- Член од
- 10 октомври 2011
- Мислења
- 6.745
- Поени од реакции
- 11.613
Ја немам гледано зашто играла пред моето време или кога сум бил премал за да разбирам што гледам.Оригиналната цртана серија не знаев дека постои некој кој не ја гледал! Нам како деца ни беше толку култна, што кога ќе „се натпреварувавме“ кој е појак - Супермен, Бетмен, Тарзан или Хи-Мен, Хи-Мен секогаш победуваше! Подоцна се сеќавам дека имаше некоја друга екранизација, филм од крајот на осумдесетите, само знам дека ми беше големо разочарување зашто голем дел од ликовите од оригиналната анимирана серија беа изменети. Колку што се сеќавам, дури и ликот Орко, кој ми беше омилен во анимираната серија - го немаше таму (не верувам дека го има и во новата екранизација).
И: „Во името на моќта на Сивиот Череп! ЈАААААС СУУУУМ МООООЌЕЕЕН!“ беше репликата, поточно. Го памтам, зашто брат ми, тогаш 3-4 годинки детенце, викаше „Јас суум мочччааааан!“ и сите му се смееја.![]()

А преводов така ми го даде на Гугл. Мада не знам од кај го ископаа ‘името’. Оригиналната реплика е: By the power of GraySkull, I have the power.
Орко е како некој дух? Имаше во post-credit сцена со некое суштество што го немаше во филмот, ваљда е тоа.



