Да, токму во таа насока и ми беше коментарот.Единствено не треба да се претерува, да не стане навика, па да ја чека својата порција ќотек да помине и да си продолжи натаму по свое.
Секој го памти тој еден шамар шо некогаш го изедил кога ја претерал, јас ја имав таа среќа никогаш да не го изедам ама сум бил, на пример, ускратен од задоволството да имам сопствен избор/одлука во за 2-3 за мене битни работи во животот и така сум научил дека од страна на родителот нема да ми биде секогаш дадено сè на тацна само затоа што сум дете.
А во меѓувреме токму тоа што го збораш ти и добриот пример шо го даде со сопствената ќерка. Токму така растат и родителите и децата, трансформацијата е првенствено кај родителот оти треба да ја подигне од една страна самоконтролата на највисоко можно ниво, а од друга страна треба да мисли како секоја постапка во секојдневието (колку и да е бегла и минорна) ствара кај детето навики, стравови, гради карактер и секако влечи позитивни и негативни последици ако гледа нешто што родителот го прави наопаку или го прави како што треба.
Дете не е ништо освен рефлексија на родителот и домашните.
Понатаму во животот е сплет на околности и среќа во газот, како за секој од нас возрасните ама карактер и ментален склоп се градат на рани години и дома. Штом те земи образовен систем (кој горе долу насекаде е партал бидејќи е несоодветен) пиши пропало, на родителот му заминал возот за корекции т.е. понатаму само ќе гаси пожари, наместо да ги превенира.


