Македонска берза

Член од
10 декември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
2.360
Гранит дава дивиденда од 28 ден по акција или околу 4 % од сегашна пазарна цена. Ако земеме каква беше 2017та во градежништвото воопште не е лошо. Вториот квартал во 2018та е клучен за да се види во кои насоки ќе оди оваа индустрија.
Се би било добро, ако немаше алтернативи кои имаат и одлични заработки, предвидлива иднина и даваат над 10% дивиденди.
И машала менаџментот зема бонус скоро повеќе од 1/3 од сумата определена за дивиденда на сите акционери.
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574

Да но 1/3 од добивката е за дивиденда, другите ќе се инвестираат. Се согласувам дека бонусите им се мрсни.
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Да бе да, цената ти ја погодија ли :D . Ти стварно си 95% со парите во Телеком :sneaky:
За цената не треба да ми погаѓаат. До сега акција не сум преценил. Некои сум потценил додуше

Не сум 95% во ТЕЛ ама негде 45%. Остатокот е ГРНТ ТНБ, од скоро СТБП, и помалку КМБ ОКТА СПАЗП

Од све по малку :)
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Не си го продавај Кољо чифликот испадна работава со ГРАНИТ!

"Известуваме дека ГД Гранит АД и ДГ Бетон АД како членки на конзорциум со заеднички настап потпишаа договор со Јавното претпријатие за државни патишта.
Предмет на договорот е Изградба на Експресен пат, ЛОТ 2:Изградба на делница Крива Паланка-Длабочица
Вредноста на договорот изнесува 1.870.748 илјади денари, со рок на изведување 3 години. 22.05.2018 ГД Гранит АД".

http://www.seinet.com.mk/?docID=43473
30,5 Милиони евра не е мала работа!
Акцијата во паниката идеше и со 707 ден, ако се земе дека пред тоа беше 800 ден, разлика од 100 ден + 28 ден дивидедна = 128ден загуба за тие што продадоа на таа цена. Тие што го искористија моментот " начекаа попуст "од 18%
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.749
Поени од реакции
12.764

Ќе тргне возот кај и да е после нема сопирање. Не ми се јасни тие што продаваа на 740; 730 итн, кога: прво се знае дека прв квартал е небитен за градежен сектор; второ имаш одлично пласирани 7мил во кмб во време кога примарната дејност им стагнираше.
Се надевам утре ќе може да се докупи на оваа смешна цена од 720.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
39
Поени од реакции
9
Kakov presvrt vo Granit i Beton. Sea koj e u prednost bosko mislenje. Isto taka so akcii se podnovi Hari od Kmb dali kje sledi so ova pridvizuvanje i nadminuvanje na granica na mse nas 3000?
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Kakov presvrt vo Granit i Beton. Sea koj e u prednost bosko mislenje. Isto taka so akcii se podnovi Hari od Kmb dali kje sledi so ova pridvizuvanje i nadminuvanje na granica na mse nas 3000?
Јас градежници немам и не мислам да купувам оваа година . . . само ако паднат значително. . . ќе влезам.
Оваа година продолжувам со портфолио „банки“.
Оваа година ФИ на Гранит и Бетон ќе бидат лоши, посебно на Бетон. Додека не се поправат ФИ и да има подобар поврат на капиталот јас таму не влегувам.
Денешниот тендер од 30 милиони евра е само за преживување, а не и за големи профити .
Ќе го фатат и тендерот за Штип - Кочани.

Солидна дивиденда на Гранит. Тоа е добар знак за инвеститорите.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
во ова се слагам со Бошко, 30м евра не е некоја пара за 3 години поделена, тешко дека брзо градежништвото ке тргне, а и во најдобрите години имаа мизерни добивки.
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Без грдежен бум нема висок економски раст во земјава. 2017та немавме Влада пола година, а овој бизнис е многу зависен од државната интервенција. Понатаму општините беа со истечени мандати на градоначалниците, па локални избори (сопирање на градежните активности) и на крај откако се сменија локалните власти се прогласи мораториум на ДУП-овите за да се преиспита нивната издржаност (а и реално се гредеше безплански насекаде) се тоа влијаеше врз овие компании (градежните) па затоа не ме чуди што билансите не им се добри. Дури сметам дека Гранит и добро помина во 2017та со дивиденда од 28 ден. Ова ќе биде клучен период, сум анализирал и верувајте нема акција со поголема корелација со МБИ10 од Гранит, како иде МБИ така иде и Гранит. Ако нема пари во градежништвото нема да пркне економијава, тоа мислам дека им е добро познато и на властите.

П.С. Се нафаќа некој за празнициве да го чита новиот закон за енергетика :) ?
 
Последно уредено:

MSE

Член од
13 мај 2017
Мислења
261
Поени од реакции
332
Баталете го МојНовац, не вреди поради два и пол Хрвати што ќе пишат нешто чат-пат што имаат да допродадат на Македонија подфорумот, да одите сите да го кршите јазикот :icon_mrgr:

Парата лежи во Трпе што чита "Љубов и Секс" подфорумот ама успат има и 30 000 евра во девизно штедење :icon_mrgr:
И во "Зоран" од Шкендија тема браќата што му праќаат пари од Швицарска.:zloo:

п.с Дајте кога ќе се среди да се појавуваат новите пораки од темава во "Нови Мислења" ???
Знам за Надгледувани Теми и сето тоа, туку да се излажат Трпе и "Зоран" да залутаат на темава по грешка :sneaky:

п.с Paint доктор :misticen:
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Ќе биде интересно да се види корекцијата што утре ќе се случи кај НЛБ, очекувам дека ќе биде повеќе од дивидендата ама сепак таа цена нема да потрае повеќе од 1 месец па може да биде убава прилика за купување
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
п.с Дајте кога ќе се среди да се појавуваат новите пораки од темава во "Нови Мислења" ???
Знам за Надгледувани Теми и сето тоа, туку да се излажат Трпе и "Зоран" да залутаат на темава по грешка :sneaky:

п.с Paint доктор :misticen:
Ова е баг на XenForo-то, пробав еднаш да го средам ама не иде. Темава е ставена како важна, секогаш ќе биде прва на листата штом го отворите подфорумот, користете ја таа опција.
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471

Kajgana Shop

На врв Bottom