Работата го гнаси човекот, а мрзата го краси

  • Креатор на темата Креатор на темата wot
  • Време на започнување Време на започнување
Јас морав да продолжам фамилијарен бизнис (поточно сакав), ама ме интересираа и други работи па и друго работам кога ќе ми се укаже можност.

Веројатно никад нема да се пензионирам, а и кога не работам ми идат неубаи мисли, така да гледам на работата како на помало зло од безделничење.
 
Тоа во ред, али што ќе правиш со едно 5 милијарди незапослена и неквалифицирана раја?
Прашање што се разработува повеќе од 10 години и дискутира. Дури пред 10 години имаш дискусии баш на темава што ќе се прави со народот кога ВИ технологијата ќе дојде и имаше анализи и дискусии за универзален приход, преквалификација(ако е возможна), депопулација, survival of the fittest, оствање на народот да се бунтува и справување со тоа. Најверојатно веќе е одлучено или односно се има некаков план штом почна нагло ВИ.
 
Прашање што се разработува повеќе од 10 години и дискутира. Дури пред 10 години имаш дискусии баш на темава што ќе се прави со народот кога ВИ технологијата ќе дојде и имаше анализи и дискусии за универзален приход, преквалификација(ако е возможна), депопулација, survival of the fittest, оствање на народот да се бунтува и справување со тоа. Најверојатно веќе е одлучено или односно се има некаков план штом почна нагло ВИ.
Дали лобирањето за одгледување животни и гаење презир кон одгледување на сопствено потомство е всушност е дел од таа агенда за депопулација?
 
Едно е да се бавиш со нешто онака, како од хоби, без разлика дали е полјоделство или сточарство, а друго е да "мора" да работиш за да преживееш, без разлика на нива или во фабрика. Не зборам само за физички работи.


Кога не е хоби, убива речиси во секој смисол, дали физички, дали стрес, само тоа што те ограничува при организирање на времето е премногу, а тоа е само почеток.



А најмногу се напорни тие што нешто наследиле или како сплет на околности се нашле во некој бизнис и замараат колку се трудат и колку се посветени, колку се жртвуваат и сл.


Секој што се идентификува со работа и се гордее со "успех во работата", отиден е во курац, само не е свесен.


Работа како обврска е зло, работа како хоби е благослов.
 
Дали лобирањето за одгледување животни и гаење презир кон одгледување на сопствено потомство е всушност е дел од таа агенда за депопулација?
Ако воопшто постои некаква агенда некаде. Малиот наталитет има разни причини, дали е тоа заговор на мрачни сенки кои чурат пури и пијат чивас не знам.
А тоа со вложување толкави емоции и активација на мајчински инстинкт кон животинче е нешто ужасно во ова ново време, порано животните си имале цел во куќата, и куче и маче, сега се сурогати за потомство. Но тоа е друга тема...
 
Овоа со АИто незнам како ќе биде, да речеме дека нема да има потреба од работници оти се ќе работат машините, со тоа нема никој да зима плата оти нема да работи, ако не зима плата нема да троши на ништо, ако не троши на ништо, зошто би произведувале машините нешто што нема кој да го купи, уствари зошто би имало потреба воопшто да има машини што ќе произведуваат нешто што никој не го купува,
тука е еден парадокс од што би се финансирало тоа АИ ако никој нема да го плати, мислам упоште зошто би постоело.

Оваа е еден круг кој се коси со капитализмот, па да не кажам и кумунизам ако се општествени роботите знаеме колку ќе се инвестира во нив, робовладетелско на никој не му требаат робови, ако има машини, а робовите ќе ги нема оти ќе немат за леб итн, итн....

Не се знае што се би предизвикало целосно АИ, ама едно е јасно човекот може да преживее без ич АИ, доволно му е да има парче земја каде ќе произведе храна, а АИто без човекот може еден ден да си ги рокне нуклеарките како во Терминатор.
 
Back
На врв Bottom