Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 59: Враќање на задолжителен воен рок, и тоа на две години)

Враќање на задолжителен воен рок, и тоа на две години


  • Вкупно гласачи
    48
Кога бев во едно село пред многу години паметам еден возрасен лик фати едно дете за врат и почна да го шамара и изјави "ја су те родил ја че те снишча" :vozbud:
 
Кога бев во едно село пред многу години паметам еден возрасен лик фати едно дете за врат и почна да го шамара и изјави "ја су те родил ја че те снишча" :vozbud:
Од кога мажите раѓаат :cautious:
 
Од кога мажите раѓаат :cautious:
Ваљда мислел преносно, ако нешто мислел воопшто :icon_lol:
Автоматски споено мислење:

Затоа треба да се внимава и по потреба да се објаснат постапките како што е слушање на Дорси.
Морисоновиот глас делува како да е стар илјада години, спектакуларно духовно искуство во халуцинантниот обид да се достигне вечноста.
 
Последно уредено:
Реков најмногу, не реков дека нема женски агресивни. Во никој случај не планирам да оставам ќерка ми да прави глупости.
Е-хе, само да знаеш јас колку сум тепан, и тоа за терање инает. Да ми дојде од газот во главата, и не ми дојде. :D

Врвот на воспитувањето на моите беше да не нанесам срам на семејното име. Немам често презиме ко Трајковски/Стојановски. Оставено ми е чисто, па и доста се почитувани и старите во средината во која што живееме, направиле огромно општествено добро, без противнадомест. Додека се живи ќе верувам дека има надеж за општеството, односно човештвото. :)

Има разлика од нивното воспитување до моето. Стариот е воспитуван на строго војничка дисциплина. Татко му бил воено лице, односот бил војник и генерал. Зборот е наредба. Казната е казна и се почитува беспоговорно до крај. Строга почит, ама со истата се формира и одредена оддалеченост на родител-дете.

Татко ми е воспитуван слично, но не и идентично. Не смее да се кара и расправа со стариот, сем последниве години каде се гледа одредена немоќ кај него. Когнтивната способност му е опадната, а си има меморија ко слон. Памети разговори и пред 40-50 години. И тоа благодарение на тоа што од мал го учеле да учи стихозбирки и песни. Од мал е тренирам да памети. Немал компјутер, учел на стариот добар начин, преку книги, и ми остави неколку илјади книги во наследно. Дел од истите немаат некое значење, па ни некоја тежина, стручна литература, претежно за комунизмот. Сите тие поминале низ негови раце, пред да бидат издадени.

Мојот однос спрема татко ми е многу поразличен. Знам да се расправам, да се и да се објаснувам. Ме нервира неодговорноста, чекањето до последен миг, трткањето, шуткањето, влечењето. Го сметам за несериозно, и околу оваа точка се нашите најголеми расправии, иако има големо срце. Неколку пати ме има удрено, ко дете, таа работна задача предоминантно и припаѓаше на мајка ми.

И не можам во целост да се сложам дека истото се рефлектира надвор од домот, сум имал школски тепачки како дете, но во таа некоја си нормала. Да речеме една до две во целокупна школска година. И тоа до кај петто/шестото одделение. Може и обратно да се манифестира, затвореност, потиштеност, засраменост. Може и никако да не се манифестира. Еве, од примерите од околина, најпробчематичните деца се од оние педерастични татковци, со свилени гласови, што не знаат што е тоа авторитет. Сега не смееш да му викнеш, ќе го трауматизираш, и тоа ќе вика на улица! Не смееш да го казниш, ќе се почувствува несакано и запоставено! Бре! Ако ја премине границата, ќе мора да биде ставен во ред.

Детето мора да си го знае своето место. Мора и да знае како треба да се однесува дома, но и во општеството, во средината. Конците ги губиш кога стануваат тинејџери, ама дотогаш мора да имаш полуготов производ кој утре треба да биде одговорен граѓанин. И да, кола не треба да му се дава на малолетник, тоа стана нормала после моите генерации. Во мојата генерација само една будала имаше кола и мотор, па падна од моторот, се испокрши и тоа важеше за крајно кул и нанедминлива постапка меѓу тие наши зелени тикви. Сега секоја втора зелена тиква има моторно возило. И гинат. Тука криви се родителите, не зелените тикви. Конците не можеш да ги држиш, но буџетот со кој ќе располага можеш. :)
 
Спомна кола, јас имав девиза: завршиш средно полагај. Никогаш нема да имаш толку слободно време повеќе во животот, како тие три месеци. И би така. Макар што син ми положи порано и ги собираше цело маало соученици во стокецот до гимназија, а таа беше на 1200 метри од нас :)
Мислам, воспитувањето деца е како возење сплав, кај треба да се држи цврсто држи, кога е мирна вода опуштете се уживајте во животот.
Додека се мали треба да ги видат сите можни добри и лоши нешта. Не обавезно на своја кожа. Тоа школо покасно дава резултати.
Сега има моменти кога тие мене ќе ме подучат, не ми е срам да прифатам. Оти ми доаѓа како собирање плод на мојот труд :)
 
Еее јас кога почнав да возам, прво учев со татко ми, после полагав, и после тоа едно 7-8 години на секое возење со него слушав лекции, и во 85% од случаите ќе се скаравме за тоа, зошто стварно го претеруваше и на глава ми се качуваше. Знае и ден денешен нешто да каже, ама за разлика од 90% од жените стварно сум добар возач па нема многу простор за манипулации. :D

Инаку да, и кај нас некако прекорувањето беше улога на тато, а ако ја претераш играше папучата на мама. И тоа најчесто намерно те промашува, тоа беше чисто онака предупрадување со темно црвена боја.

Лудориии :)
 
Вспитувањето на дете е дна од најтешките работи. Особено кога детето е во пубертет и презема улицита. А да го затвориш дома и тоа не е решение. Ама за деца шо нарушуваат јавен ред и мир сум кажал и порано. камион од комуналец униформи и да чистат цело лето планински прмини,речни корита ,покрај езеро сегде кај шо има ѓубре. Ама тука се невладините и ќе почнат да серат.
 
Апсолутно сите деца се огледало на родителите или заедницата во која се пораснати дома (ако е пошироко семејство со баби и дедовци во сликата).
Додека ги превземе друштвото и улицата веќе е касно.
Тогаш не се ствараат навики и карактер, ги имаш вродени и потоа обликувани од семејството. На возраст пубертет само може да завршиш во погрешна насока од радозналост или затоа што „сите го прават тоа“, што повторно има подлога во она што си го добил дома како основа на мајндсет и твое однесување во и надвор од домот.

Ќотекот продуцира или насилници или луѓе кои цел живот ќе останат несигурни во себе со 200 прорпатни дизордери. Не е ниту решение, ниту прибегнување кон „крајна мерка“ за нечии постапки.

Најповеќе иди од немањето контрола врз себе од страна на родителите, а потоа и од нивните трауми како мали бидејќи не знаат за подобро - што никако не е изговор.

Од друга страна, како што беше кажано погоре, ако малолетник под 12-13 години направи нешто што не е во ред ги барам мајка му и татко му и ги дрецкам од земја, детето не е криво што некој го испуштил од раце кога најмалку тоа требало.

Апсолутно против било каков вид на насилство врз детето, не само физичко.

п.с.
@парва
а тебе гомнар ако сè уште не ти е нешто јасно имаш приватни пораки, нема да те оправам офтопик, ниту пак да трошам на тоа време (злобни луѓе ко тебе не заслужуваат тоа - а од друга страна тоа што си злобен и подмукло посакуваш туѓа смрт е токму производ на твоето промашено домашно воспитување - и ти некогаш си бил нечие мало дете).
 
Не сум за ќотек, иако некогаш знам да се пошегувам дека некои деца не се тепани.
Не е за шегување работата, case in point:
У мојата династија нема да го има тоа.
И кога веќе одлучиле со домашно школување, му одзеле шанса да професор или некој були го врати во реалноста. Можам да го слушнам Роналд Мекдоналд како прави тантрум цитирајќи им го Tyler Durden на неговите мислејќи дека ќе ги повреди назад кога му рекле дека човек без една рака до сега ќе научеше да се облекува за спиење со: "Hey, you created me! I didn't create some loser alter-ego to make myself feel better. Take some responsibility!".

"Абе говедо, 40 си, скини ми се од спална и цицка. Аман вработи се, ожени се!"

"Прекини! Јас сакам да изградам династија како порано! We're a generation of men raised by women. I'm wondering if another woman is really the answer we need."

537F5CF9-9EF6-41B5-910F-3C5A70C32D83.png

"Не пуши барем во спалнава, тука цицаш..."

Во зависност од постапките и однесувањето треба да биде, но тоа не значи дека треба да има иживување, малтретирање и удирање по глава или во стомак.
И како ќе го регулираш ова професоре? Вештак ќе вика: "Малку е тепано ова дете за скршениот прозор, во ред му е главата, пуштете ги дома родителите со опомена. Му рекле неколку пати претходно да пази, да пазело." Имаш наследено и ти флешбекс и птсд изгледа покрај војничкото домашно воспитување, штом мислиш дека некогаш треба да се децата тепани. Уствари Мирко беше веќе преголемо црвено знаменце.

Во никој случај не планирам да оставам ќерка ми да прави глупости.
Знаев многу такви ќерки. Со среќа против шансите да тоа не бекфајрне. А за агресивните машки, ќе дојде време кога таквото воспитување ќе резултира да ти попари една назад после теретана. Во Америка може и пиштолот ќе извадиш покрај класичното "ја су те родил ја че те снишча". Но, во ред, луѓе сме, планираме.
 
штом мислиш дека некогаш треба да се децата тепани.
Па треба. Да беа тепани, односно воспитани ко што треба, немаше да го вандализираат половина град. И дефинитивно немаше да се дрогираат! :noze:
 
Ќотекот продуцира или насилници или луѓе кои цел живот ќе останат несигурни во себе со 200 прорпатни дизордери. Не е ниту решение, ниту прибегнување кон „крајна мерка“ за нечии постапки.
Најповеќе иди од немањето контрола врз себе од страна на родителите, а потоа и од нивните трауми како мали бидејќи не знаат за подобро - што никако не е изговор.
Знаеш што викаат, од еднаш педер не се станува и од неколку заушки трауми не се фаќаат.
Ќотекот ти е како пцуењето, културен си ти до граници кога немаш излез и соодветен збор, па опцуеш сочно и друштвото сфати дека работата отишла малку подалеку. Така и со заушките или шамарот, миле, миле ама кога ќе почне да ти лази на главата, ресет и не е така лош избор.
Единствено не треба да се претерува, да не стане навика, па да ја чека својата порција ќотек да помине и да си продолжи натаму по свое.
Ај кога почнав да јадам трици да дојадам до крај. Ја знаете онаа изрека': децата се ваше огледало, учат од вас и ќе бидат како вас, затоа не треба да ги воспитувате нив, воспитувајте се самите :toe:
П.С. Оти кога ќерка ми прв пат излезе после 10 навечер, не и реков ништо. Само си шетав од дома до бандерата на улица докај 12,30 после полноќ кога се врати. Двајцата научивме лекција. Таа дека некој дома се секира што ќе биде со нејзе, јас дека детето видело дека не е пуштено само на ливада.
 
Единствено не треба да се претерува, да не стане навика, па да ја чека својата порција ќотек да помине и да си продолжи натаму по свое.
Да, токму во таа насока и ми беше коментарот.
Секој го памти тој еден шамар шо некогаш го изедил кога ја претерал, јас ја имав таа среќа никогаш да не го изедам ама сум бил, на пример, ускратен од задоволството да имам сопствен избор/одлука во за 2-3 за мене битни работи во животот и така сум научил дека од страна на родителот нема да ми биде секогаш дадено сè на тацна само затоа што сум дете.

А во меѓувреме токму тоа што го збораш ти и добриот пример шо го даде со сопствената ќерка. Токму така растат и родителите и децата, трансформацијата е првенствено кај родителот оти треба да ја подигне од една страна самоконтролата на највисоко можно ниво, а од друга страна треба да мисли како секоја постапка во секојдневието (колку и да е бегла и минорна) ствара кај детето навики, стравови, гради карактер и секако влечи позитивни и негативни последици ако гледа нешто што родителот го прави наопаку или го прави како што треба.

Дете не е ништо освен рефлексија на родителот и домашните.
Понатаму во животот е сплет на околности и среќа во газот, како за секој од нас возрасните ама карактер и ментален склоп се градат на рани години и дома. Штом те земи образовен систем (кој горе долу насекаде е партал бидејќи е несоодветен) пиши пропало, на родителот му заминал возот за корекции т.е. понатаму само ќе гаси пожари, наместо да ги превенира.
 
Back
На врв Bottom