Најмногу од се ме радува тоа што најсилното оружје на Милан е тимската игра. Дури и нереално изгледа надополнувањето помеѓу играчите на терен ако се знае дека скоро цела постава се нови играчи. Во Бонучи добиваме страшен лидер на тимот од кој што има многу да учат младиве играчи, а се гледа и дека бааги го почитуваат што не беше случај со претходните капитени во изминативе неколку години. Друга работа е што бековите ни се ебење. Пишав уште пред 2 месеци дека многу очекувам од нив, а гледајќи ги како се однесуваат на терен може слободно да кажам дека очекувам и доста асистенции па и голови од Конти и Родригез. Се на се одбраната очекувам да биде можеби и најсилниот дел од Милан оваа сезона. За Бонучи веќе кажав, Донарума фантастичен, Мусачо изненадувачки за мене одличен до сега, бековите ги спомнав, а се очекува наскоро и враќање на Ромањоли на теренот. Се на се мислам дека нема зима за дефанзивниот дел од тимот. Средниот ред мислам дека ќе треба да почекаме за да го видиме во полна форма. Освен Кеси кој дефинитивно не е нормален колку добар играч е, останатите во моментов очигледно е дека не се во полна натпреварувачка форма. Тука пред се мислам на Чаланоглу на кој што очигледно е дека ќе му треба малку време за да се врати во натпреварувачки ритам иако и вака се гледа од пасовите дека има премногу фудбал во него и Биља кој што мислам дека ненормално многу ќе му легне на тимов. Кога сме кај играчи кои не се уште во 100% форма мора покрај турчинов да ги спомнам и Конти и Андре Силва кои малку покасно почнаа со припреми што е доста очигледно и на терен, посебно кај португалецов. Нападот и годинава очекувам доста да зависи од играта на Сусо кој што почна доста добро и во новава сезона, но и од него очекувам подобра игра од лани пред се заради тоа што ќе има бааги подобри соиграчи по десната страна (Кеси и Конти), плус напаѓачите годинава се таков тип на играчи што добро се совпаѓаат во оваа 4-3-3 формација. На лево крило се надевам дека ќе пристигне некое асално засилување затоа што со Борини кој рака на срце изигра добра утакмица и Бонавентура кој што не е крило не знам колку е реално да се очекува да ја вршат работата која што би требало да ја врши класичен крилен играч. Се на се мислам дека тимов оди по вистинскиот пат иако е рано да се суди, а ако ја имаме таа среќа да упецаме уште еден класа играч тогаш мислам дека се може да биде.