Проспект
Еве овде. 5 години, 8.5% годишно, 100 евра една обврзница, исплата на камата годишно, а главницата заедно со последната камата после 5 години.
Чудно е во секој случај, ама земај предвид дека стапката на вкупни трошоци кои тие ја наплаќаат на кредитите што ги издаваат сигурно е 30-40%.
Не ми се верува дека банка би ги финансирала, нема логика да им пласира средства на некој начин на конкуренти или можеби им понудиле полоши услови.
Во принцип не ги сакам друштвата за брзи кредити, искористија декада на речиси никаква регулација од државата, пропратено со неограничена наплата на трошоци, провизии и огромни камати, користење на форми на притисок за наплата + огромно незнаење од населението, особено она склоно кон коцка и пороци.
Мислам дека ќе се мачат да ги соберат тие средства, факт е дека поради тоа понудиле ваква цена.