Фан Клуб: Ливерпул

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100

Ливерпул

Red Scouser
Член од
18 февруари 2010
Мислења
965
Поени од реакции
830
Баш проверив, минатата сезона 9 натпревари како крило и 11 во средина.

Како и да е, според мене фали во Ливерпул еден таков креативец во средина, затоа што моменталната средина е составена од големи работници кои ќе трчаат напред-назад 90 минути, ама немаат баш некоја посебна креативност во нозете. А тоа значи дека доста зависат од тројцата напред за голови, затоа што во средина нема некој кој сам може да искреира нешто. Тешко е тројцата напаѓачи да се цело време во форма како што беше случајот лани.
Проблемот со Кутињо во средина е што против посериозни противници Ливерпул ја губи битката во средниот ред, затоа против посериозните тимови Клоп играше со тројца од 4-ката. Проба со Севиља да игра така во гости и од 0-3 ни израмниа 3-3, а Кутињо беше еден од послабите и воопшто не му помагаше на Морено. Кутињо играше средина против тимовите кои главно се бранеа и ни требаа повеќе играчи во нападот, односно во натпреварите каде главно играта беше во противничката половина.

Сепак јас мислам дека главна причина е слабата форма на Фирмино и повредата на Окс и Кеита. Окс не некој што креира како Кутињо но знае да повлече со топка напред и да отвори простор за другите, се надевав дека Кеита ќе има слична задача бидејќи во Лајпциг одлично му одеше транзицијата од одбрана во напад со брзи додавања и дриблинзи но еве се повреди.

Друга причина е промената на тактиката од страна на Клоп, односно интензитетот во пресингот. Кај неговите тимови (со негови зборови) "системот е креаторот" односно со контра пресинг да се извади од баланс противничкиот тим и да се постигне гол. Оваа година интензитетот на пресингот кај Ливерпул е далеку послаб, но ова може да биде и намерна промена односно да ја темпира формата за вториот дел од сезонта, за да не бидат издишани пак на крајот од сезонта.


Колку за споредба, просекот од претходните години е 52% и само 2 пати во неговата тренерска кариера бил под 50%, додека годинава е 46%.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2012
Мислења
31.543
Поени од реакции
62.441
:eek:

Out of curiosity, се знае ли на која висина е топката?
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
:eek:

Out of curiosity, се знае ли на која висина е топката?
Не знам а делува ко да е прилично високо. Чудовиште е ликов, еве после скоро година дена не ми се верува дека игра во Ливерпул, најсериозно.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.671
Поени од реакции
38.856
Мојот човек Ван Дајк, мастерклас, за разлика од душбегот Ловрен кој се шлепа на него.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Ловрен има точно 13 минути изиграно сезонава.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Денес Садио Забио потпиша нов договор, што значи дека цел прв состав ни е на 4 плус години обврзан со договори.
Хенри, Едвардс и Клоп газат ко екипа, дефинитивно. Следен чекор е трофеј, нешто што мора да дојде што побрзо.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Денес Садио Забио потпиша нов договор, што значи дека цел прв состав ни е на 4 плус години обврзан со договори.
Хенри, Едвардс и Клоп газат ко екипа, дефинитивно. Следен чекор е трофеј, нешто што мора да дојде што побрзо.
Следен на листа претпоставувам дека е Гомез.[DOUBLEPOST=1543008517][/DOUBLEPOST]
Проблемот со Кутињо во средина е што против посериозни противници Ливерпул ја губи битката во средниот ред, затоа против посериозните тимови Клоп играше со тројца од 4-ката. Проба со Севиља да игра така во гости и од 0-3 ни израмниа 3-3, а Кутињо беше еден од послабите и воопшто не му помагаше на Морено. Кутињо играше средина против тимовите кои главно се бранеа и ни требаа повеќе играчи во нападот, односно во натпреварите каде главно играта беше во противничката половина.

Сепак јас мислам дека главна причина е слабата форма на Фирмино и повредата на Окс и Кеита. Окс не некој што креира како Кутињо но знае да повлече со топка напред и да отвори простор за другите, се надевав дека Кеита ќе има слична задача бидејќи во Лајпциг одлично му одеше транзицијата од одбрана во напад со брзи додавања и дриблинзи но еве се повреди.

Друга причина е промената на тактиката од страна на Клоп, односно интензитетот во пресингот. Кај неговите тимови (со негови зборови) "системот е креаторот" односно со контра пресинг да се извади од баланс противничкиот тим и да се постигне гол. Оваа година интензитетот на пресингот кај Ливерпул е далеку послаб, но ова може да биде и намерна промена односно да ја темпира формата за вториот дел од сезонта, за да не бидат издишани пак на крајот од сезонта.


Колку за споредба, просекот од претходните години е 52% и само 2 пати во неговата тренерска кариера бил под 50%, додека годинава е 46%.
Кога игра 4-3-3, Клоп преферира сите тројца во средина да се "физички" играчи, кога играме во гости (затоа и играч како Шакири не игра во тројка во средина, а и утре верувам дека нема да стартува), т.е. да нема класичен плејмејкер кој е слаб во дефанзивни задачи. Ливерпул (како што кажа) лани со Кутињо во тројката во средина се изнаприма голови (исто, добар пример ти беше Севиља гости, кога го извади Клоп после 60 минути).
Нешто што мене ме радува е тоа што Клоп се прилагодува на лигата и полека учи дека безглаво играње на пресинг во оваа лига каде екипите се страшно физички спремни, нема така лесно да работи и дека лесно се примаат голови.

Од сезонава до сега сум многу задоволен (и секој треба да биде задоволен) со исклучок на Звезда и Наполи. Додатно е тоа што од тимов се очекува уште повеќе (посебно во средина и во напад).
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom