- Член од
- 21 септември 2011
- Мислења
- 852
- Поени од реакции
- 2.653
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Јас бев многу агресивен како мал, си добив доста ќотек за тоа, па никогаш не сум пробал да му вратам на татко ми. Незнам зошто не можиш да разграничиш малтретирање и воспитување. Сите што ги знам добивале ќотек од родителите, ниту еден не вратил на нив.Знаев многу такви ќерки. Со среќа против шансите да тоа не бекфајрне. А за агресивните машки, ќе дојде време кога таквото воспитување ќе резултира да ти попари една назад после теретана. Во Америка може и пиштолот ќе извадиш покрај класичното "ја су те родил ја че те снишча". Но, во ред, луѓе сме, планираме.
Ѝ шљакаш воспитни на жена ти кога ти се инати?Јас бев многу агресивен како мал, си добив доста ќотек за тоа, па никогаш не сум пробал да му вратам на татко ми. Незнам зошто не можиш да разграничиш малтретирање и воспитување. Сите што ги знам добивале ќотек од родителите, ниту еден не вратил на нив.
Тие што враќаат назад биле малтретирани, не воспитувани, разликата е ден и ноќ.
Ти глупа си, или одиш на спремање?Ѝ шљакаш воспитни на жена ти кога ти се инати?
А зошто веднаш се тригерна и премина во навредување? Те р'чнав кај што не треба? Се гледа дека си бил тепан.Ти глупа си, или одиш на спремање?
Разговор за воспитување деца го мешаш со брачна динамика. Треба да ти се елаборира темата или онака феминистички вербално ќе повраќаш?
Ти почна прва со прашање навредливо и ван тема.А зошто веднаш се тригерна и премина во навредување? Те р'чнав кај што не треба? Се гледа дека си бил тепан.![]()
Јас имав поента со прашањето и ќе елаборирав после твојот одговор, ама не дискутирам со луѓе кои немаат капацитет за дискусија.
Чаре е дека како родител не можеш да имаш ист пристап кон различни деца. Со некои деца треба да се трудиш повеќе, со некои помалце. Има деца кои на некој начин имаат вроден сенс за што е добро а што е лошо. На овие им треба малце воспитување за да излезат на прав пат. Од друга страна имаш деца што се агресивни, што имаат вишок енергија што треба некаде да ја потрошат. И тука родителите треба да обрнат многу повеќе внимание.Секој се раѓа со свој генетски код, матерјал или како сакате наречете го. Значи двајца браќа воспитувани од исти родители. Различни ко ден и ноќ. Едниот ,послушен и повлечен, без никаква волја за акција. Другиот агресивен криминалец кој ко мал врши булинг на други деца. И сега чаре?
Абе теоретски се е поедноставно,ама во пракса работите се многу поинакви. Недај боже да имаш дете деликвент. Ништо не те спасува.Чаре е дека како родител не можеш да имаш ист пристап кон различни деца. Со некои деца треба да се трудиш повеќе, со некои помалце. Има деца кои на некој начин имаат вроден сенс за што е добро а што е лошо. На овие им треба малце воспитување за да излезат на прав пат. Од друга страна имаш деца што се агресивни, што имаат вишок енергија што треба некаде да ја потрошат. И тука родителите треба да обрнат многу повеќе внимание.
Еве пример, зошто дозволиле детето да прави булинг на друго дете?
Со овие деца треба да се работи додека се мали, да се вложи многу повеќе труд. Најчесто родителите тука прво се горди на ваквите деца ("види го Стефче колку е опасен, не дава никој да игра со неговата играчка, ги строи другите деца во школо"). После кога ќе почне да прави проблеми, доаѓаат оправдувања ("Не е Стефче лош, другите деца го нервирале, Стефче не го сака учителката"). И после ко ќе порасне и ко ќе почне нив да ги млати дома, после муабетот оди: каде погрешивме.
Сите случаи на луѓе што ги знам кај што пораснале во невоспитани говеда, потекнуваат од семејства како ова погоре, или од семејства каде што воопшто не се грижеле за нив (цел ден надвор, не им гајле дома дали учи, се спрема за на школо, дали е одговорен итн).
Искрено не знам деликвент од културна фамилија. Имаше еден куп немирни и проблематични деца како мали до тинејџери, ама како растевме тие што останаа на лош пат беа без исклучок со проблематичен background. Прост пример, детето на малскиот пијаница и банкарот беа исто бесни како мали, ама едниот е сега инженер а другиот е во затвор. Е сеа погоди кој како го дисциплиниралАбе теоретски се е поедноставно,ама во пракса работите се многу поинакви. Недај боже да имаш дете деликвент. Ништо не те спасува.

Така роди мајка, нема чаре.Секој се раѓа со свој генетски код, матерјал или како сакате наречете го. Значи двајца браќа воспитувани од исти родители. Различни ко ден и ноќ. Едниот ,послушен и повлечен, без никаква волја за акција. Другиот агресивен криминалец кој ко мал врши булинг на други деца. И сега чаре?
Треба да сум ненормален неписмени професори и џандари да ми се авторитет. Не ни чудно што во непозната ситуација 99% од луѓето се против нив. Си ја заслужиле репутацијата низ годините.Не знам во кој момент се смени работата и тргна во слободен пад надолу, веројатно со појавата на социјални мрежи, но едно време ако јадеш ќотек, пробуваш се да направиш да скриеш, срамота беше да се каже дома дека наставник ти удрл воспитна, заушка, шамар, бекенбарда повлекол, одма првото ќе беше што си направил да си го заслужил и фокусот беше на твојата постапка и вина, а не на лицето авторитет, за полиција да не зборуваме. Немаше да постои вест како оваа дека полицајци удриле некои двајца дечки, дома нивните ќе им удреа уште толку ќутек, ќе молеа полицијата пак да ги тепа. Сега медиумски сензации, загрижени граѓани, небитно што ни 1% од целата ситуација не знаат, душички биле ги натепале дур пуштале баба на пешачки премин да помине улица.
Се слагам, лоша е ситуацијата, а авторитетот треба да е заслужен, а не наметнат. Односно почитта треба да биде заслужена, а не да се подразбира само поради авторитетот. Сум фатил време каде што имало добри педагози професори, кои знаеле како да пристапат со секое дете и на кои им било битно секој да се вклопи и да го прилагодат пристапот за секој, а притоа да не изгубат авторитет, сега има многу професори кои се од партија ставени, гледаат да помине предавањето, не им е битно кој слуша, па од воспитно - образовна институција, не останува ни воспитување, ни образование. Него муабетот ми беше главно, за дома пристапот, родителот нема време да се занимава со проблемите на детето и да го следи развојот на неговиот карактер и градењето односи на детето со светот, па кога ќе одвои малку време, сака да е суперхерој и одбира погрешен пристап дека детето е секогаш во право и дека цел свет е лош, па често е свесно изманипулиран од страна на детето.Треба да сум ненормален неписмени професори и џандари да ми се авторитет. Не ни чудно што во непозната ситуација 99% од луѓето се против нив. Си ја заслужиле репутацијата низ годините.
Епа кога се прават деца треба тоа да се размислува. Сеа секогаш има некои екстреми (на кои им треба помош од психолог/психијатар) ама родителите треба да одвојат дупло време за такво дете. Еве случајот што го кажа @FilipMKD007 погоре. Мајката си го брани детето крадец. Демек никогаш не приметила дека детето лаже? Никогаш не видела дека има играчка/предмет што не е негов? Нели му го отворила ранецот за школо да види што има внатре?Абе теоретски се е поедноставно,ама во пракса работите се многу поинакви. Недај боже да имаш дете деликвент. Ништо не те спасува.