Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Оригиналната цртана серија не знаев дека постои некој кој не ја гледал! Нам како деца ни беше толку култна, што кога ќе „се натпреварувавме“ кој е појак - Супермен, Бетмен, Тарзан или Хи-Мен, Хи-Мен секогаш победуваше! Подоцна се сеќавам дека имаше некоја друга екранизација, филм од крајот на осумдесетите, само знам дека ми беше големо разочарување зашто голем дел од ликовите од оригиналната анимирана серија беа изменети. Колку што се сеќавам, дури и ликот Орко, кој ми беше омилен во анимираната серија - го немаше таму (не верувам дека го има и во новата екранизација).

И: „Во името на моќта на Сивиот Череп! ЈАААААС СУУУУМ МООООЌЕЕЕН!“ беше репликата, поточно. Го памтам, зашто брат ми, тогаш 3-4 годинки детенце, викаше „Јас суум мочччааааан!“ и сите му се смееја. :pos:
Ја немам гледано зашто играла пред моето време или кога сум бил премал за да разбирам што гледам. :LOL:
А преводов така ми го даде на Гугл. Мада не знам од кај го ископаа ‘името’. Оригиналната реплика е: By the power of GraySkull, I have the power.

Орко е како некој дух? Имаше во post-credit сцена со некое суштество што го немаше во филмот, ваљда е тоа.
 
Од некоја друга планета беше, и да, личеше на дух. Само наметка со очи што лебдеше, беше. Ама беше по тигарот, вториот главен сајдкик на Химен.

1785105706811.png
 
Добро четиво за филм целосно снимен со IMAX, неговите ограничувања, и режисер кој турка до границите на возможното. Над 600 километри филм, 90 часа материјал, максимум 172 минути конечна верзија.

Од некоја друга планета беше, и да, личеше на дух. Само наметка со очи што лебдеше, беше. Ама беше по тигарот, вториот главен сајдкик на Химен.

Прегледај го приврзокот 483671
Не се појавува во филмот, ама има една пост-кредит сцена. Ваљда ќе го има во втор дел (ако снимаат).
 
Орко се појави на крај само во последната сцена... инаку онака лајт филм што и можеше да се очекува. не можеш сериозна адаптација од Химен да правиш со тигри што зборуваат или со скелетори негативци.
 
Како тогаш постои сериозна адаптација на Хари Потер или LOTR кај што Доби (какво и да беше суштество), дрвјата во Lotr или троловите зборуваат?

Фантазија е, ама со добри сценаристи можело уште подобар филм да се направи, нема врска дали тигарот зборел или Скелетор бил негативец.
 
Некако ми е малку повеќе сето тоа детски сепак од Хари Потер или LOTR - но, нека повели некој нека проба, зошто да не, i have been proven wrong before :D
 
Оригиналната цртана серија не знаев дека постои некој кој не ја гледал! Нам како деца ни беше толку култна, што кога ќе „се натпреварувавме“ кој е појак - Супермен, Бетмен, Тарзан или Хи-Мен, Хи-Мен секогаш победуваше! Подоцна се сеќавам дека имаше некоја друга екранизација, филм од крајот на осумдесетите, само знам дека ми беше големо разочарување зашто голем дел од ликовите од оригиналната анимирана серија беа изменети. Колку што се сеќавам, дури и ликот Орко, кој ми беше омилен во анимираната серија - го немаше таму (не верувам дека го има и во новата екранизација).

И: „Во името на моќта на Сивиот Череп! ЈАААААС СУУУУМ МООООЌЕЕЕН!“ беше репликата, поточно. Го памтам, зашто брат ми, тогаш 3-4 годинки детенце, викаше „Јас суум мочччааааан!“ и сите му се смееја. :pos:

Ова шо го велиш за ЈАС СУМ МОЧАН не бил грешка брат ти, оти го имаше цртаниот Хи-мен и со српска синхронизација ( при крај на 80ти ) . На него викаа ЈА САМ МОЧАН :)
 
Можно е, да. Ова беше некаде 1989, 1990. :pos:
 
Ова шо го велиш за ЈАС СУМ МОЧАН не бил грешка брат ти, оти го имаше цртаниот Хи-мен и со српска синхронизација ( при крај на 80ти ) . На него викаа ЈА САМ МОЧАН :)
Ја имам моќта - е верзијата при нашата синхронизација.
Ја сам моћан - беше у српските верзии.
 
:facepalm:
Пак - ОК!

9:59

Ја имам моќта бе! :facepalm:

ОК, тогаш сите ние кои го видовме видеото, кое и не е единствено на Youtube, имаме колективна шизофренија. Тој што напишал статија на Вечер пред 10 години која ја презеле буквално уште 5-6 портали, мора да е во право.
 
buthurt се вика твоето понашање, не шизофренија
 
Back
На врв Bottom