Овоа со АИто незнам како ќе биде, да речеме дека нема да има потреба од работници оти се ќе работат машините, со тоа нема никој да зима плата оти нема да работи, ако не зима плата нема да троши на ништо, ако не троши на ништо, зошто би произведувале машините нешто што нема кој да го купи, уствари зошто би имало потреба воопшто да има машини што ќе произведуваат нешто што никој не го купува,
тука е еден парадокс од што би се финансирало тоа АИ ако никој нема да го плати, мислам упоште зошто би постоело.
Оваа е еден круг кој се коси со капитализмот, па да не кажам и кумунизам ако се општествени роботите знаеме колку ќе се инвестира во нив, робовладетелско на никој не му требаат робови, ако има машини, а робовите ќе ги нема оти ќе немат за леб итн, итн....
Не се знае што се би предизвикало целосно АИ, ама едно е јасно човекот може да преживее без ич АИ, доволно му е да има парче земја каде ќе произведе храна, а АИто без човекот може еден ден да си ги рокне нуклеарките како во Терминатор.
На друга тема пишав за ова,
АИто има проблем, од каде ќе генерира приход, ако никој нема да има пари да го плаќа,
да речеме универзален приход од оданочувањето на АИ компаниите, првата година ќе има да речеме 100%, втората година не може да има 100% од причина што дел од парите ќе се потрошат за друго (највеќе храна) и АИ компаниите нема да го имаат тој приход за оданочување, а да не збореме дека воопшто компаниите се ОБОЖАВАТЕЛИ за плаќање на даноци, Ејпл ти е пример, прави стотици милијарди обрат и плаќа семки преку легално перење на пари, така ќе биде и во овој случај, ќе гледаат да плаќаат што помалку, а газдите да станат кватраљардери,
и така секоја година ќе се губи тој универзален приход во вредност, можеби со инфлација и штампање ќе се одржува иста сума, ама нема шанси да има иста вредност.
Во индустриската револуција имаш машини кој му помагаат на човекот и кој заменуваат дел од работниците и производите стануваат поефтини, сега имаш машини кој треба да го заменат целосно човекот.
Зборевте како ќе можело да се стани плочкар, па види ако збореме за вистинска вештачка интелегенција, тогаш ќе имаме роботи и за лепење плочки, ќе имаме и роботи што ќе ги поправаат роботите, можеби ќе остане по некој човек што ќе ги оправа БАГираните роботи, кај што машината ќе заглави, ама генерално работата треба целосно да ја вршат роботи, мислам која е потребата од човек да ги управува роботите кога си имаат вештачка интелегенција која е попаметна од човекот.
Значи пак доваѓаме до почетокот на проблемот, човекот според АИзацијата треба ништо да не прави (треба целосно да биде заменет),
денот треба да му почнува во колку се разбуде, нема потреба да станува рано оти ќе нема работа, потоа ќе го пушти роботот да му испере, исчисти и направи јадење, ќе се најаде убаво, најверојатно ќе си има и робот за секс, кој би трпел жена да те нервира кога би имале машина која ќе ги прави истите работи и нема да те нервира, ќе пропадне пазарот за проституција одма, сигурно ќе има роботи и за жените, од многу достапност сексот ќе исчезне, сигурно се сеќавате на филмот со Силвестер Сталоне каде требаше да има секс во виртуелна реалност, сигурно нема да биде поразлично и во иднина,
ќе гледаш спорт како роботи се млатат, ќе навиваш за омилениот фудбалер роботињо No 58trfio963 и после ќе идеш да се дансаш во диско на АИ музика и АИ танчерки.
Прашањето е со кој пари? од каде ќе си дозволиш да уживаш и ништо да не работиш а да имаш се.
Кумунизмот би бил решение, се да е државно и се бесплатно, ама у тој случај на почетокот ќе имаш напредок, ама после некое време се ќе стагнира.
Можеби ќе се најде некој сосема нов систем каде ќе има баланс и нема да има нагло АИзирање на се и сешто.