Не го можам Љупчо Златев, страшно одвратна карикатура е, али ми излезе некоја емисија негова кај што го викнал за гостин Пеце од ОХО продукција и Пеце сподели детали за филмот за Тоше.
Режија: Георги Унковски и Игор Стоименов
Сценарио: Игор Стоименов, Андреј Волкашин и некоја хрватска писателка
Според Пеце, сценариото било завршено, пред продукцијата била завршена и кастингот мислам рече е завршен, и чекале да падне снег во Крушево за да почнат снимање што најверојатно би било јануари.
Колку е ова точно, ќе видиме. Игор е креатор и режисер на српската серија “Беса” - за мене најдобрата српска серија некогаш снимена. Тоа што го земале него за сценарист ми дава мала верба дека може нема да биде толкав дебакл филмот.