- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.049
- Поени од реакции
- 12.591
Во право си, но не целосно.Едно техничко прашање, што е толку разликата помеѓу оптичкиот интернет и интернетот што ќе биде Docsis 3.1. Full Duplex.
Од моето лаичко познавање, знам дека и кај двете брзините се симетрични и кај двете брзините ќе идат до 1Gbps...
Што точно ќе менува кој стандард ќе биде употребен?
Во моментов оптичкиот Интернет нуди симетрични брзини до 1 гигабит во секунда, односно 125 мегабајти во секунда, а за DOCSIS 3.1 Full Duplex планирани се симетрични брзини до 10 гигабита во секунда, односно 1.25 гигабајти во секунда.
Но додека во меѓувреме сеуште не се договорени и воведени техничките спецификации кои ќе треба да ги исполнува опремата за DOCSIS 3.1 Full Duplex, во делови од САД веќе има населени места каде што оптичкиот Интернет нуди брзини до 10 гигабита во секунда, односно 1.25 гигабајти во секунда.
Е сега, секако дека Македонија не е САД, но самиот факт дека оптичкиот Интернет веќе ги нуди симетричните брзини кои кабелскиот DOCSIS 3.1 Full Duplex допрва ќе почне да ги нуди - а сеуште не се договорени и воведени неговите технички спецификации - говори дека оптичкиот Интернет секогаш е чекор понапред пред хибридниот кабелски DOCSIS Интернет, кој да се потсетиме - и самиот функционира преку оптички кабел, односно станува збор за оптички Интернет кој до крајниот корисник пристигнува преку коаксијален кабел наместо преку оптички кабел.
Последно уредено: