A1 Net кабелски Интернет - генерална дискусија

Член од
24 април 2008
Мислења
10.508
Поени од реакции
11.571
Едно техничко прашање, што е толку разликата помеѓу оптичкиот интернет и интернетот што ќе биде Docsis 3.1. Full Duplex.
Од моето лаичко познавање, знам дека и кај двете брзините се симетрични и кај двете брзините ќе идат до 1Gbps...
Што точно ќе менува кој стандард ќе биде употребен?
Во право си, но не целосно.

Во моментов оптичкиот Интернет нуди симетрични брзини до 1 гигабит во секунда, односно 125 мегабајти во секунда, а за DOCSIS 3.1 Full Duplex планирани се симетрични брзини до 10 гигабита во секунда, односно 1.25 гигабајти во секунда.

Но додека во меѓувреме сеуште не се договорени и воведени техничките спецификации кои ќе треба да ги исполнува опремата за DOCSIS 3.1 Full Duplex, во делови од САД веќе има населени места каде што оптичкиот Интернет нуди брзини до 10 гигабита во секунда, односно 1.25 гигабајти во секунда.

Е сега, секако дека Македонија не е САД, но самиот факт дека оптичкиот Интернет веќе ги нуди симетричните брзини кои кабелскиот DOCSIS 3.1 Full Duplex допрва ќе почне да ги нуди - а сеуште не се договорени и воведени неговите технички спецификации - говори дека оптичкиот Интернет секогаш е чекор понапред пред хибридниот кабелски DOCSIS Интернет, кој да се потсетиме - и самиот функционира преку оптички кабел, односно станува збор за оптички Интернет кој до крајниот корисник пристигнува преку коаксијален кабел наместо преку оптички кабел.
 
Последно уредено:

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306

Ахам, сеа ми е појасно. Фала на анализата.
А што мислиш, за колку време би се стандардизирал docsis 3.1. full duplex и би се вовел и во МКД?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.508
Поени од реакции
11.571
Ахам, сеа ми е појасно. Фала на анализата.
А што мислиш, за колку време би се стандардизирал docsis 3.1. full duplex и би се вовел и во МКД?
Па најверојатно до крајот на 2017 година или во текот на 2018 година.

Но DOCSIS 3.1 веќе постои од 2016 година, со разликата што не нуди симетрични Интернет брзини. DOCSIS 3.1 нуди Интернет брзина на симнување (примање) на податоци до 10 гигабита (1.25 гигабајти) во секунда и Интернет брзина на качување (праќање) на податоци до 1 гигабит (125 мегабајти) во секунда.

Поентата на DOCSIS 3.1 Full Duplex е да нуди симетрични Интернет брзини и на симнување (примање) и на качување (праќање) на податоци до 10 гигабита (1.25 гигабајти) во секунда.

Уште една предност на DOCSIS 3.1, е тоа што DOCSIS 3.1 е првиот DOCSIS хибриден Интернет со технички исти спецификации во Америка и во Европа, додека постарите DOCSIS стандарди се разликуваат помеѓу американскиот DOCSIS и европскиот EuroDOCSIS.

Така да, ако Вип имаат интерес, желба и волја, можат веќе да почнат со воведување на DOCSIS 3.1, а кога ќе бидат договорени и воведени техничките спецификации за DOCSIS 3.1 Full Duplex, сигурно миграцијата од DOCSIS 3.1 кон DOCSIS 3.1 Full Duplex ќе биде полесна наспроти миграцијата од сегашниот EuroDOCSIS 3.0 кој го користиме преку Technicolor рутерите на Вип кон DOCSIS 3.1, чии што технички спецификации беа воведени во 2016 година.

Но останува и надежта за оптички Интернет од Вип. :jeeee:
 
Но останува и надежта за оптички Интернет. :D
А да прашам уште нешто, во однос на мобилната телефонија (иако е малку oф-топик можеби), што точно е тоа VoLTE и дали може да се очекува од Vip? И уште нешто, која е точно разликата меѓу DVB-C и DVB-C2 и дали и ова чудо може да се очекува од Vip некогаш?
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.411
Поени од реакции
2.753
Ти држи вода теоријата, и јас помислив на истото, но на улица Кленоец во Влае едноставно има премногу ормари за оптички разделници, можно е сите да се од Телекабел и од Неотел, а оптичките кабли на Вип да одат кон локалната централа, но и цревата за оптички кабли на Вип ги има на повеќе места каде што излегуваат за да бидат поставени ормари за оптички разделници на тие места.

По логика на нештата, ако оптичкиот кабел оди само кон локалната централа, тогаш воопшто нема потреба од ормар со оптички разделници, бидејќи оптичките разделници се користат за делење на сигналот од оптичките кабли на оптички влакна кои завршуваат кај крајните корисници - таква е праксата на Македонски Телеком, таква е праксата и на Телекабел, а претпоставувам дека таква е праксата и на Неотел.

И баш човекот кај кого работев на улица Кленоец во Влае користи кабелска телевизија од Вип ТВ со Gospell кабелски рисивер, единствено не ми текна да го прашам дали користи и кабелски Интернет од нив и дали е со брзина од 5 мегабајти во секунда, но не верувам дека користи Интернет човекот, ги има над 80 години. :D

Се согласувам дека поголема е веројатноста во блиска иднина да дочекаме симетрични брзини на кабелски Интернет преку DOCSIS 3.1 Full Duplex - за кој допрва треба да бидат воведени меѓународни технички спецификации, што значи дека и светот сеуште чека за симетрични брзини на кабелски Интернет, а ние сигурно уште подолго време ќе чекаме, но сепак кога ги видов цревата за оптички кабли на Вип во Влае на повеќе места на една иста улица, а и @Trajce Vasilev во неговиот пост #10904 во темата Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми) има објавено слики од црева за оптички кабли на Вип во Аеродром, а знам дека таму уште пред 10 години Кејблтел пушташе оптички кабли кои завршуваат во тамошните локални централи, дојдов до заклучок дека можеби и ние корисниците на Вип ќе дочекаме оптички Интернет во блиска иднина, иако се разбира, симетричен кабелски Интернет преку DOCSIS 3.1 Full Duplex исто така ќе биде добредојден.
Не ме сфаќај погрешно, не дека негирам за тоа што поставувале оптика во Влае и Аеродром, но ми нема логика. Еве како што викаш ти таму можно е до секој дома да пуштаат оптика бидејќи имало многу сандачиња веќе поставено... ОК супер нема никаков проблем. Но што ќе прават со постоечката мрежа?

Но еве во Карпош 4 ги пуштија цревата некаде претходнава зима-пролет и седат за приклучување односно ставање оптички кабел низ нив - но ништо од тоа. Воопштоо ова ми нема логика поради што на само 50 метри од сликава (каде ете пуштено е веќе оптичко црево каде и означено на него е дека е од оне.Вип) е веќе постоечката оптичко-коаксијална мрежа на која се приклучени сите нивни корисници. Како и што споменав во претходниот пост, работниците ми рекоа дека се става за понатаму и не се планира засега ништо посебно. IMG_20171027_194840.jpg

Едно знам, а тоа е дека доколку Телекабел, Македонски Телеком и Неотел продолжат со поставување на оптика, овие ќе бидат доста назад, бидејќи единствен проблем на Вип е тапа аплоудот. Или ќе мора да го надоградат ДОКСИС или по примерот на Телекабел ќе пуштаат оптика до секој објект. Проблемот за земање на оптички пакет од корисниците е најмногу цената. Реално Телекабел е најисплатлив со 40/40 за 1000МКД, Телеком за оваа цена нуди АДСЛ од 12 Mbps, а за 899 8 Mbps со 50 GB лимит, па ало бре што ви е? Но тоа е кога се единствени во одредени места каде што има само нивна мрежа поставено, така да ако сакаш ТВ и Нет или ќе му плаќаш на Телеком или нема гледање тв и користење нет. Така да ќе мора да се одлучат или премин кон ДОКСИС 3.1 па 3.1 Full Duplex, или поставување/замена со оптика.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.508
Поени од реакции
11.571
Не ме сфаќај погрешно, не дека негирам за тоа што поставувале оптика во Влае и Аеродром, но ми нема логика. Еве како што викаш ти таму можно е до секој дома да пуштаат оптика бидејќи имало многу сандачиња веќе поставено... ОК супер нема никаков проблем. Но што ќе прават со постоечката мрежа?

Но еве во Карпош 4 ги пуштија цревата некаде претходнава зима-пролет и седат за приклучување односно ставање оптички кабел низ нив - но ништо од тоа. Воопштоо ова ми нема логика поради што на само 50 метри од сликава (каде ете пуштено е веќе оптичко црево каде и означено на него е дека е од оне.Вип) е веќе постоечката оптичко-коаксијална мрежа на која се приклучени сите нивни корисници. Како и што споменав во претходниот пост, работниците ми рекоа дека се става за понатаму и не се планира засега ништо посебно.Прегледај го приврзокот 179437

Едно знам, а тоа е дека доколку Телекабел, Македонски Телеком и Неотел продолжат со поставување на оптика, овие ќе бидат доста назад, бидејќи единствен проблем на Вип е тапа аплоудот. Или ќе мора да го надоградат ДОКСИС или по примерот на Телекабел ќе пуштаат оптика до секој објект. Проблемот за земање на оптички пакет од корисниците е најмногу цената. Реално Телекабел е најисплатлив со 40/40 за 1000МКД, Телеком за оваа цена нуди АДСЛ од 12 Mbps, а за 899 8 Mbps со 50 GB лимит, па ало бре кај се наоѓате? Но тоа е кога се единствени во одредени места каде што има само нивна мрежа поставено, така да ако сакаш ТВ и Нет или ќе му плаќаш на Телеком или нема гледање тв и користење нет. Така да ќе мора да се одлучат или премин кон ДОКСИС 3.1 па 3.1 Full Duplex, или поставување/замена со оптика.
Тие црева за оптички кабли можат да дремат со месеци, ако не и со години, но самиот факт дека се поставени говори дека ќе постои барем некаква основна инфраструктура за пуштање на оптички кабли во иднина на тие места - што е многу полесно и многу поисплатливо наспроти одново копање и пуштање на црева за оптички кабли.

Како и да е, знаеме дека Телекабел и Неотел, исто како и Македонски Телеком, нудат оптички Интернет преку оптички кабел кој завршува кај крајниот корисник, па затоа дојдов до заклучок дека и Вип го планираат истиот пристап до крајните корисници во иднина, бидејќи во спротивно - како што и ти самиот спомна - ќе бидат уназадени. И се разбира, до таквиот заклучок дојдов и поради фактот дека има многу црева за оптички кабли кои излегуваат пред куќите на улица Кленоец во Влае.

Кога сме кај постоечката оптичка телекомуникациска мрежа на Вип, истата можат или да ја надоградат, или да ја чуваат како алтернативна мрежа за корисниците кои ќе сакаат да користат само кабелска телевизија и/или фиксна телефонија - а ги има и такви, пензионерите на пример, не верувам дека се многу навлечени на Интернет. :D

Или па можеби се договориле заедно со Неотел и Телекабел да платат за градежно-земјените работи, што е многу поисплатливо наместо да плаќаш сам од свој џеб додека конкуренцијата те престигнува.

Како и да е, повеќе од добредојдени се било какви нови инвестиции во кабелската мрежа на Вип ТВ, пред се` од нас корисниците, кои не верувам дека ќе бидеме зијан поради ваквите инвестиции на Вип.
 
Кога ќе видиш и уназадени се веќе, односно единствени кои не нудат оптика до краен корисник никаде (приватни). :) Телеком веќе кај мене има повеќе од 5-6 години оптика, Телекабел скоро 4 години. Уште овие ги чекам :)
 
За мој личен вкус ми нудат одличен и квалитетен Интернет, единствено телевизиската понуда им стана тапа откако ги отстранија Djazz TV и Brava TV.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.508
Поени од реакции
11.571
Денес повторно беа изведувани градежно-земјени работи на улица Кленоец во Влае, овој пат беа пуштани црева за оптички кабли во споредна слепа улица, тешко ми е да верувам дека оптичките кабли кои ќе поминуваат низ тие црева нема да завршуваат кај крајните корисници.

Но за волја на вистината, денес цревата за оптичките кабли не беа пуштени до сите куќи како што е тоа случајот со куќите кои излегуваат на главната улица Кленоец, но претпоставувам дека тоа е бидејќи станува збор за споредна слепа улица.

И истиот ден истата споредна слепа улица беше тазе асфалтирана откако беа пуштени цревата за оптичките кабли.

Цревата за оптичките кабли веќе станаа лесни за препознавање - со црвени линии се на Вип, а со плави линии се на Телекабел, дури и ормарите за оптичките разделници се поделени на ормари во кои завршуваат само цревата со црвени линии и ормари во кои завршуваат само цревата со плави линии.

Член од
24 април 2008
Мислења
10.508
Поени од реакции
11.571
Денес работата ме однесе во Ново Лисиче на булевар АСНОМ, каде што забележав дека пред влезовите на речиси секоја станбена зграда има црева за оптички кабли од оне.Вип.

Конкретно зградата чиј што влез го фотографирав, а кој е прикажан на наредните слики, е поврзана со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, исто како и со кабелската мрежа на Вип ТВ, дури има и 2 ормара со оптички разделници наспроти влезот на зградата - едниот е од Македонски Телеком за потребите на корисниците во зградата, а другиот е од Вип, но наменет е за поврзување на веќе постоечките оптички кабли кои завршуваат во локалната централа, а не за корисниците во зградата.

Како и да е, овие црева за оптички кабли од Вип ги има пред влезот на секоја поголема зграда на булевар АСНОМ, а на помалите згради со повеќе влезови има по едно или две црева за оптички кабли пред само еден од влезовите.

За волја на вистината, во некои од зградите забележав дека имаат црева за оптички кабли во внатрешните кабелски инсталации, но низ нив поминуваат коаксијални кабли, а не оптички кабли. Но сепак фактот дека пред влезовите и на тие згради се наоѓаат овие црева за оптички кабли, говори дека Вип планира да пушта оптички кабли до тие згради кои ќе завршуваат кај крајните корисници.

Истото го забележав и кај зградите во Карпош 3, поточно оние меѓу Лептокарија и Сити Мол, односно имаше црево до секој влез без никакви кабли внатре. Повторно ќе кажам дека нешто не ми штима овде за оптика, да не ја префрлаат само мрежата под земја, бидејќи имам забележано дека на неколку места низ Скопјево и коалсијални кабли (RG-11) им се под земја во црево кое нормално личи дека е за оптички кабел. Колку што знам АЕК како што најави од 2018 мислам цела мрежа ќе мора да биде под земја но не гледам дека ова ќе се случи во 2018. Останува да видиме што ќе прават. :unsure:
 
Држи вода теоријата, но како што забележавме во Влае на улица Кленоец, Телекабел исто така имаат пуштено црева за оптички кабли, а за нив знаеме дека пуштаат оптички кабли кои завршуваат кај крајните корисници, па затоа ако АЕК наредиле целата мрежа да биде подземна, држи вода и теоријата дека на Вип ТВ поисплатливо им е уште сега да почнат да пуштаат оптички кабли кои ќе завршуваат кај крајните корисници, отколку да им текне за 5 или 10 години од сега да почнат со тоа кога сега веќе имаат подземна инфраструктура во фаза на изградба.

А можно е и двете теории да се спроведуваат во пракса, бидејќи како што забележавме, пуштаат две црева пред влезовите, можеби едното црево е за коаксијални кабли за телевизија, а другото црево е за оптички кабли. Така и двајцата ќе бидеме во право. ;)

Деловната логика налага дека за кабелските оператори најдобро е уште сега да почнат да се подготвуваат за да му конкурираат на оптичкиот Интернет на Македонски Телеком, бидејќи нема Македонски Телеком до бескрај да нуди исти услуги по исти цени, прашање на време е кога ќе стане уште поконкурентен од сега.
 
Последно уредено:

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
8 години користам Оне сегашен Вип идам да платам сметка 900 денари и кога таа на каса ми вика дечко 2100 денари имате за оваа сметка.Прашувам нормално поради која причина треба да платам 2100 ден ми кажува дека сум го надминал интернетот.
Значи никад у овие 8 години не сум платил ништо повеќе од тоа што треба да платам,башка знам ако го надминам интернетот после тоа е со намалена брзина и свесен сум дека сум го потрошил нетот.Да сум се јавил па да ми пуштаат нов интернет ајде некако да разберам.
 
Член од
30 јануари 2011
Мислења
1.264
Поени од реакции
1.079
Дечки, на technicolor рутерот кога ќе се приклучи екстерен хард максималната брзина е 450 kbps или мене ми е нешто изместено?
 
Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.022
Поени од реакции
1.282
8 години користам Оне сегашен Вип идам да платам сметка 900 денари и кога таа на каса ми вика дечко 2100 денари имате за оваа сметка.Прашувам нормално поради која причина треба да платам 2100 ден ми кажува дека сум го надминал интернетот.
Значи никад у овие 8 години не сум платил ништо повеќе од тоа што треба да платам,башка знам ако го надминам интернетот после тоа е со намалена брзина и свесен сум дека сум го потрошил нетот.Да сум се јавил па да ми пуштаат нов интернет ајде некако да разберам.
Поднеси приговор, имаш право и на тоа. Ако си од Скопје можеш да размислиш и за некој од пакетите на Неотел со ЛТЕ интернет
 
Kajgana Shop

На врв Bottom