да се вратам на факултетот.
Во училиште бев просечен, добар ученик и исто како и тебе и јас имав желба да запишам факултет, да сменам средина, да запознаам нови луѓе и секако тој студентски начин на живот, за кој бев и уште сум убеден дека треба да се помине. ( тука не спаѓаат само журките )
Првата опција ми беше Факултет за Безбедност и пред да се запишам се распрашав малку ме советуваа да се запишам на друг факултет бидејќи не секоја година се примаат нови студенти на факултетот и друга причина беше мојот успех( ми рекоа дека само одлични се примаат и со силни врски), можеше да се запишам на приватен и реално ми беше многу скапо,па така тој факултет отпадна.
Втората опција беше Факултет за физичко образование, спорт и здравје (до мојата 18 година бев активен спортист, нормално имав интереси).
Третата опција ми беше правен факултет.
Во мојот град ја имаше само 3тата опција за која не бев 100% сигурен.
Веќе во јуни после матурата, одлуката падна за Факултетот за физичко образование.
Цимери требаше да ми бидат моите најдобри другари од детство.
Цело лето се зборуваше за факултетот, кој каде со кого секако и јас бев среќен, многу среќен.
Август месец работите се стишија, моите родители се распрашуваа по пријатели кои веќе имаат деца студенти во врска со трошоци за живот, факултетот и слично и многу други работи кои индиректно ми кажуваа извини сине ама нема да може, ќе биде товар.
Размислив неколку денови бев многу разочаран, но и јас бев свесен дека тие 200 евра ќе бидат товар и во ниту еден момент не се колебав и си реков нема факултет во друг град.
Не бев лут на родителите, туку на мене( немам појма зошто ), бидејќи како што напоменав и тие се соочија со неправда не по нивна вина, па правеа се што беше во нивна моќ да не бидам скратен од ништо.
Најтешко за мене беше, кога им соопштив на моите другари дека нема јас да одам, останувам дома.
Ми падна тешко, дека цело лето зборувавме за тоа и на крај јас откажам,а важам за личност која си стои на нејзините зборови до крај!
Јас во револт направив една грешка, за која се смеам и ден денеска и се запишав на Економски Факултет. ( 3та опција беше правен, а јас се запишав економски .... математика имав 2 и никакви допирни точки со економијата )
Одев еден семестар и оставив се.
Во меѓувреме заработував на интернет вадев некој денар, колку за кафе и викенд ми беа доволни ( секако и од дома ме помагаа ).
Ме погоди сетоа тоа, се дружев со пријатели, во чие друштво не бев исполнет( ми валеа едноставно моите вистински другари), ме болеше тоа што не отидов да студирам и имав кренато раце од се како да е крај на светот.
Јас немав никакво работно искуство, а ти го имаш и тоа е твојата предност во ситуацијата.
Јас 2 години не се зафатив со некоја работа, се затворив во себе и мислев дека нема излез, ќе ми стои тоа за цел живот.
Текстот ми е долг, не го пишав за да мислиш дека се правам паметен или борец кој продава негова приказна, напротив сакам да ти укажам на моите грешки за да не го минуваш и ти тој пат, а тоа е да не се откажуваш како мене, туку сега да стиснеш заби и да бидеш горд, да се избориш за тоа што го сакаш за жал по потешкиот пат.
Продолжи да работиш во угостителство ако моментално немаш друга опција, биди со татко ти помагај колку можеш и не заборавај да живееш, ништо нема да трае вечно, ќе помине и твоето.
Секако дека можеш следната година повторно да запишеш факултет имаш уште една година пред тебе и до следниот упис можеби ќе се пронајдеш во нешто сосема друго и поинтересно од факултетот.
Инаку ако запнев за факултет секако дека ќе одев, но моите тогаш ќе требало да дигнат кредит или да се позајмат, а да се случеше тоа немаше никогаш да си простам, цел живот сум скромен не барам ништо повеќе од тоа што ми е потребно, па си реков ќе се жртвувам јас само за наше добро ќе дојдат подобри времиња и не се каам воопшто, бидејќи на крај испадна како што треба.
Имам сега 23 години, можам да одам на факултет но искрено мислам дека ми е касно и се ориентирам да научам некој занает бидејќи знам дека занаетот секогаш ќе ми нуди работа и основни примања.
Си ја донел правилната одлука, ти посакувам се нај најдобро и верувај во себе!
Твоите врсници можеби одат на факултет, но да стигнат на ниво на размислување како тебе ќе треба цел живот да студираат.
**инаку од другарите што беа на факултет, едниот се откажа после 2рата година, а другите 3ца работат во сосема различни области од тоа што студираа.