Иднината на Македонија во услови кога ВИ ќе ја превземе контролата целосно?

  • Креатор на темата Креатор на темата iMirisIUkus
  • Време на започнување Време на започнување
Не, сериозно, ако 80% од раб.сила биде заменета, кој тоа ќе ги купува продуктите и сервисите на АИ креарираната економија? Се сјебале со сметката, освен универзален доход, не гледам никаква шанса за да ова помине без војни. АИ продуцира, но АИ не купува ништо. Не ми се верува еј, старите булазнења на Карл Маркс за вишок на производи и услуги кои капиталот ќе нема каде да ги пласира може да се оствари, иако не на начин на кој Маркс очекувал.
Дали мислиш дека американските аи компании кои што ќе генерираат огромни приходи и профити и кои најверојатно на некој начин ќе бидат оданочени, ќе се согласат дел од данокот да оди во за невработените во Македонија?
 
Сите тие менаџерчиња ќе останат без работа. Проџект менаџер лол.
Сигурно, но темпото со кое се заменуваат девелопери, аналисти, мидл менаџмент итн е многу побрзо во споредба со нив (сапорт функциите се чувствува како нешто од претходниот век), баш поради причините што ги спомнаа погоре: мора некој да ги гони дедлајните. Не знам дали е плус да си меѓу последните избркани како нив бидејќи подолго си имал работа и приход пред да ги изгубиш како останатите, или е минус бидејќи другите избркани веќе се адаптирале на што и да новиот свет (ќе) бара и ќе биде потешко да се преквалификуваат во кој и да е новиот одма-заситен пазар. Кај големите корпорации со 15 леери од тој што “создава валју“ до лидершип не може да се виде секогаш вистинскиот вишок, па се најмуваат консултантски фирми кои не филтрират умешно бидејќи не се снаоѓаат добро со легаси решениа и единствен начин да се убрза со поголеми заштеди е со масовни отпуштања. Бидејќи имало позиции измеѓу кои биле критични но невидливи за врвот, кога зашкрипува мора рихајринг. Некои се премногу позитивни и на тоа гледат дека работите се нормализирале, но не е тоа случајот. Ќе работи на тоа некој што никогаш толку многу не работил со АИ алатки, па изгледа како да АИ заменува многу повеќе одошто заменува, но голем дел е од покачената продуктивност. Сега еден покрива неколку со помош на АИ и нереалистични KPIs. Како и да е, повеќето проект менаџери се глорифицирани асистенти кои и самите кочат прогрес во паника бидејќи кој сака да убрзува кон својот дум, но некои се навистина компетентни all rounders кои се на такви позиции за да компаниите осигурат не само навремено деливери, но и функционално деливери. Носење повеќе шапки исто така одамна не е нешто ново во ова време на хиперпродукција. За обичен работник кој не знае или сака да носи повеќе шапки е проблем.

Не, сериозно, ако 80% од раб.сила биде заменета, кој тоа ќе ги купува продуктите и сервисите на АИ креарираната економија? Се сјебале со сметката, освен универзален доход, не гледам никаква шанса за да ова помине без војни. АИ продуцира, но АИ не купува ништо. Не ми се верува еј, старите булазнења на Карл Маркс за вишок на производи и услуги кои капиталот ќе нема каде да ги пласира може да се оствари, иако не на начин на кој Маркс очекувал.
Многу е површно гледање на економијата ако се прашуваме кој ќе купува ако АИ ги замени сите. Сеуште само гледаме богатење на богатите и осиромашување на сиромашните. Максимално капитализирање нормално не значи дека треба 80% од раб.сила да остане на улица без можност да троши или преживее, туку да се подмести границата помеѓу тие категории колку е возможно најмногу без немири. Универзален приход не може бидејќи системите крахираат сега за ранливите и невработени веќе под биро, државите се мачат со минимални плати кои одамна се под стандардот за живеење. Нема да постои даночење што би му дало шанса на универзалниот доход. Можеби има трошка надеж во регулацијата само поради фактот што во Америка си на улица истиот ден, додека во Европа отпуштања траат по 3-4 години.
 
Ако сакаш да си во Македонија а работата да не ти виси на конец ради АИ, вработи се во домашна монопол/дуопол фирма типот на Макпетрол, Алкалоид, Телеком…нула инвестирања во било што, вклучително и АИ. Пре би да вработат уште 10 души за таск што може да се автоматизира. Кур ги заболе и за АИ и за МЛ, секако машината врти пари стигаат и без тоа. Влези дочепи се до некоја позиција, и ако толку сакаш фриленсај у слободно време нешто за да имаш допир со странски пазар. Ова глуматање денес со стартапи и аутсорс фирми станува огромен ризик за некој што бара стабилност. А ако си џензер и немаш фамилија и не планираш свој имот, и сеедно ти е дали денес си некаков Продукт Оунер/Дивелопер а утре веќе конобар у Макарска тогаш терај другачие.
 
Ete Elon Musk kazha deka kje sme imale 10 milijardi humanoidni roboti. Serviser na roboti mi zvuci ko profesija buducnosti.
а зошто роботите меѓусебно не би се поправале
Блу колар ќе си остане, водоводџија, бербер, ѓубретар, гробар...немаат што да се плашат од АИ.
зар мислиш дека нема да можат да не: шишаат, да фрлат ѓубре или да не закопаат... водоводџија е папагалска работа
 
а зошто роботите меѓусебно не би се поправале

зар мислиш дека нема да можат да не: шишаат, да фрлат ѓубре или да не закопаат... водоводџија е папагалска работа
Скоро сите технологии постојат, и ги има во Јапонија заради старото население и нискиот наталитет, ама во другите држави не се имплементира до тој степен заради ризици од бунтови и војни. Ако одеднаш влезе целата таа технологија во игра, ќе нема потреба од 80+% работна сила и ќе се уназадиме со едно 100 години, ќе биде како раните 1900, а знаеме што потегнало тоа.
 
лудизам
 
Uci da mestis klimi ili da redis plocki. Nikakov Ai nema da te zameni.
Sega ako si so dve levi race i noze, jbg crno ti se pisi, za leb ke stradas :toe:
Дискутабилно. Цел фокус е само на AI како замена за интелектуална работа, а се заборава дека паралелно со AI се развива и роботиката, како и цел еден екосистем на тесно поврзани технологии.

AI е мозокот, роботиката физичкото тело. Комбинација од двете значи автоматизација и замена не само на интелектуална, туку и на физичка работа.

Изгледај ги видеава да видиш до кое ниво е денес. На тоа подолгото видео може слободно да гледаш како на каталог од Мобимак од 1998. Со една мала разлика што прогресот од Nokia 3310 до iPhone 17 Pro Max иде малку побрзо благодарение на AI.

Овоа со АИто незнам како ќе биде, да речеме дека нема да има потреба од работници оти се ќе работат машините, со тоа нема никој да зима плата оти нема да работи, ако не зима плата нема да троши на ништо, ако не троши на ништо, зошто би произведувале машините нешто што нема кој да го купи, уствари зошто би имало потреба воопшто да има машини што ќе произведуваат нешто што никој не го купува,
тука е еден парадокс од што би се финансирало тоа АИ ако никој нема да го плати, мислам упоште зошто би постоело.

Оваа е еден круг кој се коси со капитализмот, па да не кажам и кумунизам ако се општествени роботите знаеме колку ќе се инвестира во нив, робовладетелско на никој не му требаат робови, ако има машини, а робовите ќе ги нема оти ќе немат за леб итн, итн....

Не се знае што се би предизвикало целосно АИ, ама едно е јасно човекот може да преживее без ич АИ, доволно му е да има парче земја каде ќе произведе храна, а АИто без човекот може еден ден да си ги рокне нуклеарките како во Терминатор.
На друга тема пишав за ова,

АИто има проблем, од каде ќе генерира приход, ако никој нема да има пари да го плаќа,
да речеме универзален приход од оданочувањето на АИ компаниите, првата година ќе има да речеме 100%, втората година не може да има 100% од причина што дел од парите ќе се потрошат за друго (највеќе храна) и АИ компаниите нема да го имаат тој приход за оданочување, а да не збореме дека воопшто компаниите се ОБОЖАВАТЕЛИ за плаќање на даноци, Ејпл ти е пример, прави стотици милијарди обрат и плаќа семки преку легално перење на пари, така ќе биде и во овој случај, ќе гледаат да плаќаат што помалку, а газдите да станат кватраљардери,
и така секоја година ќе се губи тој универзален приход во вредност, можеби со инфлација и штампање ќе се одржува иста сума, ама нема шанси да има иста вредност.

Во индустриската револуција имаш машини кој му помагаат на човекот и кој заменуваат дел од работниците и производите стануваат поефтини, сега имаш машини кој треба да го заменат целосно човекот.

Зборевте како ќе можело да се стани плочкар, па види ако збореме за вистинска вештачка интелегенција, тогаш ќе имаме роботи и за лепење плочки, ќе имаме и роботи што ќе ги поправаат роботите, можеби ќе остане по некој човек што ќе ги оправа БАГираните роботи, кај што машината ќе заглави, ама генерално работата треба целосно да ја вршат роботи, мислам која е потребата од човек да ги управува роботите кога си имаат вештачка интелегенција која е попаметна од човекот.

Значи пак доваѓаме до почетокот на проблемот, човекот според АИзацијата треба ништо да не прави (треба целосно да биде заменет),
денот треба да му почнува во колку се разбуде, нема потреба да станува рано оти ќе нема работа, потоа ќе го пушти роботот да му испере, исчисти и направи јадење, ќе се најаде убаво, најверојатно ќе си има и робот за секс, кој би трпел жена да те нервира кога би имале машина која ќе ги прави истите работи и нема да те нервира, ќе пропадне пазарот за проституција одма, сигурно ќе има роботи и за жените, од многу достапност сексот ќе исчезне, сигурно се сеќавате на филмот со Силвестер Сталоне каде требаше да има секс во виртуелна реалност, сигурно нема да биде поразлично и во иднина,
ќе гледаш спорт како роботи се млатат, ќе навиваш за омилениот фудбалер роботињо No 58trfio963 и после ќе идеш да се дансаш во диско на АИ музика и АИ танчерки.

Прашањето е со кој пари? од каде ќе си дозволиш да уживаш и ништо да не работиш а да имаш се.

Кумунизмот би бил решение, се да е државно и се бесплатно, ама у тој случај на почетокот ќе имаш напредок, ама после некое време се ќе стагнира.

Можеби ќе се најде некој сосема нов систем каде ќе има баланс и нема да има нагло АИзирање на се и сешто.
 
Да и тоа ќе биде ралност за една мала група на луѓе во чии раце е и ќе биде концентриран капиталот. Дали некој сериозно мисли дека Америка ќе се согласи да им префрла пари на некои џаболебари од Македонија, кои мислат им следува лежи лебу да те јадам? Реалноста е дека ќе немаш работа, ќе немаш пари и ќе треба да станеш самоодржлив односно се сам да си произведуваш, ко што нашите предци правеле.
 
живеење во изобилство или експеримент познат како Universe 25 - е направен пред 5-60 год. врз заедница глувци, како е тргната работата изгледа ќе го направат (ако веќе и не се започнати) и врз нас обичните луѓе, знаејќи како завршила заедницата глувци најверојатно црно ни се пишува ако го повторат.
 
Да и тоа ќе биде ралност за една мала група на луѓе во чии раце е и ќе биде концентриран капиталот. Дали некој сериозно мисли дека Америка ќе се согласи да им префрла пари на некои џаболебари од Македонија, кои мислат им следува лежи лебу да те јадам? Реалноста е дека ќе немаш работа, ќе немаш пари и ќе треба да станеш самоодржлив односно се сам да си произведуваш, ко што нашите предци правеле.
 
Дали мислиш дека американските аи компании кои што ќе генерираат огромни приходи и профити и кои најверојатно на некој начин ќе бидат оданочени, ќе се согласат дел од данокот да оди во за невработените во Македонија?
Кој ги прашува гласачите?
Автоматски споено мислење:

Сигурно, но темпото со кое се заменуваат девелопери, аналисти, мидл менаџмент итн е многу побрзо во споредба со нив (сапорт функциите се чувствува како нешто од претходниот век), баш поради причините што ги спомнаа погоре: мора некој да ги гони дедлајните. Не знам дали е плус да си меѓу последните избркани како нив бидејќи подолго си имал работа и приход пред да ги изгубиш како останатите, или е минус бидејќи другите избркани веќе се адаптирале на што и да новиот свет (ќе) бара и ќе биде потешко да се преквалификуваат во кој и да е новиот одма-заситен пазар. Кај големите корпорации со 15 леери од тој што “создава валју“ до лидершип не може да се виде секогаш вистинскиот вишок, па се најмуваат консултантски фирми кои не филтрират умешно бидејќи не се снаоѓаат добро со легаси решениа и единствен начин да се убрза со поголеми заштеди е со масовни отпуштања. Бидејќи имало позиции измеѓу кои биле критични но невидливи за врвот, кога зашкрипува мора рихајринг. Некои се премногу позитивни и на тоа гледат дека работите се нормализирале, но не е тоа случајот. Ќе работи на тоа некој што никогаш толку многу не работил со АИ алатки, па изгледа како да АИ заменува многу повеќе одошто заменува, но голем дел е од покачената продуктивност. Сега еден покрива неколку со помош на АИ и нереалистични KPIs. Како и да е, повеќето проект менаџери се глорифицирани асистенти кои и самите кочат прогрес во паника бидејќи кој сака да убрзува кон својот дум, но некои се навистина компетентни all rounders кои се на такви позиции за да компаниите осигурат не само навремено деливери, но и функционално деливери. Носење повеќе шапки исто така одамна не е нешто ново во ова време на хиперпродукција. За обичен работник кој не знае или сака да носи повеќе шапки е проблем.

Многу е површно гледање на економијата ако се прашуваме кој ќе купува ако АИ ги замени сите. Сеуште само гледаме богатење на богатите и осиромашување на сиромашните. Максимално капитализирање нормално не значи дека треба 80% од раб.сила да остане на улица без можност да троши или преживее, туку да се подмести границата помеѓу тие категории колку е возможно најмногу без немири. Универзален приход не може бидејќи системите крахираат сега за ранливите и невработени веќе под биро, државите се мачат со минимални плати кои одамна се под стандардот за живеење. Нема да постои даночење што би му дало шанса на универзалниот доход. Можеби има трошка надеж во регулацијата само поради фактот што во Америка си на улица истиот ден, додека во Европа отпуштања траат по 3-4 години.
Ќе мораат да смислат нешто. Универзален доход е извлодлив доколку се скресаат пари за "одбрана" и еден куп остали трошења кои се само арчење на пари без никаква контрола. Може ќе има и наголемено штанцање пари но нешто ќе мора да се менува, човештвото никогаш не било исправено пред ваков предизвик.
 
Треба да си многу наивен за да сметаш дека AI се развива поради хумнаи причини. Човештвото го води алчноста а не хуманизмот . Сега сме во мементот во кој жабата се вари na тивка вода. Ама температурата на водата постепено се зголемува. А тоа дека AI во иднина можда ќе на најде решение за многу болести не е далеку од вистината. Ама пристапот до лековите за тие болести ќе го имаат само богатите. Така да не е на арно работава.
 
Influenserkite ke se pleskaat isklucivo samo so AI/ML Engineers poso site drugi ke bidat sirotinji.

Ќе прават ли и во иднина вештачки усни и веѓи и ботокси?
Тоа нема да излезе од мода претпоставувам.
 
Back
На врв Bottom