dragonsky
Hate leads to suffering
- Член од
- 25 декември 2010
- Мислења
- 43.753
- Поени од реакции
- 86.119

Време е за ЗБО едицијата на Кајгана Сонг Контест темите.
За разлика од претходната тема, овој пат добивате либерална тема.
Темата е "sampled songs" или за тие што не знаат англиски "brat ovaa kradena mu e stoposto, drugar gleal na internet"
Нема да ве замарам да морате да го споделите и семплот... АМА би ми значело ако сепак во коментар пишете што е "оригиналот" или барем што е копија на копија на копија што излегла пред вашата песна.
Би претпочитал ако темава се држи до малце 'поконкретни и битни' семплови, односно до песни каде што главен дел од песната е семплан (не треба да ви е тешко, ако сте слушале радио во последниве година-две-три сигурно сте приметиле песни што ве натерале да кажете "Еееј која јака песн.....чек, од кај сеа Дејвид Гета, што е ова Бебе Рекса бе, од кај излезе ова, не беше ова една песна од моето детство?!" - Беше. Сега е дел од друго детство, repackaged and ready for quick digestion.
Нема да давам ептен примери за да не ви крадам потенцијални идеи, ама еве чисто еден пример.
Убавината во темава е што очекувам да има диверзитет на жанрови па така од едно парче како:
Можете да добиете:
И така му натаму јајца
ФАК:
"Е, ја сакам да постирам една песна што е цела музика крадена, само малце е сменет текстот, ама крадена е од еден
"Сакав да постирам семпл од [песна] ама еден друг постирал друга трака што ја семпла истата песна како и мојава.. може да постирам?" - Може!
"Се мислам дали да постирам песна каде што семплот не е толку 'in your face' и е малце посуптилен ваму и таму, шо да праам?" - Ако тоа ти е твој избор и не најдеш нешто поконкретно - Постирај. Ама елаборирај.
"Еднаш у кафана ми кажа еден другар дека онаа на [пејач/ка] му е крадена таму негде од Косовска некоја народна, не можам сега да најдам на интернет, ама сто посто е вистина, никад ме нема излажено!" - Реков дека не мора да се постира оригиналот, ама... Ајде сепак да задржиме некои правила колку-толку, не би било лошо барем да пишете име на тоа што е семплано, пошто во спротива секој може се да постира. Така да... би било добро да постирате песна и да пишете во текст "Inaku ova refrenov e izvaden od [pesna], mozete da ja najdete na internet, ke vidite, isti se"
"Не баратам ептен со интернет, ама песнава еднаш ја слушав и ептеееен ме потсеќа на една друга." - Пак ќе кажам, постирај, ама подобро е да прочепкаш малце да видиш. Ама ако, не би било лошо да има и некоја таква дебата..... Ако правилата на форумов дозволуваат разговори за изборите на луѓето, не знам, се извинувам на модераторите на подфорумов, нека објаснат тие дали е ок да има разговори или не : )
"Eeee gore si postiral nekoja pesna od Elena, ama jas ja znam ovaa ko pesna na Kuku Lele, wtf koja e ovaa Elena??" - Качи се на кур па ви... а не, тоа за Лидија беше. Овај... Да. Може да постираш кавер на песна што веќе е постирана, бидејќи кавер на семплана песна делува ко да е поентава на темава.
(Едит: Заборавив ова првично, ама муабетов за Лидија ме потсети - песната "Лидија" колку што јас знам, 'семпла' шега/разговорен муабет. Така да ако сака некој да ја постира со муабет "Ова семпла виц што сите го знаеме" - не се важи, мора да биде музичко дело, референци и имитирање на стилови не се важат за темава)
Како што гледам од другиве теми тука... Може да се пријавувате до... петок вечер или нешто така.
Со среќа!
И запаметете - сите ваши постови на кајгана се само некаков ремикс со семплање на делчиња од песнава
Последно уредено:


