Тука коментираме книги

  • Креатор на темата Креатор на темата LiquidHeII
  • Време на започнување Време на започнување
И двата наслови се точни, зашто „Бес“ во словенската митологија значи зол дух, демон. Опседнатите ги нарекувале „бесни“, оттаму и произлегува значењето во нашиот јазик - бесен, беснило.

Има нешто на македонската википедија, а повеќе на руската, кој разбира.

И „Демони“ и „Бесови“ се преведени од руски јазик, само што преведувачите се решиле за различни наслови.
 
Колку и да мислиш дека знаеш, понекогаш реалноста знае да те акне од земја и да ти каже дека поим немаш. Затоа викаат - човекот учи додека е жив. Така, дури вчера дознав дека Џорџ Елиот, авторот на Мидлмарч, еден од класиците на англиската литература и на многу избори за најдобар роман во историјата - на првото место - била жена! :tapp:
 
Јас за членови од форумов дознавам дека не се жени туку машки пол. :D

ПС: каде ја има посочената книга на Македонски јазик да се купи?
 
Магор, Ѕвезди на светската книжевност.
 
Најновата книга од Румена Бужаровска - Cine Delfi.
Не знам што ми требаше, изгледа оти беше опишана како "малку крими", ама ајде, да и дадеме шанса на најизвезуваната македонска авторка уште еднаш. Шта речи? Точно 100 страни со поголем фонт, нарација во прво лице за да поминат нелогичности. Книгава заплет воопшто немаше. Дејство близу Париз. Една посета на кино, едно возење со такси, и еден пресврт на крајот од кој се превртуваат очите. Ај барем некои длабоки разговори да водеа ликовиве па да оправдам што немаше приказна. Единствено нешто што ми се допадна во книгава е корицата и вметнувањето на филмот "Hero" од 1992, кој всушност е филмот што одат да го гледаат на кино ликовите. Поента речиси и да нема, иако гледам што авторката се обидува да пренесе. Лито, многу лито. "Тони" е сигурно подобра од оваа, иако и таа немаше завидни рецензии. Тоа е... на запад ништо ново. 2/5 одвај на буткање.
 
Ама како така за најпреведуваната авторка што толку убаво нè претставува пред светот. :D

И ти со кој памет купуваш книга од просветленото граџанство. Не може ние да и' ги разбереме мислите, тоа само во Европа. Она ти е ко Теона С. Митевска во книжевноста, несфатена од затуцаните Македонци.
 
И јас ја прочитав Cine Delfi, и воопшто не ме одушеви, поточно, не ми остави никаков впечаток. Не ми е толку жал за изгубеното време, сепак е мала книга, не е ни роман, повеќе е како подолг расказ или повест, се чита за еден час.
 
Ај за парите еве. Нешто посалам со тие 6 евра ќе се земеше.
 
Искрен да бидам, секое нејзино идно дело ми е помизерно, attention seeking искомерцијализирано срање. Многу повеќе имав интерес кога ги читав нејзините постари издадени книги Осмица и Мојот маж. После Не одам никаде, ми немаат никаква друга смисла. Не гледам никакво созревање само тапкање во место, папагалско повторување, искомерцијализиран квази хејт.
 
Би ја купил само ако некогаш успее да земе Роман на годината, ама само зашто ги имам сите добитници дома. Ама ќе биде еден од ретките кој дефинитивно нема да го прочитам како и секое нејзино „грозно и мрачно“ писание.
 
Ама како така за најпреведуваната авторка што толку убаво нè претставува пред светот. :D

И ти со кој памет купуваш книга од просветленото граџанство. Не може ние да и' ги разбереме мислите, тоа само во Европа. Она ти е ко Теона С. Митевска во книжевноста, несфатена од затуцаните Македонци.
Еве Ќорвезироска Оливера не се сложува со нас.

ОЦЕТ

Духовитата, интелигентна нарација на Румена Бужаровска од нејзините најдобри раскази, ширум отворената перцепција со нагласена смисла за детаљ, за расфрлање (но и за собирање!) милион мониста со еден потег, во нејзиниот најнов, втор роман SINE DELFI е збогатена и со напнатост, со цврсто водена (хорор) атмосфера, со закана провлечена низ приказната како невидлив конец вденат во талентирана рака, кој го затега и го разлабавува текстот во одличен ритам. Од првата до последната страница сè лизга совршено, како добро подмачкана врата што може без престан да се отвора и да се затвора без ниту најмал шум.

SINE DELFI е филмски роман, се чита за толку време колку што вообичаено е потребно да се изгледа филм. Добар филм. Добар роман. Изграден е врз вистинска приказна (така наведува авторката), но она што сметам дека е поважно од тоа е фактот дека е изграден врз една стабилна љубов на мртов татко и две нестабилни, клацкави и крцкави љубови на живи мајка и сестра на јас-нараторката.

SINE DELFI можел да се вика и ОЦЕТ, КОСА или БУВ, зашто и вистинскиот наслов и трите други што се наметнуваат како можни, на ист начин се излачуваат од приказната – умешно, како капка со кристална меморија за големото море. CINE DELFI е киното каде што одат мајката и ќерката-раскажувач и каде што нивниот разлеан однос добива контура („Кога одевме во кино, ми се чинеше дека мајка ми ме сака, дека ме чува“ – стр. 49; „Кога сме во киното, имам чувство дека ми е мајка, дека се грижи за мене и дека го сака тоа што го сакам и јас“ – стр. 64); ОЦЕТ е остра состојка-метафора за односот на двете сестри; КОСА е предметот што постојано е во рацете на градинарот чичко Мани или чичко Смрт; БУВ е нешто што прв пат се гледа во живо во животот и тоа токму тогаш кога на животот му се заканува смрт („Цел живот живеам покрај шумата, но никогаш немав видено був“ – стр. 97)...

CINE DELFI ни ја претставува Румена Бужаровска во најдоброто книжевно издание и светло досега. Тој е доказ дека големиот книжевен успех може да биде и поттик, трамболина за уште повисок скок. Но, да не заборавиме, успехот на Бужаровска е и наш, на современата македонска книжевност, и тоа уште поголем и позначаен од нејзиниот, личниот.

Бетер се од докториве што не се закачаат меѓусебно кога ќе посерат работа при некоја операција.
 
Вчера пошто немав работа зедов книга да читам - прва при раце ми падна "Три Марии'' токму од Ќорвезироска.

Ја прочитав за некои 4 саати пошто не е обемна, само 155 страници. Ако тој "роман" заслужил 3 највисоки книжевни признанија, тогаш ич да не ги ни читаме другите романи што не стигнаа до награда лани.

Ај што не е роман, ај што нема никаква составна точка меѓу трите раскази освен Славко - што беше најнебитен лик во целава книга, туку и приказниве по тематика беа куку леле. Фалеше уште "Врати се Бела Марија" да ја спомнат од Пупиноски во вториот дел со несудената побегуља.

Крајно разочаран и од книгата и од Ќорвезироска. :(
 
Се надевам дека кога ќе почнеме отворено да зборуваме за овие работи во јавност, ќе не подржите и таму. :) а треба да се почне, одамна е печено за тоа...
 
Бетер се од докториве што не се закачаат меѓусебно кога ќе посерат работа при некоја операција.

„Ја тебе војводо, ти мене сердаре“ е работава. :D

Вчера пошто немав работа зедов книга да читам - прва при раце ми падна "Три Марии'' токму од Ќорвезироска.

Ја прочитав за некои 4 саати пошто не е обемна, само 155 страници. Ако тој "роман" заслужил 3 највисоки книжевни признанија, тогаш ич да не ги ни читаме другите романи што не стигнаа до награда лани.

Ај што не е роман, ај што нема никаква составна точка меѓу трите раскази освен Славко - што беше најнебитен лик во целава книга, туку и приказниве по тематика беа куку леле. Фалеше уште "Врати се Бела Марија" да ја спомнат од Пупиноски во вториот дел со несудената побегуља.

Крајно разочаран и од книгата и од Ќорвезироска. :(
Ќорвезироска има специфичен стил, барем кај расказите што сум ги читал (не сум ги читал нејзините романи), не е баш лесно да се чита зашто ги „везе“ речениците и не секој може да го свари тоа, посебно ако е некој нетрпелив. Мене ми се допаѓа како авторка, од женските авторки ми е меѓу првите пет.
За „Три Марии“ од неколкумина досега слушнав главно лоши/негативни критики, веројатно не го бива романот.
 
Back
На врв Bottom