Драга,
имам да ти раскажам една дешавка во стилот на текнувало. После 30 мин не можам да си дојдам на себе од шок и од смеа.
Овде на плажава каде што сум, легнат на лежалка додека се сунчам си загледав едно младо ѓупче, буквално изгледаше ко Хали Бери кога учествувала 86та на мис Охајо. Само што оваа имаше права коса место виткана. Горе со дреч портокалов дел а доле со црн прекрасно репрезентирани со нејзиното витко тело.
И додека си цугам корона и на 2 м од мене ја пијам со поглед додека таа шетка по кејот, влегува во вода, излегува, на некој ромски со романски дијалект вика по некои детишта ( ваљда браќа и сестри),
неприметно ми доаѓа до глава едно буце од 100кг клекнува и ми зборува дирекно во уво на доста добар англиски : те приметив дека ја гледаш ќерќа ми ( у истиот момент голтката корона ми застанува во грло и шишето го земам во рака како оружје за да му го акнам од глава ако ми направи фрка), ваљда ја бендиса и ти се свиѓа (молчам ), она е слободна ако сакаш да се договориме да те запознаам да се фатите и венчате. Ќе договориме чејз. Напад на шок и смеа ме мава до тоа ниво да му го испљукам пивото у фаца. Голтнав, се исправив, се насмеав. Ме примети дека се смеам и он се насмеа. Му се заблагодарив на понудата и му признав дека стварно е убава девојката. Ми вика : таман, те гледам вака имаш пари, ја меркаш, убав дечко си, млад, може и да си наш или да имаш наш предок супер пар ќе бидете.
Му викам што мислиш друже колку год мислиш дека имам, ми вика 25. Се насмеав и саркастично му викам погоди. Се израдува. Му кажав колку навистина имам и испаднавме дека за малце сме генерација. Но и тој факт не му пречеше да ме праша што решив со врската и бракот и да договараме чејз (т.е. откуп).
Му кажав искрено дека не планирам да се женам и дека не сакам џабе на девојката да и дадам лажна надеж, а секако и него за внуци. Ми пружи рака, ме поздрави и ми рече : грешиш другар, во очите ти се гледа дека дека си заљубен, не се срами од судбината што ти носи. Размисли до утре, ние пак ќе бидеме на плажава. Слободно дојди и кажи.
Му се заблагодарив и му реков : вие сте ретко искрен татко кој што најдоброто го мисли за своето дете и знае да го процени вистинскиот зет.
Се насмеа и се поздравивме.
Се уште ми е опцијата во игра да станам ромски - романски зет и да имам свадба како во black cat, white cat само со сменети улоги а Емир Кустурица и Др. Неле да ми свират.
Ако од утре ме снема на форумов, спремам чејз да знаете.