Политички случувања во Србија: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата PloTwist
  • Време на започнување Време на започнување
Држењето на раката преку левата страна од градите (срцето?...), ме потсетува на еден (не)славен кандидат за „Нобелова„, црпнат од нива, кој сега ужива во благодетите од негово владеење, како и последиците од истото, кое ќе го трпиме со децении.

Ликот стори се‘ спротивно од она кое јавно го ветуваше по телевизии.

Како ли му беше името, нејќе да ми текне...:(
 

Види види види кај му е раката :pos:
Од кај искачаат маме му ебам , у фабрика ли ги праат. Само ова ми е доволно да знам што ќе прави овој во иднина ако е премиер.
По положба на раката го суми? Готово е, го провалија кајганџии, жвалави прави пресврт :(
 
Вучич падна завршена работа. Да почекаме како ќе се одвиваат работите во иднина. Дали обичните граѓани конечно ќе добијат функционална држава или пак ќе бидат превеслани.
 
Вучич падна завршена работа. Да почекаме како ќе се одвиваат работите во иднина. Дали обичните граѓани конечно ќе добијат функционална држава или пак ќе бидат превеслани.


Реално имаше и добри проекти и работи од Вучиќ.
Се бореше јако против резолуцијата за Сребреница и добиваше т.е собираше гласови од одредени држави, некои држави исто гласаа против резолуцијата за Сребреница а некои држави гласаа воздржано, пример се Унгарија и Азербејџан беа на страната на Србија. Едната држава доминантно муслиманска и веројатно имала и притисок од поголемиот брат Турција околу резолуцијата а сепак Азербејџан излезе во предвид на Србија.

Имаше еден извонреден државен проект предводен од една коалициска партија на пензионерите а тоа е партијата ПУПС ( партија уједињених пензионера Србије) и тој стариот лидерот од таа пензионерска партија Јован Кркобабиќ имаше проект и доделуваа бесповратни средства на заинтересираните луѓе на возраст до 45 години. Се доделуваа куќи и имоти на села, претежно села со мал број жители и каде за сума до 10.000 евра во динарска противвредност ,,Министерството за демографија и грижа за селото на Србија,, до таа сума од 10.000 евра доделуваа куќи на заинтересираните кои се пријавуваа на конкурсите.
Неколку илјади семејства и брачни парови на овој начин дојдоа до имоти. Дел од тие луѓе кои добија имоти и куќи изминативе 3 години се снимаат емисии во траење од 1 час и во Петоците од термин 21:00 на РТС 1 се емитуваа тие емисии, водител беше Марија Вељковиќ поранешна водителка на квизот Слагалица.
Да, точно е дека треба во тие куќи и имоти да се вложуваат и многу пари ама сепак беше убав тој проект, ајде нека во МК владата и министерство доделат 10.000 евра за куќи и имоти на село.

Ама извесно е дека новата власт на Србија ќе го укине овој проект за доделување на куќи и имоти низ селата.
Овој проект е за задржување. Колку толку некои села нема да згаснат кога би продолжил проектот.

А дека имаше страшна корупција за владеењето на СНС во Србија е факт. Забегаа тие околу Вучиќ, самиот Вучиќ и така и така беше, ама тие главните шефови на партијата СНС т.е претседателите на општинските комитети на партијата на 145 општини низ Србија, е тие ликови главоњи забегаа и аздисуваа во владеењето, пљачкосуваа со тендери ршум направија.
И затоа на кантар ставив за и против аргументи, и беше јасно дека ако победеше Вучиќ ќе продолжеаа поделбите и протестите низ Србија, и како и веројатно стотици илјади други гласачи и јас заокружив тројка за студентите на овие избори во Србија. Всушност јас и на претходните избори од 17.12.2023 и тогаш гласав за тогашната опозиција тогаш ,, Србија против насиља,, СНС уште пред 5 години беа за пад од власта ама Вучиќ ги држеше.
 
нема лабаво со мосад....

 
Жално е што постои голема веројатност дека народот ќе падне пак на истите финти иако пред време се јасни сите можни сценарија и на кои начини и едните и другите и третите ги искористуваат настаните за политички поени и за да се дочепаат до власт.
Жално е што стварно ќе ги внесат бугарите во Устав и после за тоа ќе ги обвинуваат дпмне, додека они ќе бидат спасители со наводните европски интеграции.
Судот и ЈО се сеуште „независни“ односно на комуњарата која е умешно позиционирана во двете партии, во едната е изразено повеќе во другата не толку

Единствена надеж е тоа што добар дел од неутралните веќе не им веруваат на револуционерите од улица и сфаќаат дека за нив не е битен народот туку се битни каузите.
Клучно ќе биде кога ќе настапи хистеријата и тука ќе биде пресекот

би ти пишувал пост околу тоа зашто и како се паѓа од власт, ама место тоа, еве ти една слика што е подобра од илјада зборови

Screenshot_2026-10-30-17-37-43-177_com.facebook.katana-edit.jpg
 
А убаво им било и на Вучиќ и на овие двајца во РТС и наеднаш сеа никој не чини.
 

не ми е јасно, знам дека Волчко му прати полицај на Рамо за помош против демонстрантите, ова ми личи како Куклен Театар Караѓоз
 
Back
На врв Bottom