Точно е дека Northvolt банкротираше и дека сега го презема американски Lyten. Исто така, Power Grids на ABB одамна е преземен од јапонски Hitachi.
Но, листата што ја дадов не беше листа на компании што денес се 100% во европска сопственост, туку примери за успешни компании и производи што потекнуваат од Европа. Така некако и почна дискусијата.
Spotify е шведска компанија, основана во Шведска, без разлика каде денес има headquarters. Northvolt беше европска компанија и еден од најголемите европски проекти во производството на батерии, е сега што не успеа... има субјективни и објективни причини.
Ако критериумот е исклучиво „компанија што денес е европска, успешна и во европска сопственост“, тогаш можеме да направиме таква листа. Има сосема доволно примери.
Значи, поентата е дека Европа и понатаму има голем број успешни компании и производи со глобално значење. После Кина, нормално...
Добро е кога се знаат многу работи, но баба ми викаше најлошо е да се биде „учен а недоучен„
Јбг.