19 години,изгубен.

Член од
8 октомври 2019
Мислења
1
Поени од реакции
9
Не би помислил дека би отворил тема за ова,ама јебига се иди ви животов.
19 години,со голема амбиција за животот.Требаше оваа година да почнам на факултет како сите нормални деца од генерацијата,ама се случија пресврти во животов и не ми се верува колку многу можи една година да те смени како личност генерално.Главно ја отварам темава за да добијам совет од некој постар,да ме насочи/посочи кон нешто позитивно оти искрено не ми е баш најдобро моментално.
Пред неколку месеци,татко ми направи сообраќајка,беше кома еден месец.Се разбуди,се опорави за неколку месеци,но искрено има патено од друга болест (рак),и човекот е едноставно половина човек,во обзир колку операции на него се извшрени,колку има претрпено физички/психички поради домашни проблеми итн.По 3 месеци се случи развод помеѓу домашниве,се разведоја.Работев во меѓувреме како келнер,исто како и минатите години (прилично од 16 години до 19 години ги искористував летните распусти да работам,домашните немаа многу и мораше сам да заработам за да си купам нешто).Летово завршив со работа,требаше на факс да почнам.Што е најлошо,мајка ми вети дека ќе ми помогни на факс финансиски (во меѓувреме се премажи за 1 месец после разводот),и јас си реков океј,супер.Сам си платив на факс трошоците што беа и ме фати 10к првиот семестар.Сам си купував алишта,се што ми беше потребно бидеќи работев парно 4 месеци откако завршив средно.На крај испаѓа,дека уствари НЕ МОЖЕ да ми помогне финансиски бидеќи и таа самата немала пари (дур бев на работа летово,мајка ми не штедела ни денар од парите,сето вложено за нејзина корист за купување на алишта,шминки и тн).Long story short,ни баби,ни дедовци,ни мајка ни никој не сакаше да ми помогни за да заминам на факс,и до ден денес плукам по истите луѓе со кои сум род.Џабе фрлив пари за партиципација,џабе вложив пари и сега на крај останувам да ги гледам другите како водат студентски живот и искрено имам љубомора кон тоа.Зошто и јас да не просперирам ?..
Моментално сум broke as fuck,барам работа во угостителство и искрено на овие 19 години,не знам кај сум ни што да правам со животот.Мислам да барам посредници за Германија,исто се мислам да работам на брод,да одам воен рок.Англиски ми е прилично усовршен јазик со фактот дека го научив сам како помал.
Морав негде да го напишам ова,бидеќи до курцу ми е дојдено..
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
10.035
Поени од реакции
9.971
и што те спречува да идеш на факс штом си уплатил семестар?
 
Член од
4 септември 2017
Мислења
285
Поени од реакции
229
Жал ми е што си поминал низ сето тоа. И не е ништо загубено верувај. Имаш само 19 години и самиот велиш дека имаш какво такво работно искуство и си стекнал работни навики што за почеток е одлично. Сега размисли што ти е приоритет во животот. Јас би те советувал за почеток да најдеш работа во која можеш хиерархиски да напредуваш, а подоцна кога ќе имаш доволно финансиски средства да се запишеш на факултет доколку уште имаш такви планови во поглед на образованието. Ако сакаш да заминеш на работа во странство можеш да се запишеш да учиш странски јазик (си спомнал Германија погоре). Тоа што го владееш добро англискиот јазик ти е дополнителна предност. Само полека и се ќе биде во ред и ќе си дојдат работите на свое само ако се потрудиш. Некој тоа го остварува на полесен начин, а некој на потежок начин тоа е единствено разликата.
 
Член од
2 октомври 2015
Мислења
102
Поени од реакции
49
osven ako sakas da bides doktor ili advokat, ne ti treba faks, se imash na net :) zemi nauci nekoj jazik (java,python) ili marketing i teraj si :)
 
Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
970
Поени од реакции
2.408
Барај по огласиве на нет работа, преполни се поготово ако си од Скопје можеш за една недела некаде да почнеш. Плус ете ако си запишал прва година на факултет можеш да аплицираш за социјална пензија сега следниов месец мислам тоа се поднесува.
Посредници за во Германија има доста, има и што не бараат германски јазик. Јас можам да ти помогнам како студент да одиш 3 месеци во Германија без германски, летен период без да даваш пари и потреба од посредници.
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
452
Поени од реакции
298
osven ako sakas da bides doktor ili advokat, ne ti treba faks, se imash na net :) zemi nauci nekoj jazik (java,python) ili marketing i teraj si :)
Па и не е баш така, за да работиш на интернет како програмер или во фирма ти треба едно документче кое дали на потешкиот пат или на полесниот мораш да го имаш. Со тој "читни пајтон и јава" можеш да работиш само како чистач кај некој програмер или компанија.

Војска ни на крај памет пријателе, ако сакаш да се заебеш уште толку тогаш во ред.

Германија ти е добар избор но не како слаб карактер, ќе те изеде "западот".

Предлог: Ноќна смена како шанкер или келнер, зависи кај ти е факултетот ако е во Скопје или Битола имаш поголем избор за работни места со нормално низок приход за да преживееш да речиме докај 25ти но со платени сметки и кирија...
 
shura

штрумф
Член од
9 април 2007
Мислења
641
Поени од реакции
65
Уф па на факс ако идеш си го фатил господ за муда.Тантара пантара 4 години у најдобар случај и пари потрошено и нерви и кога ќе завршиш ќе видиш е тек тооогаш колку си изгубен ем broke шо значи. Место да фрлаш пари за џабе како што кажа членот погоре изолирај се и учи од нет.Udemy Skilshare имаат и бесплатни курсеви и на youtube ако бараш имаш солидни курсеви. Photoshop, Iluustrator, After Efects, или (java,python), или social media marketing, па пракса после некое време у тоа шо барап research ќе направиш и ако си амбициозен ко шо викаш ќе успееш.А ако тие шема некоја студентска да тераш, неможам да помогнам.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.496
Поени од реакции
1.724
Јас на 19 години напуштив факултет да идам да работам затоа што татко ми само нервозен беше кога ќе требаше да се плати партиципација и ме праќаше со буквално 100 денари од кои 70 требаше да платам бус.
Може и една од најдобрите одлуки во мојот живот е тоа што престанав со факултет и почнав да работам. Едноставно станав свој, се преселив од Македонија, и моментално работам на место каде има можност за градење кариера и платата ми е топ.
Не дека ти кажувам сега да идеш во странство, странство не е за секој...носталгија јаде. Ама мораш да се одлучиш што сакаш, и да се бориш за тоа.
Бев и келнер, веруј ми, паричка како келнер има (нормално без фамилија) ама нема иднина.
Максимум што можеш после келнер да бидеш е шеф на келнери.

Ако сериозно сакаш да се запишеш на факултет затоа што сакаш да научиш тогаш направи се за да биде така.
Ама ако се запишуваш само заради тоа што и другите се запишале, тогаш трошиш време кое неможеш да го надокнадиш.

Не се откажувај, и најмалку треба да влијае разводот на твоите за твојата среќа.
Не си прв ниту последен чии родители се разделиле, патем, станува некако модерно сето тоа.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.057
Поени од реакции
2.279
Како тоа 19години изгубен?? Тек почнува живот бе

Sent from my iPad using Tapatalk
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.496
Поени од реакции
1.724
Како тоа 19години изгубен?? Тек почнува живот бе

Sent from my iPad using Tapatalk
Па толкав коментар напишал и ти пак прашуваш како тоа.
И доста со тоа тек почнува живот...мака си е мака.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
23.750
Поени од реакции
36.455
Ова што ти се случило ке те направи подобар човек. Земи аплицирај на Upwork.com штом знаеш одлично Англиски, не ти треба ништо да вложиш, и можностите за напредување ти се огромни. Само ке треба да се посветиш, на што и да се одлучиш да работиш.

Ако факултетот не ти е од IT сфера, нема за што да жалиш.
 
апворк е пис оф шит, најлоша платформа на универзумот за почетник. Ќе направиш акаунт ќе праќаш цв и ќе ти го блокнат со изговор препуна е браншата за која аплицираш, поготово англиски. Индијците со 0.5 долари за 100 збора ќе те изедат за доручек. Мене ми блокнаа акаунт и тоа 5 години стар со доста работи завршени.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
8.750
Поени од реакции
2.631
Германија не би ти ја препорачал. За да отидеш таму, за почеток пак ќе ти требаат пари од Македонија да понеаеш со себе. Јазик обавезно треба да научиш или тешко да би работел нешто асално, а и општеството нема да те прифати ако не знаеш добро Германски. Ќе треба со Босанци, Македонци и Срби да дружиш.

Помеѓу работа и факултет во ваква ситуација, ја би одел на барање работа, па кога ќе се стабилизираш финансиски можеш да запишеш факултет.
 
Член од
15 април 2019
Мислења
217
Поени од реакции
162
Не би помислил дека би отворил тема за ова,ама јебига се иди ви животов.
19 години,со голема амбиција за животот.Требаше оваа година да почнам на факултет како сите нормални деца од генерацијата,ама се случија пресврти во животов и не ми се верува колку многу можи една година да те смени како личност генерално.Главно ја отварам темава за да добијам совет од некој постар,да ме насочи/посочи кон нешто позитивно оти искрено не ми е баш најдобро моментално.
Пред неколку месеци,татко ми направи сообраќајка,беше кома еден месец.Се разбуди,се опорави за неколку месеци,но искрено има патено од друга болест (рак),и човекот е едноставно половина човек,во обзир колку операции на него се извшрени,колку има претрпено физички/психички поради домашни проблеми итн.По 3 месеци се случи развод помеѓу домашниве,се разведоја.Работев во меѓувреме како келнер,исто како и минатите години (прилично од 16 години до 19 години ги искористував летните распусти да работам,домашните немаа многу и мораше сам да заработам за да си купам нешто).Летово завршив со работа,требаше на факс да почнам.Што е најлошо,мајка ми вети дека ќе ми помогни на факс финансиски (во меѓувреме се премажи за 1 месец после разводот),и јас си реков океј,супер.Сам си платив на факс трошоците што беа и ме фати 10к првиот семестар.Сам си купував алишта,се што ми беше потребно бидеќи работев парно 4 месеци откако завршив средно.На крај испаѓа,дека уствари НЕ МОЖЕ да ми помогне финансиски бидеќи и таа самата немала пари (дур бев на работа летово,мајка ми не штедела ни денар од парите,сето вложено за нејзина корист за купување на алишта,шминки и тн).Long story short,ни баби,ни дедовци,ни мајка ни никој не сакаше да ми помогни за да заминам на факс,и до ден денес плукам по истите луѓе со кои сум род.Џабе фрлив пари за партиципација,џабе вложив пари и сега на крај останувам да ги гледам другите како водат студентски живот и искрено имам љубомора кон тоа.Зошто и јас да не просперирам ?..
Моментално сум broke as fuck,барам работа во угостителство и искрено на овие 19 години,не знам кај сум ни што да правам со животот.Мислам да барам посредници за Германија,исто се мислам да работам на брод,да одам воен рок.Англиски ми е прилично усовршен јазик со фактот дека го научив сам како помал.
Морав негде да го напишам ова,бидеќи до курцу ми е дојдено..
daj boze da se zemesh so nekoja so dodeka raboti ke moze za dvjacata a ti da ucish za da zavrsisih fax da ne ostanesh, poshto ocigledno imash golema zelba da bidesh karierist. ako nedaj boze ne uspee toa togash gledaj da zarabotish pari so fizicka rabota za da mozesh decata barem da gi skoluvash i da ne ostanat nepismeni. gledaj za sebe ne za drugite, ne si samo ti ima mnogu familiii so se bez pari i so nemozat da dozvolat decata da gi skoluvaat, imav soucenicka vo sredno koja so beshe prosecna i nemashe pari da se zapishe na fax, pa raboteshe vo kafic pa potoa se zapisha na poslab a ne toa so sakashe pa se omazi pa mislam deka ne zavrshi fax ili i da zavrshi ostana domakinka, i se nadeva deka nema da pravish ti taka nego ke bidesh vreden i ke pocnesh neso nadvor ili na brod za da mozesh da zarabotish kako za fakultetska plata da ne bidesh na socijala so bi se reklo. so srekja so i da bide najbitno da si ziv i zdrav.
i uste nesto nemoj da mislish deka na drugite nekoj neso im pomognal ili pridonel sekoj sam se bori za uspeh, ke se pomacish, i jas se sama morav mene nikoj ne mi pomagal od doma nisto. nemoj nikogash da gi krivish roditelite za nisto. pozdrav i sekoe dobro.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
23.750
Поени од реакции
36.455
апворк е пис оф шит, најлоша платформа на универзумот за почетник. Ќе направиш акаунт ќе праќаш цв и ќе ти го блокнат со изговор препуна е браншата за која аплицираш, поготово англиски. Индијците со 0.5 долари за 100 збора ќе те изедат за доручек. Мене ми блокнаа акаунт и тоа 5 години стар со доста работи завршени.
Не би се сложил, зашто откако го направија новиот систем за аплицирање, успеав да си го качам hourly rate-от за 30% а Индијци се помалку гледам на огласи да аплицираат.

Ке мора да помине недела две по фејсбук групите за Апворк што се Балкански, за да види кои професии се дефицитарни. Нормално, ако се напикаш како data entry, ке те банираат. Твојот профил е тргнат ради неактивност најверојатно или не неможност да најдеш работа.
 
На врв Bottom