Апулија (Бари, Алберобело, Полињано а Маре, Монополи...)

Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.917
Поени од реакции
16.481
Локација
SKopje
Со воведувањето на летот до Бари, добивме нова можност за прошетка во уште еден регион на Италија. Цените за повратни авионски карти се генерално ефтини, регионот е релативно ефтин. Целиот регион изобилува со многу места за шетање, но и многу плажи, бидејќи Апулија како регион излегува на 2 мориња, ова остава можност регионот Апулија и Бари како дестинација да бидат посетени во секое можно време од годината. Ние ги посетивме во септември, примарен фокус беше на шетање, но ќе ви пишам во продолжение некои информации и за одмор ако некој сака да истера тука.

Бари

Аеродромот е доста блиску до градот и има неколку начини како да се пристигне од него до центарот. Најефтин (1.5е) е секако со автобус, ова е и најспор начин, но може да е корисен ако смештајот ви е на северо-западната страна (накај аеродромот). За нашиот лет ова е корисно само за враќање, бидејќи летот од Скопје ни пристигнува откако ќе помине последниот автобус (после 10), така да за доаѓање не можеме да го користиме. Секако ако се смени времето на пристигнување, може да е супер опција, станува збор за автобусот со број 16. Втор начин е со воз/метро тука цената е 5 евра, не сме се возеле со него, но е доста брзо, особено ако смештајот ви е блиску до станиците. Третиот начин со кој моравме да се возиме за доаѓање, бидејќи летот слета во 1, а до 2 по полноќ не држеа на аеродром (пасошка контрола во Бари е преспора). Такси не мора да викате, доаѓаат без повик цело време на просторот за паркинг пред аеродромот, фиксна тарифа ноќна е 30 евра, а дневна 25 евра, независно каде во Бари одите (се дур сте во рамките на градот). Ако наидете на ваква ситуација, прашајте некој друг дали е заинтересиран да подели такси, ако сте четворица, по 7.5 еврa од човек ќе ви дојде, што е прифатливо, бидејќи не ви преостанува друг начин за превоз, освен ако не сакате цела ноќ да чекате на аеродом.

Градот ко град е среден во центарот, но како се одалечувате од центарот, присуството на ѓубре е поголемо и објектите се рурални, улиците не баш чисти... Се шета градот за некои 3-4 часа, цел ден може да фати ако сакате и на една од двете плажи во градот да одите. Првата и поблиску до центарот е Патлиџан и Леб (така се вика навистина), песочна, убаво уредена, но квалитетот на вода е ужасен, матна вода (Бари е огромно пристаниште, не очекувајте бистра вода ко во Јадран во Хрватска). Втората е Сан Франциско Лидо на другата страна на градот (на полошата страна), тука влез наплаќаат, но има и бесплатен дел, исто песок, но со лош квалитет на водата. Делот за шетање всушност ми се допадна поприлично, стариот град има многу улички и не е воопшто мал, иако не се сите туристички улички. Потоа има неколку главни улици за пешаци (area pedonale), кои го поврзуваат стариот град со железничката станица. На нив врие од народ во секое време од денот, има многу продавници, пространи се улиците, а лево - десно во помалите улички може да најдете добри опции за јадење. Кај железничката има 2 посебни компании, една е главната за брзи и регуларни возови, а другата ви е за бавни возови (оваа ќе ја користите за Матера), таму е и автобуската станица (ако доаѓате од центарот, треба да ја преминете железничката одоздола, па да свртите десно), неа би ја користеле за превоз до Алберобело, за се друго се користи главната железничка станица.

Храната скоро секаде ми беше предобра, но ќе ви дадам некој совет, особено за сите оние што ми ги немаат читано мислењата за другите места во Италија. Италијанците имаат нешто што се вика “коперто“. Тоа е задолжителен бакшиш кој ви се пресметува на сметката, најчесто е 2 евра од човек, имам начекано и 3, но и 10% од вкупната сметка. Ова е генерално присутно секаде, освен во места кои се водат како ланци за исхрана, street food за носење, како и self service ресторанчиња (мензи). Е сега ова со мензи мене ми е врв hidden gem, бидејќи порциите тука се најголеми, највкусни, најевтини + немаш задолжителен бакшиш како што рековме. Што е цаката? Прво што ги има во големи градови само, второ треба да ги бараш малку (нема прво на Гугл да излезат тие), трето работните времиња обично се пократки, не работат до касно во ноќта. Едно такво место ви е Ел Педро, 6 евра е порција, во неа може 3 храни да ви комбинира, кај останатите цени за седнување ви се 12-15 евра порција. Ние само еднаш бевме тука, бидејќи сакаме што повеќе работи да пробаме, но ептен високо ни котираше, па бидејќи цените беа апла пристапни, нека си добие заслужена ексклузивна реклама.

Уште ова ќе пишам негативно, бидејќи ни престојат само позитивни впечатоци. Младината во Бари е бајги некултурна, нешто налик тука, ама може и похардкор верзија. Во автобус навечер, деца 14 годишни плукаат шлајм на подот, со нозе на седишта испружени, се дерат, оставаат ѓубрето во автобус. Култура во сообраќај за возење е слична како Сицилија и Неапол, на пешачки ако поминуваш и кола е приморана да застане поради тебе, возачот отвара прозор и те пцуе. Младиве чекаат да има насобрано луѓе на автобуски или фрекфентни улици за да застанат и да даваат гас со дигната рачна, да шкрипи тоа колата, сите во нив да гледаат. Сирени, амбуланти, полициски возила цело време летаат.

20260913_210735.jpg20260913_201832.jpg


Полињано а Маре + Монополи

Ги посетивме во ист ден, затоа ќе ги пишам заедно, не замерувајте. Полињано а Маре има многу фотогенична плажа, која ја имате видено на слики можеби и без да знаете дека се наоѓа таму. Се вика Lama Monachile. Искуството таму е несекојдневно, бидејќи има премногу гужва, но интересен е патот и скалите за да дојдете до плажата. Потоа интересно е делот околу плажата, целата е со карпи над кои е градот, а можете да пливате под нив. Убави слики се прават од горе, но и странично, така да ако ви е за Инстаграм слики одете лево од плажата (ако гледаш од градот кон море). Има и симпатично старо градче за шетање, кое брзо се шета, со мали тесни улички. Тука јадевме најдобра фокачо пица (на мерење им се). Тука влегов да се бањам, водата беше мочка топла, но не е бистра, нешто што многу ми значи кога пливам, така да не се задржав предолго. Тие што сакаат да рипаат од карпи плажава ќе им е рај, има многу места за рипање (самото место во септември е домаќин на Ред Бул скокачки натпревари со платформа, со професионални скокачи). А и да, плажата не е песочна, туку е со многу лоши камења (тие од Охрид се мало бебе за овие).

20260911_121456.jpg20260911_142933.jpg

После тоа се упативме до Монополи, кое е на 7-8 минути со воз (следната станица). Некои велат дека во Монополи е најубаво за капење, но не можам да потврдам, дека не фати касно и само во градот се шетавме. И тука старото градче е симпатично, тука доста добра паста јадевме од ланец за пасти, без коперто плаќање. За до плажите има автобусче, но и пешки одат луѓе.

Алберобело + Локоротондо

Алберобело заедно со Матера ми беше хајлајт на патувањето. До Алберобело одевме со автобус, билетот беше 6 евра поединечна карта во правец, а патувањето беше 50 минути. Воз или немаше или беше многу редок, а автобуси имаше десетина дневно. Целиот град е многу автентичен, изобилува со мали камени куќички, дел имаат и знаци нацртани на кровот, нагоре - надоле е цел град, но не е напорно, бидејќи постојано ја разгледувате околината. И тука се прават супер фотографии. Забележав дека во дел од куќите живеат луѓе, дел се користат како дуќани, а дел се издаваат на Букинг. Околу 2-3 часа се потребни да се прошета цело место, со сите улички и паузи за сликање, останатото планирајте да си каснете нешто.

20260912_153423.jpg

Локоротондо го посетивме само бидејќи е на 10 минути од Алберобело. Гратчето е минијатурно, со стар дел што се шета за 2 минути и паркче едно со убав панорамски поглед, тука максимум пола саат се задржува човек.

Матера

Вистинска магија од град. Тука одевме со еден бавен воз, со префрлање во едно друго попатно гратче Алтамура. Возот не е директен, но префрлањето се одвива културно и брзо, без ризик да ти побегне, бидејќи возот на платформата го чека претходниот воз и сите патници се префрлаат за тој воз, максимум 5 минути се губи во префрлањето. Земете си повратна кога одите, бидејќи им се реновира станицата во Матера и нема надвор поставено автомати за купување билети, па убаво е да си земете на автоматите во Бари или онлајн, за да не барате таму каде да купите (а мора да имате билет, бидејќи со рампи се отвараат вратите на станицата). Матера е град кој се шета исто за 2-3 часа, но има премногу убави “белведериња“, т.е. тераси со преубав панорамски поглед, секоја од различен агол, нереални глетки. Во Матера има подземни води и систем на древни цистерни, ќе го сретнете како Саси, ние кога бевме, ова беше затворено, но интересно е да се спушти човек до доле во градот, има и таму улички за шетање, не е градот само горе. Заборавив да напоменам дека Матера географски не е во Апулија, туку е во друг регион, но логистички најлесно ни е достапно нас од Бари (од големите градови). Исто така, доста луѓе ја пофалија Матера дека било особено убаво навечер, ние не останавме навечер.

20260914_173327.jpg

Остуни

Ова е интересно гратче, што за жал го посетивме после Алберобело и Матера и не ни беше хајлајт, инаку е убаво и симпатично. Имајте на ум дека има 40 минути пешачење од железничката станица, има и опција со автобус за 2 или 2ипол евра во правец, но немаше место во автобусот, така да си испешачивме. Внатре гратчето е многу интересно, угорниците не се ни малку наивни, почнуваат од едно централно плоштадче, а завршуваат до една црква (највисоката точка), па делот измеѓу се туристички улички на угорница.

20260915_151754.jpg

Храна

Храната искрено ми ги надмина сите очекувања. Мислам прв пат јадев сендвич со октопад, или ако сум јадел друг пат, тука ми беше убедливо најдобар. Бари е познато по морската храна, така да обавезно се јадеше нешто морско. Исто така Бари е познат по нивната паста орекете, така да таа може да ја пробате со било какви сосеви, ја пробав и во комбинација со лазања состојки, врв ми беше. Како и секаде во Италија, си имате убава паста и пица, каде и да земете гелато имате и бриож (лепче) со гелато или пијалок гранита (смрзнато овошје), што и да земете е превкусно. Имате панцероти нивни со различни сосеви внатре, сендвичите во фокачо лепче се преубави, тирамисуто им е многу убаво. Не успеав се да сликам, еве нешто од тоа што успеав, ќе ставам во спејлер, да не ме куди некој што е гладен.

20260911_135611.jpg20260911_164958.jpg
20260912_213941.jpg20260913_135309.jpg
20260913_213136.jpg20260914_141558.jpg20260914_143728.jpg20260914_162925.jpg20260914_213543.jpg20260914_214041.jpg
20260913_204637 (1)fdg.jpg

Бидејќи бевме само 5 дена не стигнавме да ги посетиме Лече (за овој град ми е најмногу криво), Трани, Таранто, Бриндиси. Во близина на Лече (секако надвор од градот, бидејќи Лече не излегува на море) има многу подобри плажи од тие околу Бари (барем така велат сите), па кој има повеќе денови нека прошета и натаму и да сподели импресии.

Пак претерав со рефератите, ќе ми простите, се надевам кажав нешто корисно. Па ако сте ги посетиле Апулија и Бари, како ви се допаднаа, што најмногу ви остави впечаток?
 
Последно уредено:
Бев летово, ми остави подобар впечаток од Наполи на пример.
Баталрете автобуси и такси, за 60 евра за два дена џип земав. Некое fiat 500 и за 40 евра ќе најдеш. Не вреди да губиш време со автобуси и такси кога е волку ефтино.

Јас еден ден бев и на плажите што се на другата страна, мислам на Јонско искача. Каква убавина, за прв крак е измислено. Плитка чиста небенсо плава вода.
Наредна година планирам таму, гледам има сшетаји за 7 дена по 400 евра.

Бари искрено бев само во стариот град, градот ништо посебно ама атмосферата навечер е предобра.

Полињано а Маре тоа плажата е само за слика, прелошо е за банање, општо цел Јадрански брег на југ е лош, со карпи. Стариот град повеќе ми постави впечаток него ли плажата.
Монополи делот покрај морето е уживанција за шетање, Делува така како приморско рибарско гратче, барем за мене.
Тука на 5км од Монополи бевме на плажа и таа мислам е една од малкуте со песок. Sppiagla di Porto Ghiacciolo се вика.Интересно за водата тука, се струите. Една секуна е претопла, друга секунда мадињата ти мрзнат.

Алберобело не оечкував да е големо, мислев една улица и толку. Планирав 1 саат да одвојам, а искочи и после 3 сата да не видам се.

Матера мене ми делуваше како некое викенд место за богаташи. Прескапо беше и така сите во стил дотерани. Една пица беше околу 20 евра таму, прескапо за Италија.
Градот е убав, ако сакате рушевини. :D
 
Јас еден ден бев и на плажите што се на другата страна, мислам на Јонско искача. Каква убавина, за прв крак е измислено. Плитка чиста небенсо плава вода.
Наредна година планирам таму, гледам има сшетаји за 7 дена по 400 евра.
Да и јас гледав дека е доста ефтино на Јонско море маливе местенца лево и десно од Лече, за цела недела поефтино беше од Бари за 5 дена што најдов, а врв делуваа плажите на слика. Нешто што пикирав за посета ако се оди на опција одмор во летно време (а не печење по градовиве од горе на 40 степени):

Лево од Лече (западно): Punta Prosciutto, Spiaggia di Torre Lapillo, Porto Cesareo, Padula Bianca
Десно од Лече(источно): Spiaggia dei Gradoni, Baia dei Turchi, Torre dell'Orso

Таман 7 плажи за секој ден по една. Баш види некоја од овие да не си посетил.
 
bari e ludnica... super noken zivot, super hrana, kurvi na parkingot na san nicola... :)

zaebi let, imas traekt od dubrovnik taka da road trip e pointeresno ako imas vreme.

matera e fenomenalna ali za da go dozivees treba da go prosetas denje i noke, treba edno nokevanje. kako sto napisa clenot pogore vikend mesto za pobogati i ako sakas dobra hrana dole u "rushevenite" ke platis ekstra...
 
bari e ludnica... super noken zivot, super hrana, kurvi na parkingot na san nicola...
За нас фамилијарни луѓе дали има некое ресторанче со тивка музика преку улица од курвите? :cautious:
 
За нас фамилијарни луѓе дали има некое ресторанче со тивка музика преку улица од курвите? :cautious:

hahahaha ne, stadion i ogromen parking plac e... stadionot sakas da go vidis neli pancev napravi istorija so zvezda... parkiraj familijata u restorance u bari.
 
За нас фамилијарни луѓе дали има некое ресторанче со тивка музика преку улица од курвите? :cautious:
Шпиунски планираш да си плакнеш очи ?
Автоматски споено мислење:

Од целава храна овие две слики ми се најчудни за Италија.

Ова првово е крофна со прав шеќер, нешто слично на тоа или пак сосема различно ?

На вторава слика тие двете топки во лепчето се сладолед ?
Тоа во чашката ми личи на качамак. Што е ?
 
Шпиунски планираш да си плакнеш очи ?
Автоматски споено мислење:


Од целава храна овие две слики ми се најчудни за Италија.

Ова првово е крофна со прав шеќер, нешто слично на тоа или пак сосема различно ?

На вторава слика тие двете топки во лепчето се сладолед ?
Тоа во чашката ми личи на качамак. Што е ?
Првата слика: Ова се вика маритоцо. Технички е некое тесто со крема во средина. Јас сум благоман тежок, така да ова потпросечно ми беше, ама дека прибирлив сум доста, на некој може ќе му е добро.
Втора слика: Лево е бриож со гелато, бриож им е лепче ко кифла, а гелато си е сладолед. Мене ми е топ, прво малку си јадам сладоледот, после со сладоледот полурастопен ми доаѓа како ладен џем. А тоа десно е гранита, замрзнато овошје, со вода со ароми, освежителен пијалок им е тоа. И двете ги има во речиси сите кафичи и во сите продавници за гелато. Бриож со гелато цените се генерално 4.5 - 5 евра, гранита околу 3.
 
Ме мрзи да пишувам подолго, па само ќе нафрлам две три мисли.
Ние бевме 7 дена, во април пред две години, со лет од Тирана.
Не бевме за плажи, само за шетање. Беше жешко дури и тогаш, ама не беше за капење.

Bari - Altamura - Matera - Mottola - Taranto - Gallipoli - Santa Maria di Leuca - Lecce - Brindisi - Ostuni - Monopoli - Bari.

Полињано а Маре за жал го видовме само на 5 минути, имаше силен дожд, па продолживме за Бари.
Единствено што прескокнавме беше Отранто, немавме доволно време.

За јужна Италија само кола. Не би одел со јавен превоз таму. Рент-а-кар е релативно ефтин (посебно ако не земиш осигурување). Единствено треба да се внимава да не влезеш во ZTL (Zona a Traffico Limitato), што не е проблем, добро се обележани зоните, и скоро секогаш е строг центар.
Што помало количе тоа подобро, гњаважа е да се вози со голема кола низ италијанските гратчиња. Во Пулиа имав нова Lancia Y, беше таман за со две мали деца. (Btw, во Сицилија возев Fiat Tipo караван, од искуство кажувам дека мала кола е подобра за таму :) )
Бари е најлошиот град за сообраќај што сум го возел досега во Европа.

Мали забелешки:
Coperto не е бакшиш, туку надоместок за користење на прибор (седење во ресторан) :facepalm:. На англиски се вика cover charge или cover fee. Според мене многу безвезе работа. Плаќаш коперто дури и за 3 годишно дете o_O. Како семејство да седнеш во ресторан те кошта 8 евра од старт, уште пред да нарачаш било што.

Бриош е релативно благо лебче, малку поблаго од кифла, се прави со путер, јајца и млеко. Негде се користи и за хамбургер.
Гранита не е замрзнато овошје, туку замрзнат благ мраз со ароми на овошје и друго (понекогаш и малку повеќе овошје).
А во Сицилија има слична работа на сендвичот од @FilipMKD007 : бриош со гранита и благи преливи, што многу ме изненади. Леб со мраз :LOL::LOL:

Генерално релативно убав регион. Мала маана како се друго таму на југ е што нема дрвја и природна сенка, па се случува да е многу жешко.
Туристичките места и гратчиња се убави и вреди да се посетат (Алберобело (иако има премногу туристи и гужва), Матера, Галиполи).
Од нетуристичките најмногу ми се допадна Бриндиси.

Сувенирите од Пулиа: Алберобело, Матера, Бари.
1790130450777.png
 
Ме мрзи да пишувам подолго, па само ќе нафрлам две три мисли.
Ние бевме 7 дена, во април пред две години, со лет од Тирана.
Не бевме за плажи, само за шетање. Беше жешко дури и тогаш, ама не беше за капење.

Bari - Altamura - Matera - Mottola - Taranto - Gallipoli - Santa Maria di Leuca - Lecce - Brindisi - Ostuni - Monopoli - Bari.

Полињано а Маре за жал го видовме само на 5 минути, имаше силен дожд, па продолживме за Бари.
Единствено што прескокнавме беше Отранто, немавме доволно време.

За јужна Италија само кола. Не би одел со јавен превоз таму. Рент-а-кар е релативно ефтин (посебно ако не земиш осигурување). Единствено треба да се внимава да не влезеш во ZTL (Zona a Traffico Limitato), што не е проблем, добро се обележани зоните, и скоро секогаш е строг центар.
Што помало количе тоа подобро, гњаважа е да се вози со голема кола низ италијанските гратчиња. Во Пулиа имав нова Lancia Y, беше таман за со две мали деца. (Btw, во Сицилија возев Fiat Tipo караван, од искуство кажувам дека мала кола е подобра за таму :) )
Бари е најлошиот град за сообраќај што сум го возел досега во Европа.

Мали забелешки:
Coperto не е бакшиш, туку надоместок за користење на прибор (седење во ресторан) :facepalm:. На англиски се вика cover charge или cover fee. Според мене многу безвезе работа. Плаќаш коперто дури и за 3 годишно дете o_O. Како семејство да седнеш во ресторан те кошта 8 евра од старт, уште пред да нарачаш било што.

Бриош е релативно благо лебче, малку поблаго од кифла, се прави со путер, јајца и млеко. Негде се користи и за хамбургер.
Гранита не е замрзнато овошје, туку замрзнат благ мраз со ароми на овошје и друго (понекогаш и малку повеќе овошје).
А во Сицилија има слична работа на сендвичот од @FilipMKD007 : бриош со гранита и благи преливи, што многу ме изненади. Леб со мраз :LOL::LOL:

Генерално релативно убав регион. Мала маана како се друго таму на југ е што нема дрвја и природна сенка, па се случува да е многу жешко.
Туристичките места и гратчиња се убави и вреди да се посетат (Алберобело (иако има премногу туристи и гужва), Матера, Галиполи).
Од нетуристичките најмногу ми се допадна Бриндиси.

Сувенирите од Пулиа: Алберобело, Матера, Бари.
Прегледај го приврзокот 487789
Копертото го плаќаш на стол, демек седне ли некој на стол, јадел-не јадел, стар-млад, држи стол, автоматски плаќа. Демек и на нив им е наметнато од владата, ко данок, па они го избиваат преку клиентот, ама ова го знам од нив, дали е така не знам.
 
Среќа бар има начин како да го избегнете, а пак да јадете вкусна, домашно готвена храна (селф сервис локалите), за Бари ви го кажав Педро, во Фиренца исто такво место имав најдено, се викаше Леонардо. Некогаш ќе сакате поглед, фенси ресторан, но вака за да се најадете за ефтино и вкусно, без коперто, топ работа ќе ви завршат. Во еден морски ресторан во центарот, 0.5 евра во стариот дел на Бари плативме од човек коперто, што беше доста ок, иста цена наплаќаат за користење вц низ градот јавни тоалети, така да технички како да си платил користење на нивното вц само, ептен прифатливо. Не ми текнува името, но само морско имаше на менито, со многу маси надвор, ако се сетам ќе дополнам.
 

Ние јадевме тука во Бари, одлична атмосфера направија вработените.

За 4ца плус дете имавме тиквички, некое сирење на скара, салата, две пасти со морско, еден октопод, шницла, и чикен нагет за детето, на крај за сите тирамису Плус вино флаша, две пива и фанта за само 100 евра.

Ваква цена нигде нема да најдеш во Македонија. Преефтино е Бари.


Одморот во Ампулија дупло поефтини може да ви искочи него ли краците во Грција.
Карта по човек може да најдеш и за 1500ден правец. Кола може да најдеш за 30 евра по ден. Смештај како што реков на Јонско идеше по 400 евра за викенд и тоа за 5ца.
Слетуваш зимаш колата и цепаш накај другата страна од Бари. Ти што ќе дремеш 2 сата на Евозни веќе ќе бидеш слетан ваму и на пола пат до Јонско.

Не сум рачунал со кола да отидеш која е цената и колку време ќе ти треба. Може и тоа да е добра опција.
 
Мајка ми има патувано со Драч - Бари траектот и нејзе и се погоди бајги лошо искуство за 2та правци, чисто имајте го тоа на ум ако сте осетливи на траект возења. Она беше април месец негде околу Велигден годинава, патувањето е ноќно, ако добро памтам 8 часа беше, морето се погоди да е многу разбранувано и траектот нон стоп тресеше, тоа што е на полиците во собите (кабините за спиење) паѓало цело време (книги, наочари) од тресењето, но и било многу ладно. Она имаше кабина за спиење земено и пак и беше ладно, но тие што биле во бифето без кабина за спиење, сите алишта од куфер ги ваделе да ги изнаоблечат, ладни биле ноќите изложени на ветер.

Не би рекол дека се поефтини цени од Македонија, но за од Грција се поефтини за седнување во ресторани и јадење, тука збор се нема. Интересно мене Неапол и Сицилија ми беа уште поефтини од Бари (ако споредуваме јужниот дел на Италија).

А за рентање кола, од аспект на ефитно и достапно повеќе работи, апсолутно се сложувам. Но, јас на пример кога сум на одмор не сакам да се замарам за барање паркинг, со возење на топлово, така да места каде што има воз, автобус за ефтина сума ми се погодени, Бари беше баш такво. Еве пресметка за сите карти по човек (некоја може ќе утнам, ама маргина на грешка е 5%): Алберобело 2х6 евра (во двата правци)=12, Локоротондо 2х1евро, Полињано а Маре 3 евра, Монополи 1 евро (од Полињано), Монополи до Бари 4 евра, Матера 2х7 евра, Остуни 2х7 евра, значи по човек сите карти дошле 50 евра. Ако сте двајца, 100 евра, ако сте фамилија со 2 деца, веројатно значително поекономична верзија е рентање кола.

И не знам дал пишав погоре, ама во Бари ќе добиете изненадувачки поглед од возачот и погледи на криво од патниците ако купите билет за градскиот превоз (не зборувам за меѓуградските линии, туку за внатре во градот ко ЈСП што е кај нас), ова не сте го чуле од мене, ниту пак нешто ви давам идеи со ова, само споделувам. :P
 
Back
На врв Bottom