19 години,изгубен.

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.515
Поени од реакции
34.570
Не би помислил дека би отворил тема за ова,ама јебига се иди ви животов.
19 години,со голема амбиција за животот.Требаше оваа година да почнам на факултет како сите нормални деца од генерацијата,ама се случија пресврти во животов и не ми се верува колку многу можи една година да те смени како личност генерално.Главно ја отварам темава за да добијам совет од некој постар,да ме насочи/посочи кон нешто позитивно оти искрено не ми е баш најдобро моментално.
Пред неколку месеци,татко ми направи сообраќајка,беше кома еден месец.Се разбуди,се опорави за неколку месеци,но искрено има патено од друга болест (рак),и човекот е едноставно половина човек,во обзир колку операции на него се извшрени,колку има претрпено физички/психички поради домашни проблеми итн.По 3 месеци се случи развод помеѓу домашниве,се разведоја.Работев во меѓувреме како келнер,исто како и минатите години (прилично од 16 години до 19 години ги искористував летните распусти да работам,домашните немаа многу и мораше сам да заработам за да си купам нешто).Летово завршив со работа,требаше на факс да почнам.Што е најлошо,мајка ми вети дека ќе ми помогни на факс финансиски (во меѓувреме се премажи за 1 месец после разводот),и јас си реков океј,супер.Сам си платив на факс трошоците што беа и ме фати 10к првиот семестар.Сам си купував алишта,се што ми беше потребно бидеќи работев парно 4 месеци откако завршив средно.На крај испаѓа,дека уствари НЕ МОЖЕ да ми помогне финансиски бидеќи и таа самата немала пари (дур бев на работа летово,мајка ми не штедела ни денар од парите,сето вложено за нејзина корист за купување на алишта,шминки и тн).Long story short,ни баби,ни дедовци,ни мајка ни никој не сакаше да ми помогни за да заминам на факс,и до ден денес плукам по истите луѓе со кои сум род.Џабе фрлив пари за партиципација,џабе вложив пари и сега на крај останувам да ги гледам другите како водат студентски живот и искрено имам љубомора кон тоа.Зошто и јас да не просперирам ?..
Моментално сум broke as fuck,барам работа во угостителство и искрено на овие 19 години,не знам кај сум ни што да правам со животот.Мислам да барам посредници за Германија,исто се мислам да работам на брод,да одам воен рок.Англиски ми е прилично усовршен јазик со фактот дека го научив сам како помал.
Морав негде да го напишам ова,бидеќи до курцу ми е дојдено..
Оди учи занат ако сакаш да си раат со пари, факултет ти е најпромашена инвестиција. Да станеш програмер како што те советуваат и да заработуваш ќе ти требаат барем 2 години курсеви, па после да почнеш како практикант за 150 евра, па џуниор 250-300 евра и здравје после година две да стигнеш до кај 500, значи 3-4 години од сега за да се надеваш дека ќе заработуваш и за живот.
Келнер не е занат, тоа е повеќе работа дури се снајдеш и не ти препорачувам.
Мој совет да научиш практичен занат кој од старт ќе ти носи прилив околу 300 евра со надеж за 2-3 години за повеќе и да збришиш на запад каде ќе заработуваш со занаетот колку тие со факултет. Пекар, пвц дограма, водоводџија, паркетар и ламинат, фасади, гипс картон и абриб, автолимар, автомеханичар.
Ова ти е од мене како совет, ако ти фаќа памет за било кој занает од овие погоре ќе заработуваш пристојно каде и да си.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.288
Поени од реакции
4.664
Млад си, здрав си, можеш да постигнеш све, само не дозволувај времето да ти тече за џабе, учи нови нешта, учи некој занает,
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Не е лесно се што ти случило наеднаш.. Болести, проблеми и што е најтешко преку ноќ осеќаш дека си сам на себе оставен и немаш на кого да се ослониш. За кратко време треба да се соочиш со груба реалност и едноставно сам треба да опстанеш.
Сега си наеднаш „возрасен“ и мора да се соочиш со тоа. За секоја пофалба е што зрело и разбрано размислуваш, не се сожалуваш и не се откажуваш. Ќе се распрашам за некоја работа која би можела да те покрие додека не ги средиш мислите и чувствата, а коцкичките сами ќе се склопат.
Ако слушнам нешто интересно ќе ти пишам пп.
Во меѓувреме, можеби и некој од форумџиите кој веќе е во странство може да ти помогне со некои насоки.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Келнер со усовршен англиски. Не дека ја потценувам оваа работа, ама со јазикот може многу да научиш.
Види upwork како што ти пишаа.
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
Уф па на факс ако идеш си го фатил господ за муда.Тантара пантара 4 години у најдобар случај и пари потрошено и нерви и кога ќе завршиш ќе видиш е тек тооогаш колку си изгубен ем broke шо значи. Место да фрлаш пари за џабе како што кажа членот погоре изолирај се и учи од нет.Udemy Skilshare имаат и бесплатни курсеви и на youtube ако бараш имаш солидни курсеви. Photoshop, Iluustrator, After Efects, или (java,python), или social media marketing, па пракса после некое време у тоа шо барап research ќе направиш и ако си амбициозен ко шо викаш ќе успееш.А ако тие шема некоја студентска да тераш, неможам да помогнам.
Според муабетот ми личиш на дечко што нема 500 денари во новчаник.

Да беше така лесно да заработиш на интернет сите ќе бевме богаташи или во најлош случај ќе имавме примања колку просечна плата во администрација а притоа ќе си бевме сами свои газди.

Зошто јас коментирав:
Од неполни 14 години работам на интернет, за првпат започнав со продажба на fiverr тоа ми беше најлесно нешто што го научив (продавав лајкови на фејсбук, гледаност на јутуб видеа и претплати). Заработував солидно или околу 4 до 30 долари во ден што за мене беше одлична сума, по некој период го искористив тоа и направив сопствен јутуб канал и десетици страни на фејсбук, заработката се крена на повеќе од 30 долари на ден (бев главен во град со тоа размислување и нормално парите ги трошев до последен денар), потоа почнав и со маркетинг направив одличен план и мала инвестиција заработував и од contentad и од google ads, а во меѓувреме чепкав и CPA... Се одлучив на чекор да ги следам моите најблиски и се запишав на Факултет за Безбедност, па по некој период поведен од студентскиот живот запоставив се и почнаа работите да се менуваат брзо заработката падна и наеднаш ја снема (како што ме снема и мене). Служев воен рок и тука застанав, иако имав финансиска поддршка од моите се одлучив да се вработам, а после две години работа напуштив и повторно се запишав на факултет поради тоа што мојот труд не беше забележан, сите кои имаа диплома на мојот грб добија унапредување а јас и останатите како мене (некои со 20 години стаж) останавме на истото да тапкаме во земја со просечна плата.

Интернетот е брз и динамичен, во секој момент има промени и огромна конкуренција. Да сите ги пратиме цитатите на познати инстаграм страници но колку од тоа е РЕАЛНОСТ за нас? Е прашање со голема тежина.

Имаш повеќе избори:
1. Да студираш и да завршиш факултет а притоа да работиш нешто што реално не го сакаш, каде после тоа ќе ти треба пријател или снаодливост за да се вработиш во државна институција, вештина и знаење за да се вработиш кај приватник, или да си отвориш сопствен бизнис вонзависност од тоа на кој факултет си.
2. Да заминиш надвор од Македонија и да се вработиш како чистач, кувар, градежен работник, автомеханичар и тн. за плата од 1200 евра до 2000 евра...
3. Да останиш на истото место, да работиш за 250 до 350 евра плата до крајот на твојот живот и секојдневно да си потценет од твојот шеф или газда, бидејќи мораш да работиш за да го вратиш стамбениот кредит или кредитот за автомобил...
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.171
Се чудам на пола од коментариве и мислам дека луѓево сонуваат додека куцаат..

„Земи курс, работи на интернет, научи јазик, научи програмски јазик“... така се праеле пари, глеам сите се фул. Човекот има реални проблеми, коментари од типот работи на интернет не му помагаат.

„Паметен“ совет за вакво нешто нема да добиеш од никого. Тоа што го имаш доживеано и претрпено на твои години, само ти можеш да си го разбереш. Млад си, 19 години - цел живот е пред тебе. Не се разочарувај дека не си со твојата генерација на факс.. ќе дојде и тоа време.

Моментално во твојава ситуација, „паметно“ е како што си кажа, да најдеш некоја по стабилна (по платена) работа во угостителство. Има во Скопје доста што бараат. Направи искуство, направи некој денар па и за себе да имаш да се почастиш, па лека полека ќе се враќаш у нормала. Кармата другите ќе ги изеде, не мисли на лошото, гледај како да идеш напред.

Најважно од се, немој да мислиш дека надвор од МК е сјајно и дека те чека платена работа. Веруј дека повеќе ќе се мучиш од тука.

пс: Тренд бара луѓе, нема плата под 22,000.
 
Член од
9 октомври 2019
Мислења
5
Поени од реакции
2
Јака ти душа брат би ти поклонил 1000е да имам сега. Тие те створиле а немаат да ти обезбедат да се школуваш уште ќе си играат курташак или конкретно само за мајка ти а основала семејство пред 19 години сега на стари години кога има деца и текнало да се премажува и да се дотерува како допрва да и започнува животот а не да влегува во 2 полувреме. Ништо брат таман ќе видиш 1 година ќе поработиш ќе си ја испробаш среќата можеби ќе ти тргне ќе си најдеш добро платена работа и нема факс да ти треба ако не ќе си имаш заштеда. Не жали за ствари што се случиле.
 
Ejebajgasad!!!

Фукара
Член од
4 септември 2017
Мислења
677
Поени од реакции
1.116
Се чудам на пола од коментариве и мислам дека луѓево сонуваат додека куцаат..

„Земи курс, работи на интернет, научи јазик, научи програмски јазик“... така се праеле пари, глеам сите се фул. Човекот има реални проблеми, коментари од типот работи на интернет не му помагаат.
Зошто мислиш дека сонуваме? Јас го советував да посети курс за јазици и поради тоа се најдов испровоциран за да ти одговорам. Јас сум далеку во подобра ситуација од членот кој побарал совет погоре, ама никогаш не сум побарал денар од моите. Зошто? Затоа што ми било срам. Завршив факултет со мои пари, се трудев максимално на секое поле во мојот живот. И ден денес сум истиот, додека моите врсници се пијанчеа и лутаа низ градот јас уредно го испланирав секој потрошен денар . И не му реков веднаш да се запише на курс. Со текот на времето кога ќе биде финансиски постабилен може да си одбере дали ќе се запише на курс или нешто друго што би му помогнало дополнително да изгради добра кариера. Инаку секој од нас има реални проблеми. На никого во животот не му е сјајно. И жал ми е што само на 19 години морал да поминува низ сите тие емоционални премрежја.
 
Коментарот се однесуваше за оние што нагласија да почне работа на интернет, као демек од тоа магично ќе му се решат проблемите. Тоа што ти сам си го имаш постигнатно е за пофалба, али не е кај сите исто и неможеш во исти кош да ги/не ставаш (во случајов ти и сите други). Многу пробале и не успеале. Биди среќен за тоа што си постигнал и „приземјен“ како што и сам викаш дека си.

Многу од нас немале „мои пари“ за да завршат факултет.
пс: Никој не те прозва тебе лично да се правдаш дали си барал или не пари од твоите и дали ти е или не срам да бараш од нив.
 
Во ред моја грешка е што те цитирав и погрешно те разбрав. Ете ти се извинувам, ако мислеше дека имам намера да те напаѓам. Сите кои коментирале се обиделе да му дадат совет на свој начин. Те разбирам и не ми беше поентата да споредувам, туку да дадам пример. Никаде не реков дека сум таков.

Не ми беше целта да се правдам, сакав само да нагласам дека ниту еден немаше лоша намера со тоа што коментираше на темата. Погрешно си ја разбрал целта на коментарот.
 
Член од
10 март 2014
Мислења
1.009
Поени од реакции
1.217
Друже јас ти пожелувам многу среќа и мисли само на иднината, тој што не бил во слична ситуација не знае како е. Родителите не биле криви AЛООООООООООО a кој е крив Цацко Конопишки ли?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.513
Поени од реакции
9.412
Не би помислил дека би отворил тема за ова,ама јебига се иди ви животов.
19 години,со голема амбиција за животот.Требаше оваа година да почнам на факултет како сите нормални деца од генерацијата,ама се случија пресврти во животов и не ми се верува колку многу можи една година да те смени како личност генерално.Главно ја отварам темава за да добијам совет од некој постар,да ме насочи/посочи кон нешто позитивно оти искрено не ми е баш најдобро моментално.
Пред неколку месеци,татко ми направи сообраќајка,беше кома еден месец.Се разбуди,се опорави за неколку месеци,но искрено има патено од друга болест (рак),и човекот е едноставно половина човек,во обзир колку операции на него се извшрени,колку има претрпено физички/психички поради домашни проблеми итн.По 3 месеци се случи развод помеѓу домашниве,се разведоја.Работев во меѓувреме како келнер,исто како и минатите години (прилично од 16 години до 19 години ги искористував летните распусти да работам,домашните немаа многу и мораше сам да заработам за да си купам нешто).Летово завршив со работа,требаше на факс да почнам.Што е најлошо,мајка ми вети дека ќе ми помогни на факс финансиски (во меѓувреме се премажи за 1 месец после разводот),и јас си реков океј,супер.Сам си платив на факс трошоците што беа и ме фати 10к првиот семестар.Сам си купував алишта,се што ми беше потребно бидеќи работев парно 4 месеци откако завршив средно.На крај испаѓа,дека уствари НЕ МОЖЕ да ми помогне финансиски бидеќи и таа самата немала пари (дур бев на работа летово,мајка ми не штедела ни денар од парите,сето вложено за нејзина корист за купување на алишта,шминки и тн).Long story short,ни баби,ни дедовци,ни мајка ни никој не сакаше да ми помогни за да заминам на факс,и до ден денес плукам по истите луѓе со кои сум род.Џабе фрлив пари за партиципација,џабе вложив пари и сега на крај останувам да ги гледам другите како водат студентски живот и искрено имам љубомора кон тоа.Зошто и јас да не просперирам ?..
Моментално сум broke as fuck,барам работа во угостителство и искрено на овие 19 години,не знам кај сум ни што да правам со животот.Мислам да барам посредници за Германија,исто се мислам да работам на брод,да одам воен рок.Англиски ми е прилично усовршен јазик со фактот дека го научив сам како помал.
Морав негде да го напишам ова,бидеќи до курцу ми е дојдено..
Ти си само едно умно снаодливо дете кое неможе никако да се изгуби.. И од жив песок излагаат луѓе со таков ков....е сега, на сите ни доаѓа кога ни е се преку курац, па тоа е животот:coffee:
 
redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.254
Поени од реакции
1.964
Знам студенти кои и студираат редовно и работат.Тешко им е,но се снаоѓаат затоа што мораат.
Кој се чувствува изгубено,со труд ќе се пронајде себеси.
Волјата е клучот.
 
Член од
30 јануари 2019
Мислења
82
Поени од реакции
107
Не би помислил дека би отворил тема за ова,ама јебига се иди ви животов.
19 години,со голема амбиција за животот.Требаше оваа година да почнам на факултет како сите нормални деца од генерацијата,ама се случија пресврти во животов и не ми се верува колку многу можи една година да те смени како личност генерално.Главно ја отварам темава за да добијам совет од некој постар,да ме насочи/посочи кон нешто позитивно оти искрено не ми е баш најдобро моментално.
Пред неколку месеци,татко ми направи сообраќајка,беше кома еден месец.Се разбуди,се опорави за неколку месеци,но искрено има патено од друга болест (рак),и човекот е едноставно половина човек,во обзир колку операции на него се извшрени,колку има претрпено физички/психички поради домашни проблеми итн.По 3 месеци се случи развод помеѓу домашниве,се разведоја.Работев во меѓувреме како келнер,исто како и минатите години (прилично од 16 години до 19 години ги искористував летните распусти да работам,домашните немаа многу и мораше сам да заработам за да си купам нешто).Летово завршив со работа,требаше на факс да почнам.Што е најлошо,мајка ми вети дека ќе ми помогни на факс финансиски (во меѓувреме се премажи за 1 месец после разводот),и јас си реков океј,супер.Сам си платив на факс трошоците што беа и ме фати 10к првиот семестар.Сам си купував алишта,се што ми беше потребно бидеќи работев парно 4 месеци откако завршив средно.На крај испаѓа,дека уствари НЕ МОЖЕ да ми помогне финансиски бидеќи и таа самата немала пари (дур бев на работа летово,мајка ми не штедела ни денар од парите,сето вложено за нејзина корист за купување на алишта,шминки и тн).Long story short,ни баби,ни дедовци,ни мајка ни никој не сакаше да ми помогни за да заминам на факс,и до ден денес плукам по истите луѓе со кои сум род.Џабе фрлив пари за партиципација,џабе вложив пари и сега на крај останувам да ги гледам другите како водат студентски живот и искрено имам љубомора кон тоа.Зошто и јас да не просперирам ?..
Моментално сум broke as fuck,барам работа во угостителство и искрено на овие 19 години,не знам кај сум ни што да правам со животот.Мислам да барам посредници за Германија,исто се мислам да работам на брод,да одам воен рок.Англиски ми е прилично усовршен јазик со фактот дека го научив сам како помал.
Морав негде да го напишам ова,бидеќи до курцу ми е дојдено..
Пријателе многу ми е жал за твоите случувања, ти посакувам се најдобро и сум 1000% сигурен и верувам дека ќе успееш,верувај и ти!
Жал ми е бидејќи си ги почуствувал негативните промени кои можат да се случат во една година, но остани оптимист имаш уште една нова година да се вратиш повторно на патеката која што си ја замислил.
Знам дека си млад, полн со живот многу планови и желби но за жал животот е суров и знае многу често да си игра со нас, но биди силен се се случува со причина.
Морав и јас како тебе да се откажам од моите соништа, не по моја вина.
Не ги обвинувам ни моите родители и тие почувствуваа неправда, која за жал на сите нас ни го промени животот.
Да се вратам на факултетот.
Во училиште бев просечен, добар ученик и исто како и тебе и јас имав желба да запишам факултет, да сменам средина, да запознаам нови луѓе и секако тој студентски начин на живот, за кој бев и уште сум убеден дека треба да се помине. ( тука не спаѓаат само журките )
Првата опција ми беше Факултет за Безбедност и пред да се запишам се распрашав малку ме советуваа да се запишам на друг факултет бидејќи не секоја година се примаат нови студенти на факултетот и друга причина беше мојот успех( ми рекоа дека само одлични се примаат и со силни врски), можеше да се запишам на приватен и реално ми беше многу скапо,па така тој факултет отпадна.
Втората опција беше Факултет за физичко образование, спорт и здравје (до мојата 18 година бев активен спортист, нормално имав интереси).
Третата опција ми беше правен факултет.
Во мојот град ја имаше само 3тата опција за која не бев 100% сигурен.
Веќе во јуни после матурата, одлуката падна за Факултетот за физичко образование.
Цимери требаше да ми бидат моите најдобри другари од детство.
Цело лето се зборуваше за факултетот, кој каде со кого секако и јас бев среќен, многу среќен.
Август месец работите се стишија, моите родители се распрашуваа по пријатели кои веќе имаат деца студенти во врска со трошоци за живот, факултетот и слично и многу други работи кои индиректно ми кажуваа извини сине ама нема да може, ќе биде товар.
Размислив неколку денови бев многу разочаран, но и јас бев свесен дека тие 200 евра ќе бидат товар и во ниту еден момент не се колебав и си реков нема факултет во друг град.
Не бев лут на родителите, туку на мене( немам појма зошто ), бидејќи како што напоменав и тие се соочија со неправда не по нивна вина, па правеа се што беше во нивна моќ да не бидам скратен од ништо.
Најтешко за мене беше, кога им соопштив на моите другари дека нема јас да одам, останувам дома.
Ми падна тешко, дека цело лето зборувавме за тоа и на крај јас откажам,а важам за личност која си стои на нејзините зборови до крај!
Јас во револт направив една грешка, за која се смеам и ден денеска и се запишав на Економски Факултет. ( 3та опција беше правен, а јас се запишав економски .... математика имав 2 и никакви допирни точки со економијата )
Одев еден семестар и оставив се.
Во меѓувреме заработував на интернет вадев некој денар, колку за кафе и викенд ми беа доволни ( секако и од дома ме помагаа ).
Ме погоди сетоа тоа, се дружев со пријатели, во чие друштво не бев исполнет( ми валеа едноставно моите вистински другари), ме болеше тоа што не отидов да студирам и имав кренато раце од се како да е крај на светот.
Јас немав никакво работно искуство, а ти го имаш и тоа е твојата предност во ситуацијата.
Јас 2 години не се зафатив со некоја работа, се затворив во себе и мислев дека нема излез, ќе ми стои тоа за цел живот.
Текстот ми е долг, не го пишав за да мислиш дека се правам паметен или борец кој продава негова приказна, напротив сакам да ти укажам на моите грешки за да не го минуваш и ти тој пат, а тоа е да не се откажуваш како мене, туку сега да стиснеш заби и да бидеш горд, да се избориш за тоа што го сакаш за жал по потешкиот пат.
Продолжи да работиш во угостителство ако моментално немаш друга опција, биди со татко ти помагај колку можеш и не заборавај да живееш, ништо нема да трае вечно, ќе помине и твоето.
Секако дека можеш следната година повторно да запишеш факултет имаш уште една година пред тебе и до следниот упис можеби ќе се пронајдеш во нешто сосема друго и поинтересно од факултетот.
Инаку ако запнев за факултет секако дека ќе одев, но моите тогаш ќе требало да дигнат кредит или да се позајмат, а да се случеше тоа немаше никогаш да си простам, цел живот сум скромен не барам ништо повеќе од тоа што ми е потребно, па си реков ќе се жртвувам јас само за наше добро ќе дојдат подобри времиња и не се каам воопшто, бидејќи на крај испадна како што треба.
Имам сега 23 години, можам да одам на факултет но искрено мислам дека ми е касно и се ориентирам да научам некој занает бидејќи знам дека занаетот секогаш ќе ми нуди работа и основни примања.
Си ја донел правилната одлука, ти посакувам се нај најдобро и верувај во себе!
Твоите врсници можеби одат на факултет, но да стигнат на ниво на размислување како тебе ќе треба цел живот да студираат. :)
**инаку од другарите што беа на факултет, едниот се откажа после 2рата година, а другите 3ца работат во сосема различни области од тоа што студираа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom